Што ти е поентата, демек сите се подеднакво лоши? Смешки, иако не ни зборував за злосторствата на Нацистите. Јас му одговорив на членот дека неговите верувања се митови и легенди што е и вистина: економскиот систем на Нацистичка Германија бил тотално нефункционален, корумпиран и не можел да опстои на краток рок. Тука ми одговараш со ватабаутизми како Англичаните и Французите биле колонизатори (ко демек тоа го оправдува систематското истребување на цели народи - поента што не ни ја покренав).
Ако имаш контратези за [не]ефикасноста на германската економија во периодот од 1933-1945, повели да ги чуеме.
Ич не ми е гајле дали било фер или нефер. Чест и достоинство? Што е со муабетов.
Како што имале обзир Германците за "честа, достоинството" и економијата на Франција и Русија кога им одзимале територии, така Антантата имала обзир за "честа, достоинството" и економијата на Германија.
Готово ме закопа со аргументиве, ќе речев дека си кајганскиот Бен Шапиро ама не пиша OWNEDDDDD!!!!!!!!!!