Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    728
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.164
Поени од реакции
22.743
Да, помалку или повеќе, ама во основа да.
И не вади фрагменти, ако ја погледнеш поголемата слика, ќе загубиш желба за живеење!
Автоматски споено мислење:


WAFIT?
...што ти е поентата? Дека животот е срање? Да, се согласувам.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
...што ти е поентата? Дека животот е срање? Да, се согласувам.
Така бе друже, кога ќе го апсолвираш и прифатиш тоа, веќе можеш да поминеш на следно ниво на разгледување на работите! Греота е со таков ментален склоп да останеш на стадиумот дали си за Русите или Американците :toe:
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
Така бе друже, кога ќе го апсолвираш и прифатиш тоа, веќе можеш да поминеш на следно ниво на разгледување на работите! Греота е со таков ментален склоп да останеш на стадиумот дали си за Русите или Американците :toe:
Јас на пример сепак сум за Русите, само со враќање на балансот цивилизацијта ќе постигне напредок. 1950-1990 е добар пример за тоа…. Све што е ван Еврапа не ме интересира… Турците, Монголите и Хуните да не ни мислеле добро случајно. Ја изорале Европа уздуж и попреко неколку пати и го десеткувале населението.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Јас на пример сепак сум за Русите, само со враќање на балансот цивилизацијта ќе постигне напредок. 1950-1990 е добар пример за тоа…. Све што е ван Еврапа не ме интересира… Турците, Монголите и Хуните да не ни мислеле добро случајно. Ја изорале Европа уздуж и попреко неколку пати и го десеткувале населението.
Прочитај ја Фаворит од Пикул!
За Потемкин и Ката е приказната, ама ако знаеш да читаш меѓу редови, многу нешто ќе ти биде јасно.
И за Украина и за Крим има што да се читне!
После ќе правиме лафмуабет.
 
Последно уредено:

mortum

Слобода или Смрт
Член од
5 ноември 2021
Мислења
107
Поени од реакции
85
Што ти е поентата, демек сите се подеднакво лоши? Смешки, иако не ни зборував за злосторствата на Нацистите. Јас му одговорив на членот дека неговите верувања се митови и легенди што е и вистина: економскиот систем на Нацистичка Германија бил тотално нефункционален, корумпиран и не можел да опстои на краток рок. Тука ми одговараш со ватабаутизми како Англичаните и Французите биле колонизатори (ко демек тоа го оправдува систематското истребување на цели народи - поента што не ни ја покренав).

Ако имаш контратези за [не]ефикасноста на германската економија во периодот од 1933-1945, повели да ги чуеме.



Ич не ми е гајле дали било фер или нефер. Чест и достоинство? Што е со муабетов. :lolzz:

Како што имале обзир Германците за "честа, достоинството" и економијата на Франција и Русија кога им одзимале територии, така Антантата имала обзир за "честа, достоинството" и економијата на Германија.



Готово ме закопа со аргументиве, ќе речев дека си кајганскиот Бен Шапиро ама не пиша OWNEDDDDD!!!!!!!!!!
По се изгледа дека не вреди да се дебатира со тебе, оној кој што не го почитува својот противник не се почитува и себе си. (((Антантата))) го зготвилала Версај со цел да направи уше еден рат, санкциите биле со цел да се радикализира состојбата, не викам дека било фер или не фер. (само викам дека било насочено кон уше една војна а не кон разрешавање и мир.)

Секој успешен системе е корумпиран тоа шо ти бладаш у еверјска пропаганда и шо идолизираш праведност тоа е друго. Да ја погледнеме Кина, Русија и двата системи се корумпирани, за Америка да не спомнувам (лобирањето не ли е корупција?). Тоа шо правеле "требење на народи" ја го глеам позитивно нешто, сите прави империи и цивилизации го имаат директно избрано непријателот и работат против него, а не бладаат и комфубилираат у борба за еднаквост, просперитет, прогрес. Ако тебе те палат такви работи тоа си е твое. Секоја идеологија има противници само што некој идеолгии сплотуваат по биолошки карактерестики (фамилија, племе, нација, раса) и по истите дискриминираат, а некој вештачки сплотуваат по социјални основи ( класа, еднаквост, пол, психијатриска дијагноза [лгбт и други накази].) и сите им се пријатели се додека не го загрозуваат системот.

Да го цитирам Плато, "Оној кој што е со сите пријател, тој е уствари е вистински пријател со никого."

П.с тоа за бен (((шапиро))) не сум љубител на факти и логика, ја почнувам дискусијата со надеж дека на некој ќе му светне ламбата дека чика брко (покрај тоа што бил платен да праи монодрами) не бил толку лош, ваквите муабети у спротивно не се продуктивни, ти ќе си стоиш на твоето и ќе ги браниш твоите идеали и ќе се контраме со своите морални погледи на настаните.
Автоматски споено мислење:
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.323
Поени од реакции
1.162
Притисокот постојано се зголемува.
Се јави и Јанукович.Радата нелегално изгласала импичментвели Јанукович и јас се слагам со него.
Притисокот ќе расте се додека не почнат да испаѓаат очи кај американсиот режим се додека не ја прифатат реалноста или не соберат храброст за војна.
Бидејќи нуклеарна војна сигурно ќе нема секоја друга војна на европскиот континент против сегашна Русија ќе биде катастрофа за нив.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.607
Бидејќи нуклеарна војна сигурно ќе нема секоја друга војна на европскиот континент против сегашна Русија ќе биде катастрофа за нив.
Врз што го темелиш ова твое тврдење?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.639
Поени од реакции
42.184
Врз што го темелиш ова твое тврдење?
да бидеме искрени, русија има артилерија цела украина пепел да ја направи ако сака. Да водиш војна е реално бесмислено против русите на нивен терен.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.682
Поени од реакции
33.854
Конвенционална војна против топ2 воена велесила која ги поседува најсофистицираните противавионски системи во постоење, и тоа малтене на нивна територија, а после неколкумесечни логистички припреми на терен? Хаха, навистина врз основа на што ли го темели тоа „тврдење“?

да бидеме искрени, русија има артилерија цела украина пепел да ја направи ако сака. Да водиш војна е реално бесмислено против русите на нивен терен.
Не не, остави го да образложи.
Која е алтернативната теорија? Ајде баш би сакал да се насмеам со малку шарени презервативи воена теорија.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.607
да бидеме искрени, русија има артилерија цела украина пепел да ја направи ако сака. Да водиш војна е реално бесмислено против русите на нивен терен.
Само што не ја имаат само Украина против себе. Тука лежи зајакот. На Русите им е дадено до знаење дека секој нивни поход против Украина ќе има далекусежни последици по нивната земја,можеби не воени но доволни за да се одвратат од секоја намера. Доколку не беше така, досега ќе бевме сведоци на инвазија, но нешто ги стопира. Што? Можете да си нагаѓате, а одговорот го знаете, ама се правите на тошо.

Конвенционално оружје? Јас кога викам дека одредени момчаци само нимфомакс читаат, и се палат на статии какви што се палеле подлизурковците на Сталин своевремено, се палат на хвалоспеви на циркони миркони, другата страна е при крај со развивање на ласерски антиракетни штитови, ласери кои би уништиле комарец во воздухот на 4 парчиња, а камоли ракета, и тоа со било која брзина да се движи. Системи кои се лесно преносливи од една до друга точка :). Само за нив не читате по инфомакс,а и ретко каде. Америте се добро познати дека за новите технологии знаат само многу малку луѓе.

Додека пак, старите посткомунистички држави си се држат сеуште до онаа комунистичка доктрина каде се врши брутална кампања и пропаганда за тоа колку моќ имаат, за да нивните следбеници како млади напалени адолесценти (да не речам, мајмуни) се палат на некоја си имагинарна моќ, а на терен ниту на Русија и е гајле за Украина ниту на Западот. Тие си ја тераат агендата и си ги гледаат своите интереси. Е сега, ако дозволи некој да биде вклучен на центрифуга и да му биди перен мозокот дали од едната или другата страна, тогаш тука јас нема да можам да помогнам никому.

Со празен стомак не се оди во клозет, а камоли во војна. Така велеше дедо ми.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.682
Поени од реакции
33.854
Не бев разочаран во очекувањата за хумор... Но дискусијава за жал останува разочарувачка како и квалитот на повремените епизоди на дрндање од the usual suspects.

Што фали во наративата во навивачите за западната агенда (или нивните платениците, сеедно):
- факти
- макар и некаква лесно побивлива воена/стратешка теорија за настаните, пошто „во русија се исплашени од санкции“ не поминуваше ни пред 10 години а не сега после неброени санкции (кои испадна дека се поштетни за санкционерите отколку за санкционираните)
- макар некакви аргмуенти во сите тие потсмевања за неверојатната смена на парадигма што ја донесе новата технологија на хиперонични проектили
- макар некакви факти и реални аргументи наместо приказни за некакви „ласерски“ оружја и одбрани за кои „никој сеуште не знае“
- дали спомнав... факти?


Фактите се дека САД/НАТО/ЕУ во било каков конвенционален воен судир блиску до границите на Русија - ќе бидат целосно и убедливо поразени.

Ова го знаат и психопатите во раководството на САД, и однапред си кажаа дека нема воено да реагираат ако се случи воен судир меѓу Украина и Русија. Ништо нема од најавената воена офанзива во побунетите региони во Украина, иако се утепаа од фалење за купувањето на турски дронови и донацијата од амерички противтенковски системи. Самото тоа веќе е победа за руската страна и јасна порака до сите во регионот. Ама дека ќе одлучна руска интервенција во првиот момент кога Украина офанзивно ќе направи нешто во Донбас/Луганск, во тоа можете сите да бидете сугурни.

Покривањето со сите слоести делови од супериорната противавионската одбрана на РФ, домашен терен и непостоењето на логистички проблеми (заедно со веќе локално обезбедените ресурси на лице место за било каков конвенционален судир), веќе поставено покривање на суперниорна артилерија, воено искусен кадар во неколку војни и судири... Факти и факти, кои може до утре да се набројуваат кој тука има огромна и реална воена предност.


Штета само што нема никаква квалитетна дискусија овде (не се рачуна празна пропаганда од шарените). Наместо факти се раскажуваат некакви приказни за ласери и други смејурии... Досадно.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.826
Поени од реакции
36.861
Фактите се дека САД/НАТО/ЕУ во било каков конвенционален воен судир блиску до границите на Русија - ќе бидат целосно и убедливо поразени.

Ова го знаат и психопатите во раководството на САД, и однапред си кажаа дека нема воено да реагираат ако се случи воен судир меѓу Украина и Русија.
Колку ги мешаш лончињата и како вадиш заклучоци од свои формирани тези тоа е просто неверојатно и ептен интересно да се гледа таква делузија.

Прво САД воопшто нема интерес да се вмешува воено во Украина. У најмала рака нејќе да ја антагонизира Русија за нешто што на САД не му вреди многу и не е од стратешки интерес за нив. Нив најдобро сценарио им е Русија да заглави во некој авганистански конфликт во Украина, а Американците да ја хранат Украина со оружје дур овие се тепаат и колат меѓу себе

Ако сметаа дека Украина е од стратешки интерес денес ќе имаше стотици илјади амерички војници и техника во Украина па ела нека пробаат инвазија. Не е Украина а hill to die on за америте.

Ќе биле сојузниците воено уништени покрај границите на Русија. Ене ја Естонија на 150 километри од Санкт Петерсбург е, нека одат да ја уништат воено.

Знаат дека ако Украина стане НАТО членка, ќе биде недопирлива, па сеа притискаат за решние. Тоа си е легитимна позиција на Русија, само ти мешаш баби и жаби дека со тоа што не сакаат да интервенираат воено им се плашеле на Русите.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.682
Поени од реакции
33.854
Ахем... За хипотетичко сценарио се зборуваше, и како би се одвивал евентуалниот конвенционален воен судир.

Така да капетан obvious, да секако дека „САД воопшто нема интерес да се вмешува воено во Украина“. Ама дека Украина има шанси да стане авганистанско сценарио, тоа е далеку од реалноста. Прво Украинците не се фанатици, второ во спорните региони мнозинството се Руси. Ако се деси некаков судир, за исходот побарај пример во грузиското сценарио (не во авганистанското, но ако веќе инсистираш тогаш за тоа америте се поскорешни експерти).



Ќе биле сојузниците воено уништени покрај границите на Русија. Ене ја Естонија на 150 километри од Санкт Петерсбург е, нека одат да ја уништат воено.
Никој не ја очекуваше шпанската инквизиција? :eek:
(кажи повеќе за помешаните лончиња)
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.021
Не бев разочаран во очекувањата за хумор... Но дискусијава за жал останува разочарувачка како и квалитот на повремените епизоди на дрндање од the usual suspects.

Што фали во наративата во навивачите за западната агенда (или нивните платениците, сеедно):
- факти
- макар и некаква лесно побивлива воена/стратешка теорија за настаните, пошто „во русија се исплашени од санкции“ не поминуваше ни пред 10 години а не сега после неброени санкции (кои испадна дека се поштетни за санкционерите отколку за санкционираните)
- макар некакви аргмуенти во сите тие потсмевања за неверојатната смена на парадигма што ја донесе новата технологија на хиперонични проектили
- макар некакви факти и реални аргументи наместо приказни за некакви „ласерски“ оружја и одбрани за кои „никој сеуште не знае“
- дали спомнав... факти?


Фактите се дека САД/НАТО/ЕУ во било каков конвенционален воен судир блиску до границите на Русија - ќе бидат целосно и убедливо поразени.

Ова го знаат и психопатите во раководството на САД, и однапред си кажаа дека нема воено да реагираат ако се случи воен судир меѓу Украина и Русија. Ништо нема од најавената воена офанзива во побунетите региони во Украина, иако се утепаа од фалење за купувањето на турски дронови и донацијата од амерички противтенковски системи. Самото тоа веќе е победа за руската страна и јасна порака до сите во регионот. Ама дека ќе одлучна руска интервенција во првиот момент кога Украина офанзивно ќе направи нешто во Донбас/Луганск, во тоа можете сите да бидете сугурни.

Покривањето со сите слоести делови од супериорната противавионската одбрана на РФ, домашен терен и непостоењето на логистички проблеми (заедно со веќе локално обезбедените ресурси на лице место за било каков конвенционален судир), веќе поставено покривање на суперниорна артилерија, воено искусен кадар во неколку војни и судири... Факти и факти, кои може до утре да се набројуваат кој тука има огромна и реална воена предност.


Штета само што нема никаква квалитетна дискусија овде (не се рачуна празна пропаганда од шарените). Наместо факти се раскажуваат некакви приказни за ласери и други смејурии... Досадно.
Не сум баш сигурен дека некои од настаните кои се случуваа последните години се од корист на Русија во ситуацијата со Украина. На Русија најмногу и одговараше власт во Украина која би била проруски настроена или во најлош случај неутрална, но од распадот на СССР, таа ситуација се менуваше константно, еднаш во полза на Русија, еднаш обратно.
Моментално Русија е принудена воено да интервенира, освен ако не се случат некои поголеми политички промени во Украина. Ако може Русија некако да ги предизвика тие промени, без разлика како, тоа би било најдоброто решение во нивна корист.

Доколку не се промени ништо значително на политички план во Украина, а Русија воено не интервенира, тогаш тоа ќе биде гледано како слабост општо на Русија, но и на Путин имајќи предвид дека со месеци собираат војска на Украинска граница и пробуваат да играат на картата ако нема промени ќе има војна. Ако ова со војската е само блеф, и не дојде до промени, Русија ќе се најде во незавидна ситуација.

За исходот на војната и целите на истата треба да се пишува поопширно, но иако технолошки и бројно Русија е надмоќна, тоа не секогаш гарантира победа.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.682
Поени од реакции
33.854
Прво, за сценарио со конвенционален воен судир ќе повторам: САД топтан со НАТО ќе бидат поразени. Убедливо. Образложив зошто а ако некој не се согласува може да барем да објасни зошто и како (ама не со приказни за „ласери за кои никој сеуште не знае“).

Второ до тоа не би требало ни смеело да дојде ниту очекувам да дојде затоа што ќе извесно биде и увертира во нуклеарен судир и MAD, а психопатите од war hawks политичките крила од демократите/републиканците веќе не може ни да фантазираат дека може да победат со доктрина на прв удар (заради хиперсоничните проектили и немањето одбрана од нив).

едит:
Моментално Русија е принудена воено да интервенира, освен ако не се случат некои поголеми политички промени во Украина. Ако може Русија некако да ги предизвика тие промени, без разлика како, тоа би било најдоброто решение во нивна корист.

Доколку не се промени ништо значително на политички план во Украина, а Русија воено не интервенира, тогаш тоа ќе биде гледано како слабост општо на Русија, но и на Путин имајќи предвид дека со месеци собираат војска на Украинска граница и пробуваат да играат на картата ако нема промени ќе има војна. Ако ова со војската е само блеф, и не дојде до промени, Русија ќе се најде во незавидна ситуација
Не, погрешно од почеток до крај. Работите се многу поедноставни од блефирање или „непокажување слабост“.

Еве уште еднаш наједноставно што може да се објасни:
- ако Украина почне офанзива во Донбас/Луганст, Русија воено ќе интервенира
- ако САД ја примат Украина во НАТО, Русија воено ќе интервенира

Буквално е IF THЕN алгоритамот на идниот развој на настаните, затоа што се работи за црвени линии. Инаку спонтани политички промени во Украина тешко да се случат, америте сега таму целосно ја контролираат политичката сцена. Буквално таму сега може да дојде на власт некој друг само со анти-преврат (воен удар, обоена револуција, итн) што не е нешто што го практикува РФ, нив им одговара замрзнат конфликт што е ситуација која спречува влагање во НАТО или ЕУ, како што веќе видовме со настаните во Грузија и автономните републики/територии таму.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom