@kano најискрено ич уво не ме боли нити за Ноле, нити за Австралија. Смешна ми е целава ситуација. Тоа што луѓето мислат дека правилата и прописите важат за сите подеднакво, тоа не е точно.
Ти можеш до утре да ми кажуваш приказни дека Петре од Српци доселен 1964 и Кајли Миног на пример имаат исти права, процедури и третман, ама реалноста е дека обичниот смртник НИКОГАШ немал исти права, нити некогаш ќе има.
Целава ситуација е само да се замолчи народот во Австралија, ништо повеќе. Разбери веќе еднаш.
Ама те разбирам и тебе. Тешко е да се живее затворен со месеци, со максимални ограничувања во движењето, без право на избор дали сакаш вакцинација, туку строго наложено мораш, бетар од Северна Кореја станавте. Па сега си се тешите, ете Ноле ќе го вратиме дома и ќе завршиме работа.
Тресла се гора, родио се миш.