Ако уште не си вселен, сега имаш неповторлива шанса да си направиш еден тест.
Земи два-три термометра, стај ги во собите и запиши си. Ако е надвор толку Х степени во соба е толку Y. Брз греење ова, и без брзање. Нека бидат и денови, а еве сега ќе имаш шанса и на пониски(релативно) температури да мериш.
Потоа земи едно калориферче, панел што и да имаш со коп1 и уклучи го на најсилно. Мери колку време треба да крене еден степен и води си табела за секој еден степен до посакуваната Т. Потоа исклучи го и мери колку време паѓа температурата за секој степен надоле, и колку време треба да работи за да ја задржи посакуваната Т во еден саат.
Проста математика е после, а и ние тука ќе ти помогнеме ако треба да си ги израчунаш загубите.
Прашањето за колку(една,две) и колку јаки клими најдобро ќе си го одговориш така.
Се друго е гледање на гравчиња, тролање и шанса да ти се ували нешто што не е соодветно.