Интересно беше вчера како Гаљардини го угуши СМС на секој можен начин, буквално не мрдна СМС цела утакмица, здравје му зема Гаљо. Не само вчера, него и општо кога ќе добие шанса сезонава а тоа е баш ретко, Гаљо не игра толку лошо. Пример со Конте пола сезона лани беше првотимец и крв од очи ни течеше кога игравме со него у тим, што викаше еден лик од Армата, абе овој толку е слаб што сам на себе не може да си подаде. Изгледа Инзаги знае како со играчите за разлика од Конте кој фура еден тип на играчи и толку, не е некој ограниченко да преферира све едно исто и да ги бетонира одредени играчи на клупа. А Гаљо не е до толку лош играч колку што е руган од нас фановите, ок не е Есиен или Лампард ама е коректен, особено дефанзивно.
Лацио беа многу лоши вчера и мислам дека може да бидат среќни што не примија уште 2-3 комада. Инзагибол се играше на Меаца, Интер редеше шанси а Стракоша бранеше, се да му ебам мајчино јас на него само против Интер брани ко дрогиран. И да, конечно да го победиме Сари, криптонит ни стана ликов.
Рома Јуве ја гледав и искрено кој го криви Мурињо нема два грама памет, на страна муабетите дека е паднат, потрошен, со застарени методи итн итн. Па микс од Гвардиола, Фергусон и Клоп нема да ги научи оние морони да играат фудбал, кој ќе го научи она крелено Смолинг да игра бе? Сиротиот основни фудбалски работи не знае не пак да биде првотимец штопер. Тоа му е со тие играчи, нема што да бара во топ 4, барем не сезонава. Читам по нетов требало отказ да јаде... И кого ќе донесат? Клоп? Па и Клоп да го донесат што кур ќе прави и он и било кој со оние телиња? Мора летоска да сменат доста играчи ако сакаат топ 4, вака нема шанса.