Ова што го кажуваш во врска со САД е ок. Нема дилема околу тоа дека САД ја растури Југославија. Туку проблемот е во картата и годината која што ја пишува таму. Таа карта може да биде реална само ако е направена после 91. Словенија и Хрватска се прикажани како Германски колонии, а картата е од 77. Во таа година, денешната Сојузна Република Германија не постои. По предпоставка дека тоа "Германска Колонија" се однесува на нивните сојузници, тогашна Западна Германија со главен град Бон, таа држава во тој период не беше во состојба сопствениот двор да си го гледа, шпиуни од стази им ги дрмаа секретарките на највисокото раководство на државата, не па да администрира со некакви колонии произлезени од најмокните Југословенски Републики. Западна Германија во тој период имала одличен стандард и многу луѓе од Ју оделе на печалба, но од геополитички аспект, била релевантна колку што е сега Холандија или Белгија, не е нешто споредливо со денешнава Германија или таа на Хитлер, доволно моќна да крои карти.
Мајндсетот на САД и СССР за време на студената војна е како да ја придобијат Југославија да дојде на нивна страна или во најмала рака да не отиде на спротивната. Плановите на САД за растурање настануваат во моментот кога СССР се распаѓа и комунизмот крахира во источна Европа.