J
joli1
Гостин
Мене па прва Paradox игра ми беше Hearts of Iron 3, многу типци со кои што играв ми велеа дека е најтешка Paradox игра, но Europa Universalis и Crusader Kings далеку посложени и потешки делуваа.Од Парадокс? Europa Universalis 4, Crusader Kings 2, Stellaris... HoI4 ме мрзи да ги учам темплејтите за армиите а и многу ми е railroaded, ВСВ и тоа е тоа.
Hearts of Iron 4 е далеку полесна игра од нејзините претходници, нема многу замарање со местење корпуси за да има supply flow и supply у глобала, инванзии, местење војска на граници, battle plan-ови и слично е само неколку клика, освен потребното микроменаџирање на дивизии за encirclement и слично.
Едина мана на Hearts of Iron 4 е тоа што многу основни механики од играта не беа ставени на почетокот, дури и некои кои што ги имаше у Hearts of Iron 3 и Darkest Hour (Hearts of Iron 2), па Paradox Interactive како компанија штанца DLC-иња кои се прескапи за тоа што го нудат (focus tree за одредени држави, неколку нови дивизии и некоја основна механика од постарите Hearts of Iron игри). Добро е тука е Steam Workshop па уз разноразни модови не се чуствува потреба толкава за DLC-иња.
Ако имаш желба за учење и за заебавање, пиши ми слободно ќе се склопиме, без разлика дали ја имаш на Steam или не.