Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    660

TOT

sorcerer
Член од
2 јануари 2019
Мислења
790
Поени од реакции
1.288
Конвенционално оружје? Јас кога викам дека одредени момчаци само нимфомакс читаат, и се палат на статии какви што се палеле подлизурковците на Сталин своевремено, се палат на хвалоспеви на циркони миркони, другата страна е при крај со развивање на ласерски антиракетни штитови, ласери кои би уништиле комарец во воздухот на 4 парчиња, а камоли ракета, и тоа со било која брзина да се движи. Системи кои се лесно преносливи од една до друга точка :). Само за нив не читате по инфомакс,а и ретко каде. Америте се добро познати дека за новите технологии знаат само многу малку луѓе.
Конечно стар ворс на Реган ќе се имплементира изгледа :D
Само што Путин не е глупак како Горбачов и компанија за да верува у тие бесни филмски сценарија. Воената надмоќ никад не била нешто условена од технолошки развој, туку од злато.....така да за да инсталираат американците едно чудо сателити кои би покриле цела хемисфера ќе им требаат 100 буџети по 700 милијарди долари.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.518
Поени од реакции
26.010
Не сум баш сигурен дека некои од настаните кои се случуваа последните години се од корист на Русија во ситуацијата со Украина. На Русија најмногу и одговараше власт во Украина која би била проруски настроена или во најлош случај неутрална, но од распадот на СССР, таа ситуација се менуваше константно, еднаш во полза на Русија, еднаш обратно.

Моментално Русија е принудена воено да интервенира, освен ако не се случат некои поголеми политички промени во Украина. Ако може Русија некако да ги предизвика тие промени, без разлика како, тоа би било најдоброто решение во нивна корист.

Доколку не се промени ништо значително на политички план во Украина, а Русија воено не интервенира, тогаш тоа ќе биде гледано како слабост општо на Русија, но и на Путин имајќи предвид дека со месеци собираат војска на Украинска граница и пробуваат да играат на картата ако нема промени ќе има војна. Ако ова со војската е само блеф, и не дојде до промени, Русија ќе се најде во незавидна ситуација.

За исходот на војната и целите на истата треба да се пишува поопширно, но иако технолошки и бројно Русија е надмоќна, тоа не секогаш гарантира победа.
Русија веќе воено интервенираше, го завзема Крим. За да Украина официјално завземе страна, мора прво да се откаже од Крим, или да го завземе воено, пред да се вклучи во НАТО. Според мене Украина без Крим, тешко дека ќе влезе во НАТО, слично како Грузија без Јужна Осетија и без Абхазија. И мислам дека Русија покажува заби со цел да избегне конфликт, а не да создаде. Да го спречи тоа што САД е сака да го направи, да ја обучува и опреми војската на Украина за да ја втурне во војна за завземање на Крим.

А дали блефираат Русите, тоа ќе го видиме, ако блефираат не им е добро. Ама не ја гледај ти само Украина како бојно поле.. замисли одговорот да биде, како што кажаа, база на Куба или во Венецуела. Па и Србија доста би им ги поматила сметките во Европа и баш ми беше чудно што не ја спомнаа.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Само што не ја имаат само Украина против себе. Тука лежи зајакот. На Русите им е дадено до знаење дека секој нивни поход против Украина ќе има далекусежни последици по нивната земја,можеби не воени но доволни за да се одвратат од секоја намера. Доколку не беше така, досега ќе бевме сведоци на инвазија, но нешто ги стопира. Што? Можете да си нагаѓате, а одговорот го знаете, ама се правите на тошо.

Конвенционално оружје? Јас кога викам дека одредени момчаци само нимфомакс читаат, и се палат на статии какви што се палеле подлизурковците на Сталин своевремено, се палат на хвалоспеви на циркони миркони, другата страна е при крај со развивање на ласерски антиракетни штитови, ласери кои би уништиле комарец во воздухот на 4 парчиња, а камоли ракета, и тоа со било која брзина да се движи. Системи кои се лесно преносливи од една до друга точка :). Само за нив не читате по инфомакс,а и ретко каде. Америте се добро познати дека за новите технологии знаат само многу малку луѓе.

Додека пак, старите посткомунистички држави си се држат сеуште до онаа комунистичка доктрина каде се врши брутална кампања и пропаганда за тоа колку моќ имаат, за да нивните следбеници како млади напалени адолесценти (да не речам, мајмуни) се палат на некоја си имагинарна моќ, а на терен ниту на Русија и е гајле за Украина ниту на Западот. Тие си ја тераат агендата и си ги гледаат своите интереси. Е сега, ако дозволи некој да биде вклучен на центрифуга и да му биди перен мозокот дали од едната или другата страна, тогаш тука јас нема да можам да помогнам никому.

Со празен стомак не се оди во клозет, а камоли во војна. Така велеше дедо ми.
Се ова лепо речено околу ласериве и оружја од научна фантастика, кои тшо не велам не, кој знае што имаат и едните и другите... али да појдеме од здрава логика, нели истото ако го поседуваш а го знаат само неколку луѓе меѓу кои по некоја случајност и ти, нели е подобро да се искурчиш со него и да одвратиш било каков иден напад, или подобро е со непроверено оружје да чекаш да те нападне некој па ке видиме што и како ке функционираат скај фај играчките.
Друго само нека ти текне во Сирија кога Русите стационираа С-400, никој не полета без нивна дозвола, курчењето е баш поради тоа, да му дадеш до знаење на потенцијален непријател дека имаш дефанзивно оружје против кое нема спас.
 
Последно уредено:
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.159
Прашањето не е дали Русија ќе тргне туку кога ќе тргне.
Тоа никој жив на светот не го знае освен господата Путин,Шојгу Герасимов Лавров Бортников.Америте би дале и стотка(во милиони долари) да го дознаат датумот.
Поради тоа можеме илида почекаме или да нагаѓаме врз основа на некој показатели.
Русија полека префрла воена опрема во Белорусија а најкусо е растојанието до Киев од белоруската граница.Пред некој ден им ги хакираа владините страници колку да пробаат дали тоа функционира.
Варјаг со група бродови од тихоокеанската флота се наоѓа во Индискиот Океан и многу веројатно е дека е тргнат накај Суец.
Ако го пројде Суец и влезе на Медитеран тогаш ќе се бројат денови до интервенцијата.
Состојбата во Казахстан верувам разреши одредени дилеми во руското општество.
Русија е во моментов во состојба да интервенира надвор без многу да се грижи за мислењето на западната меѓународна јавност.
Дилемата е во внатрешната јавност која има многу дилеми во врска со Украина во мотивот на рускиот војник да се бори против Украина.
Ако е проценката дека ова време е поволно за тоа тогаш е готово.
Ќе има тука многу страшни моменти на поединци семејства пријатели....но работата е дојдена до таму.
 
D

Deleted member 53418

Гостин
Не ве разбирам што толку ја величате Русија мислиш извор на доброто во светов е ...
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.011
Поени од реакции
4.669
Прво, за сценарио со конвенционален воен судир ќе повторам: САД топтан со НАТО ќе бидат поразени. Убедливо. Образложив зошто а ако некој не се согласува може да барем да објасни зошто и како (ама не со приказни за „ласери за кои никој сеуште не знае“).

Второ до тоа не би требало ни смеело да дојде ниту очекувам да дојде затоа што ќе извесно биде и увертира во нуклеарен судир и MAD, а психопатите од war hawks политичките крила од демократите/републиканците веќе не може ни да фантазираат дека може да победат со доктрина на прв удар (заради хиперсоничните проектили и немањето одбрана од нив).

едит:

Не, погрешно од почеток до крај. Работите се многу поедноставни од блефирање или „непокажување слабост“.

Еве уште еднаш наједноставно што може да се објасни:
- ако Украина почне офанзива во Донбас/Луганст, Русија воено ќе интервенира
- ако САД ја примат Украина во НАТО, Русија воено ќе интервенира

Буквално е IF THЕN алгоритамот на идниот развој на настаните, затоа што се работи за црвени линии. Инаку спонтани политички промени во Украина тешко да се случат, америте сега таму целосно ја контролираат политичката сцена. Буквално таму сега може да дојде на власт некој друг само со анти-преврат (воен удар, обоена револуција, итн) што не е нешто што го практикува РФ, нив им одговара замрзнат конфликт што е ситуација која спречува влагање во НАТО или ЕУ, како што веќе видовме со настаните во Грузија и автономните републики/територии таму.
Прво, ниту САД, ниту некој друг воено ќе се вмеша доколку Русија тргне во офанзива.
Второ, иако и јас сметам дека Русија релативно лесно ќе стигне до победа (имајќи предвид скоро секаква надмоќност), треба да се има предвид неколку фактори. Војната е ризичен потег за остварување на одредени цели, која е целта на Русија, дали сакаат со воен судир да предизвикаат политички промени, дали сакаат да освојат територија, брз стратешки напад со цел уништување на капацитетите на Украинската армија и толку и сл.
Секој потег ќе си има свои долгорочни последици, за сите страни.

Бидејќи Русија трупа огромни војски на Украинска граница (најверојатно и во Белорусија), воен напад или некакви политички промени (не знам како) стануваат скоро неизбежни, бидејќи одржување на толкав број на војска е многу тешко на долг рок, без разлика дали е Русија или која било друга земја.

Ако ништо не се случи, Русија губи.

Според мене Украина без Крим, тешко дека ќе влезе во НАТО
Во НАТО не примаат земји без нерешени територијални спорови.

мислам дека Русија покажува заби со цел да избегне конфликт, а не да создаде.
Тоа што го пишав, моментално се наоѓаат во ситуација каде што имаат вложено се. All in. Ако е блеф и не планираат воен напад, а не се случат промени во Украина, тогаш Путин и Русија губат.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.392
Не кажа ништо фундалементално различно од тоа што веќе го кажав, и јас и други.


Бидејќи Русија трупа огромни војски на Украинска граница (најверојатно и во Белорусија), воен напад или некакви политички промени (не знам како) стануваат скоро неизбежни, бидејќи одржување на толкав број на војска е многу тешко на долг рок, без разлика дали е Русија или која било друга земја.
Тука е моментот со логистиката, кој не го разбираат некои овде.
Таа војска е на домашен терен. Русија таа војска ја сместува и ја храни, ја плаќа, независно од ангажманот. Трошоците не се многу различни од планираните/тековните... Но ако НАТО/САД се вмешаат, за нив логистиката ќе биде многу поскапа.

Не е исто водење војна на свој терен, и далеку од дома. Но тоа веќе го разбира секој што барем малку ја разбира тематиката на дискусијава.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.518
Поени од реакции
26.010
Во НАТО не примаат земји без нерешени територијални спорови.
Затоа реков, они веќе интервенираа и го спречија ширењето на НАТО уште 2014. Таа епизода помина со победа на Русија. Овој потег е на САД. (Русија го присвои Крим, и додаде дополнителни гаранти за територијален спор со Донецк и Луганск)

Тоа што го пишав, моментално се наоѓаат во ситуација каде што имаат вложено се. All in. Ако е блеф и не планираат воен напад, а не се случат промени во Украина, тогаш Путин и Русија губат.
Зошто војска на граница има многу причини, дел од нив се очигледни, дел од нив не ги гледаме. Моето мислење тука малку се разликува. Јас мислам дека секако при било каква директна воена интервенција, Русија губи дури и ако релативно лесно ја освои цела Украина. Зошто губи? Затоа што збориме за држава од преку 40М жители, од кои доста голем дел се непријателски настроени кон Русија и која со Америчка помош, многу лесно ќе организира отпор. На долги стази тоа би можело да значи Виетнам за Русија. Дури и тоа влијание што го имаат во Мала Русија да им исчезне. Дури и да не исчезне влијанието, тоа сепак ќе биде една исцрпувачка ситуација за Русија.

Мислам дека САД тоа и го прават, иницираат воена вмешаност на Русија. Зошто е војската на граница? Не е без причина, туку мислам дека имале јасни индикации дека Украина ќе проба да го врати Крим или барем Донецк и Луганск. И доколку има некаква интервенција, таа ќе се ограничи на овие три точки, како гарант. Да речеме нешто слично како Грузија 2008, ќе ги рашамараат и тоа е тоа.

А како одговор на тоа што САД не им даваат гаранции за ширење на НАТО или како и да беше тоа формулирано, јас мислам дека одговор со воена интервенција во Украина нема да им вроди плод. Зошто? Затоа што за САД секоја интервенција на Русија во Украина ќе биде победа. И затоа си мислам дека Русија повеќе трупа војска на граница, да им каже јасно и гласно на Украинците дека нема да седат со скрстени раце ако нападнат во овие три области. И мислам дека на тоа се ограничени Русите во моментов, не за да излезат победници, туку поразот да им се лимитира. Јас мислам дека одговорот ќе им биде насочен повеќе во други региони (куба, венецуела, Сирија, Србија). Со Украина единствено што можат да направат е гард (дури и со успешна воена интервенција), а нив им треба офанзивен чекор како одговор. Ако веќе се решат за офанзивен чекор.

Далеку е од all in ситуацијата, ама сепак еден неразумен потег може да ги доведе до таму.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.741
Поени од реакции
8.227
Па и Србија доста би им ги поматила сметките во Европа и баш ми беше чудно што не ја спомнаа.
Србија е неутрализирана војно, опкружена е со членки на НАТО и нема излез на море. Нема како Русија да испрати било што во Србија без дозвола на НАТО т.е. Америка бидејќи само они се прашуваат.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.518
Поени од реакции
26.010
Србија е неутрализирана војно, опкружена е со членки на НАТО и нема излез на море. Нема како Русија да испрати било што во Србија без дозвола на НАТО т.е. Америка бидејќи само они се прашуваат.
Викаш не може?
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Не ве разбирам што толку ја величате Русија мислиш извор на доброто во светов е ...
Наведи еден пост кај што некој овде или во темата за Русија ја велича Русија, бар еден! Вака постов ти е чист спин, пробуваш да залепиш етикета на пола учесници на темата, во недостаток да кажеш нешто, паметно по можност!
Автоматски споено мислење:

Прво, ниту САД, ниту некој друг воено ќе се вмеша доколку Русија тргне во офанзива.
Второ, иако и јас сметам дека Русија релативно лесно ќе стигне до победа (имајќи предвид скоро секаква надмоќност), треба да се има предвид неколку фактори. Војната е ризичен потег за остварување на одредени цели, која е целта на Русија, дали сакаат со воен судир да предизвикаат политички промени, дали сакаат да освојат територија, брз стратешки напад со цел уништување на капацитетите на Украинската армија и толку и сл.
Секој потег ќе си има свои долгорочни последици, за сите страни.

Бидејќи Русија трупа огромни војски на Украинска граница (најверојатно и во Белорусија), воен напад или некакви политички промени (не знам како) стануваат скоро неизбежни, бидејќи одржување на толкав број на војска е многу тешко на долг рок, без разлика дали е Русија или која било друга земја.

Ако ништо не се случи, Русија губи.


Во НАТО не примаат земји без нерешени територијални спорови.


Тоа што го пишав, моментално се наоѓаат во ситуација каде што имаат вложено се. All in. Ако е блеф и не планираат воен напад, а не се случат промени во Украина, тогаш Путин и Русија губат.
Мислам дека последна опција им е да нападнат. Нема да има напад, сето ова е притисок, кој прв ќе трепне!
Не сум сигурен дека губат ако не нападнат, едноставно ќе ја држат Украина(мање важно) и НАТО сосе ЕУ во приправност. А таа готовност кошта пари.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.518
Поени од реакции
26.010
Не без Амин на НАТО. Ако им затворат воздушен простор нема како да стигнат до Србија.
Што би се десило само во војна. И што може да се рачуна за објава на војна.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.518
Поени од реакции
26.010
Можеби, но сепак Србија е опколена, ќе најдат начин да притискаат.
Точно така, како што наоѓа начин САД да притиска со Украина. Можеби ќе го размрдаат Косово и Јужна Србија.

Но од друга страна еден пво систем во Србија тактички неутрализира Авијација од цел Балкан. Без да навлагаме што значи значително воено присуство на Русија во Србија за НАТО.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom