Доколку ги анализирате огласите, стан за купување нема за лек додека станови за издавање има на претек, цената за закуп не е ни 10% покачена а цената за купување по квадрат е 40% покачена за една година. Тоа кажува дека луѓето исплашени за нивните пари а и прилично малите каматни стапки доведоа до тоа сите пари да ги потрошат во недвижнини. Но ќе дојде момент кога тие недвижнини нема да носат никаков приход односно ќе бидат само трошок. И ќе дојде момент како во Банско и др градови од соседството кога ќе ги продаваат испод 1000 еур квадрат. Значи нема економска оправданост население кое е во константен пад на наталитет да има скапи недвижнини. Нема логика да се купуваат станови за да бидат празни. Имаше најава дека во 2022 или 2023 данокот на имот ќе оди 3-5 пати повисоко доколку никој не живее во станот или не се издава. Друга работа доколку толку има реална побарувачка и кириите треба да го следат трендот а тие не се мрднати повеќе од 10% изминативе 10 години. Значи дека сега не се купува стан, сега се продава се "дере". Цела економија ни се потпира на гранка градежништво и тоа не е добро, нема економска оправданост. Ако во Германија просечна плата е 3000 еур а просечен квадратен метар во добар град е 5-6.000 еур тоа е 2 према 1, која е логиката кај нас со 500 еур просечна плата 1500 еур квадрат 3 према 1. Ништо нема логика и забавата нема долго да трае.Плус во Германија има огромен наплив на мигранти од цел свет и не се гради како кај нас а кај нас е спротивно.