Колку примања се потребни во Македонија за да една фамилија има пристоен живот

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување
И на нас не ни се наоѓа крајот пошо македончето не е македонче ако не покаже и докаже што има и колку има.
Се спомнаа детски родендени, торти се купуваат од 4-5000 денари а каде е декорации, чоколадни фонтани курци палци.
За свадби мора да се викне и ќораво и сакато за да ги нагостиш и напоиш таму некои си роднини кои ни името не ти го знаат. Една Аријана Гранде правеше свадба со 20 души ама на нас малку ни се и 300 пошо само 20 души одат по невестата (нема врска што живеела со младоженецот пред брак, мора да се напрај тој обичај).

Имам забележано дека некои луѓе премногу се курчат. Да, ќе земам кредит и ќе купам некоја луксузна кола и после што? Или некоја вила?
Некои спомнаа и оние што имаат прилив од по 1000 евра месечно се праат богаташи - не, не сте.
Да не ги спомнувам оние што немаат, а се прават богаташи. Познавам едни вакви. Па ти ако имаш пари и си богат ќе идеш некаде на море, на некој ресорт, а не ќе одиш во Претор со гајба патлиџани и краставици.

Комплексна тема е ова луѓе.
 
Ми го извртуваш постот, не реков такво нешто дека не сакам да поседувам или не поседувам недвижнини. Не сакам да земам кредити за недвижнини и гледам во кеш да плаќам. Се надоврзав на @Lester Freamon во однос на имотот од околу 100 квадрата (претпоставувам за Скопје збореше), па ај и за нова кола од 15К - 20К дека треба да биде стандард за средна класа во моментов. Праиме муабет за држава ко нашата каде имаш општа тепачка за секој попуст во Стокомак и Кам. Можеби еден ден и ќе биде, барем кога станува збор за колите и платите, ете денес имаме просек од 500 евра плата, пред 5 - 6 години тоа не беше така.
Ок, ако видиш на другата тема за станови и јас сум против да земам кредити за стан. Образложив таму што и како. И ќе видиш дека и немаме толку различно мислење околу тоа. Но тука пробуваме да се тргнеме од себеси и да видиме општо каква ситуација би била задоволителна за сите луѓе. Ако е така ти веќе го имаш тој просек на живот и нели би било убаво сите да го имаат тоа?

Не збориме за моментов, во моментов стандардот во Македонија е утепан и мислам дека нема човек што не се сложува со тоа. Збориме што треба за да просечно семејство во Македонија живее пристојно. Никој тука не пиша дека бара живот како во Монте Карло, туку нешто што веќе го има во источна Европа, еве Полска на пример. Чисто е муабет. Ептен емотивно и лично ја свати темава.

Станови, кредити, коли, одмори тоа се лични ставови. Ете јас и ти сме на ставот да не се зимаат кредити, јас дури живеев 11 години во заедница, за да можам после да си приуштам куќа без да земам кредит. @Lester Freamon е на пример на ставот да мора да се земе кредит, тоа е друг муабет што не е поврзан со темава. Поентата е дека мојот став е колкави примања по семејство би ги направиле Македонците среќни и да не мислат на парите, туку да се сконцентрираат на други работи. Тие што сакаат да живеат скромно, пак може да си живеат скромно и со 2.5к месечно, но имаат избор.

Не треба луѓето да ја сватат темава како курчење на тие што имаат пари. Не е курчење, немора да имам јас многу пари, па да имам став колку ми требаат за пристоен живот.
 
Последно уредено:
Да, просечен смештај е, непросечен е она што го прави македончето (особено во помалите градови) со изградба на куќи од по 150-300м2, на кои две генерации не успеваат да и стават асална фасада, а не пак да ја опремат.
Prosecen e ako dnevnata i kujnata ti se vo edna soba, odnosno imas sank sho gi razdeluva dnevna i kujna, so edno kupatilo za site.

Sepak, cenam i ubavo e sho celis na visoko i ubavo e sho imas ambicija.
 
...самиот поим "потребно" е контрадикторен и ме подсеќа на онаа премиса од Марксизмот: "Секој да работи и конзумира колку што му е потребно":)
...за коментарот "УТОПИЈА" на оваа премиса добив по Марксизам на времето двојка и повеќе не бев прозиван за испитување :D
 
Една Аријана Гранде правеше свадба со 20 души ама на нас малку ни се и 300 пошо само 20 души одат по невестата (нема врска што живеела со младоженецот пред брак, мора да се напрај тој обичај).
Tu ama skromna plus so fustan od Vera Wang sho kosta nad 5000 eur :D
 
Ок, ако видиш на другата тема за станови и јас сум против да земам кредити за стан. Образложив таму што и како. И ќе видиш дека и немаме толку различно мислење околу тоа. Но тука пробуваме да се тргнеме од себеси и да видиме општо каква ситуација би била задоволителна за сите луѓе. Ако е така ти веќе го имаш тој просек на живот и нели би било убаво сите да го имаат тоа?

Не збориме за моментов, во моментов стандардот во Македонија е утепан и мислам дека нема човек што не се сложува со тоа. Збориме што треба за да просечно семејство во Македонија живее пристојно. Никој тука не пиша дека бара живот како во Монте Карло, туку нешто што веќе го има во источна Европа, еве Полска на пример. Чисто е муабет. Ептен емотивно и лично ја свати темава.

Станови, кредити, коли, одмори тоа се лични ставови. Ете јас и ти сме на ставот да не се зимаат кредити, јас дури живеев 11 години во заедница, за да можам после да си приуштам куќа без да земам кредит. @Lester Freamon е на пример на ставот да мора да се земе кредит, тоа е друг муабет што не е поврзан со темава. Поентата е дека мојот став е колкави примања по семејство би ги направиле Македонците среќни и да не мислат на парите, туку да се сконцентрираат на други работи. Тие што сакаат да живеат скромно, пак може да си живеат скромно и со 2.5к месечно, но имаат избор.

Не треба луѓето да ја сватат темава како курчење на тие што имаат пари. Не е курчење, немора да имам јас многу пари, па да имам став колку ми требаат за присотен живот.
Хм, не би рекол, јас сум за економски оправдано земање на кредит, во ситуации кога сум сигурен дека ќе може да го вратам (читај во секој момент да имам кеш за мин. 6 месечни рати). Пример за кров над глава кога каматите не забегуваат, за инвестиција во недвижност ако каматата + инфлацијата се помали од растот на цената, или пак за бизнис каде ќе направам поголем профит од тоа што ќе и дадам на банката (leverage investing).

Prosecen e ako dnevnata i kujnata ti se vo edna soba, odnosno imas sank sho gi razdeluva dnevna i kujna, so edno kupatilo za site.

Sepak, cenam i ubavo e sho celis na visoko i ubavo e sho imas ambicija.
За спиење на ругузина во една спална, или спална од 7-8м2 за возрасните, детска соба од 6м2 со кревет на спрат за децата?
 
Хм, не би рекол, јас сум за економски оправдано земање на кредит, во ситуации кога сум сигурен дека ќе може да го вратам (читај во секој момент да имам кеш за мин. 6 месечни рати). Пример за кров над глава кога каматите не забегуваат, за инвестиција во недвижност ако каматата + инфлацијата се помали од растот на цената, или пак за бизнис каде ќе направам поголем профит од тоа што ќе и дадам на банката (leverage investing).
Не мислев конкретно на твојот став, туку како пример те земав. Можеби не требаше.
Автоматски споено мислење:

За некој што ја отворил темата, одговорот ти е нема што

4000 евра за 4 члена
Што да одговорам на човек кој живее во држава што има трипати поголем стандард од тој у Македонија и кажува дека треба да сме задоволни со бедата што ја живееме.
Автоматски споено мислење:

Prosecen e ako dnevnata i kujnata ti se vo edna soba, odnosno imas sank sho gi razdeluva dnevna i kujna, so edno kupatilo za site.

Sepak, cenam i ubavo e sho celis na visoko i ubavo e sho imas ambicija.
Просекот сега е тој што е, тоа што се дискутира е каков треба да биде.
 
Последно уредено:
Единствената предност ви била тоа што немало сиромаштија, повеќето ја сочинувале таа работничка средна класа. Ама од каде се финансирало сето тоа? Пак од кредити и задолженија.
Задолженија или задолжувања? :pipi:

И не е баш точно, Југославија, сѐ на сѐ беше задолжена нешто повеќе од 20 милијарди, без инфлација, а само ние сме задолжени 7 милијарди и јавниот долг ни е скоро 60% од БДП. Кај Хрватска состојбата е поалармантна каде јавниот долг е 90% од БДП односно околу над 40 милијарди евра. Хрватска живее за и од добрата туристичка сезона, и беше многу погодена последниве 2 години со пандемијата. Сите држави земаат кредит за да сервисираат стар долг. Сите држави се под должничко ропство. Да, вистина, и ние наследивме дел од долгот на СФРЈ.

И како мислиш дека немало сиромаштија? Можеби не била изразита до овој степен, но во секое класно општество има сиромаштија. И тоа е една од најголемите кочници во нашата држава, државата ни е сеуште социјална. Ако и се одземе таа ингеренција, и стане, да речеме стане неолиберална, населението ќе биде уште посиромашно затоа што ќе се намалат социјалните трансфери од држава кон граѓаните. Но од друга страна ќе има повеќе пари во буџетот за другите тековни потреби, каде требаат пвро реформи, а потоа и ресурси, како здравство, образование, администрација, затвори...па дури и полиција и царина. Ова е полициска држава со преполна администрација, а во општините има по 2-3ца правници кои работат 10.000ци илјади предмети за легализација и приватизација. Со години и немаше потписници! Апсурди на секој чекор.

А за темата, мислам дека до одредена мера се претерува и се генерализира. Ние не плаќаме кирија, ама не знам што интернет ќе беше тоа 3-4.000 ден! Плаќам 2.000 (А1) со еден Близу ресивер и сметка за телефон. Струјата ни е 4-5.000, во куќа, за зимските месеци, а преку лето нешто над 3.000. Водата ни е макс 1.500. Најгруба пресметка. Проблеми има кај оние што плаќаат кирии, оние кои имаат кредити, кои враќаат минуси и оние кои имаат извршители. Зошто имаат? Затоа што тие примања не можат да ги задоволат сите потреби (го начнавте проблемот со колата, која нова не се купува лесно со нашата просечна плата), па мора да се посегне по задолжување. И потребите се субјективни, и тука се сложувам со тебе, ете лично сакам да живеам во куќа, сакам да имам простор. Не сакам брендирана облека затоа што за партал не фрлам неколку илјади денари. Тоа е субјективно, но прашањето е доста објективно- која е цената на пристојниот живот во Македонија? Сепак сите имаме општи, основни елементарни потреби, надвор од личните преференции и желби.

И да, во која група и да се стави автомобилот, речиси сите имаат автомобили, најчесто се купуваат на старо. Иако и тука улога можт да играат желбите (пр. сакаш одредена марка на автомобил). Тоа е суштинскиот проблем на економијата, како со ограничените ресурси да се задоволат неограничените желби на луѓето. Така секој ресурс си добива цена по која треба да биде разменуван на пазарот.

Големиот проблем е што, во оваа економија, платата не може да го следи трендот на зголемување на цените. Едно покачување (платата е трошок) води кон друго покачување (покачување на цената на услугата, суровината, полупроизводот или производот кој се нуди на пазарот). Домино ефект. :noze:
 
Па не може да гледаш долгови на Македонија Vs. долгови на Југославија. Веројатно треба да се зема сума од сите екс ју држави заедно, сега Vs. тогаш.

Инаку на долгови мислев. Значи задолжувања!
 
Не коментирам општо туку конкретно.
Фамилијарно, плаќам 4 мобилни и 2 приемнци од А1 околу 4000 денари. Месечно струјата ни е просек 3000 денари. И плус за греење вкупно цела грејна сезона околу 50000. Водата и мене 1500. Тоа ти е околу 200 евра трошок ако го поделиш на месечно ниво. Па после куќата и дворот си бараат одржување, што сигурно ќе ти го крене месечниот трошок. Бензинот ми е одприлика 3000-4000 месечно, сервис на колата 6000 еднаш годишно, гуми еве ќе ставиме две гуми годишно 10000 (искрено не мењав гуми годинава појма немам колку се гумите). Регистрација 12000. Горе доле уште 100 евра на месечно ниво, ако не рачунаш кварови, сијалички, брисачи, ламели, свеќички и разни потрошни делови, а за амортизација не ни станува збор. Ако имаш две коли, што не е луксуз уште најмалку 100 евра месечни трошоци. Тоа ти се 400 евра без да спомнеш кредити, храна, облека, хигиена, шетање, школо, купување/обнова на бела техника ... Не гледам што е претерано, ниту пак се работи за неограничени желби, туку за пристоен живот.

Јас можеби имам желба да купам остров одма до тој на Мел Гибсон (навистина имам), ама тоа веќе е во оние неограничени желби што ги кажуваш. Да сакам скуба дајвинг, пукање со пиштол, да си приуштам убав велосипед, тоа треба на секој да му е достапно
 
Не коментирам општо туку конкретно.
Фамилијарно, плаќам 4 мобилни и 2 приемнци од А1 околу 4000 денари. Месечно струјата ни е просек 3000 денари. И плус за греење вкупно цела грејна сезона околу 50000. Водата и мене 1500. Тоа ти е околу 200 евра трошок ако го поделиш на месечно ниво. Па после куќата и дворот си бараат одржување, што сигурно ќе ти го крене месечниот трошок. Бензинот ми е одприлика 3000-4000 месечно, сервис на колата 6000 еднаш годишно, гуми еве ќе ставиме две гуми годишно 10000 (искрено не мењав гуми годинава појма немам колку се гумите). Регистрација 12000. Горе доле уште 100 евра на месечно ниво, ако не рачунаш кварови, сијалички, брисачи, ламели, свеќички и разни потрошни делови, а за амортизација не ни станува збор. Ако имаш две коли, што не е луксуз уште најмалку 100 евра месечни трошоци. Тоа ти се 400 евра без да спомнеш кредити, храна, облека, хигиена, шетање, школо, купување/обнова на бела техника ... Не гледам што е претерано, ниту пак се работи за неограничени желби, туку за пристоен живот.
OK znaci 4 familija x 250 evra nekoja si prosecna plata = 1000 evra - 400 = 600 evra za drugi troshoci.
 
2 деца 2 возрасни = двајца вработени.

И ајде сега кажи ми и да е 2х500 = 1000 -400 = 600
како ќе ги распределиш останатите 600 и што имаш да си приуштиш со нив од „без да спомнеш кредити, храна, облека, хигиена, шетање, школо, купување/обнова на бела техника “, „ ако не рачунаш кварови, сијалички, брисачи, ламели, свеќички и разни потрошни делови
 
И да ги имаш сите тие математички примања цакум-пакум до денар. Сепак . Кој колку троши и на што троши?

Знам богаташи шо живеат како бездомници со ретки трошоци и едино некој редок трошок како патувања прават,а знам "бездомници" што живеат како богаташи,се хранат најскапо и цели фамилии такви без резон и еден куп со кредити земени безвеза за буквално ништо посебно и основно за живот.
Екстраваганции,цинцари итн.

Средни класи што мислат дека се сиромашни а не виделе како е да се живее без јадење.. и сиромашни што купуваат најнова технологија а патики немаат купено.

Ете и анчо со зет му шо се прави микеланџело у двор а празен фрижидер.
 
Па не може да гледаш долгови на Македонија Vs. долгови на Југославија. Веројатно треба да се зема сума од сите екс ју држави заедно, сега Vs. тогаш.

Инаку на долгови мислев. Значи задолжувања!
Кремче, буквално за тоа ми беше мојот втор пасус, сега вс тогаш, во однос на јавниот долг. Само една Хрватска должи многу повеќе од една Југославија, долг без пресметана инфлација. Проблемите на Југославија биле, покрај политички, точно и економски. Но јасно е кога должиме повеќе: сега.

Рачунај дека за една Стопанска банка сме фрлиле вкупно (значи средства од два различни буџети) скоро 200 мил евра без инфлација, а со тоа се зголеми и јавниот долг. Ние имавме умерен јавен долг, под 60% од БДП кој се контролираше се до некаде 2008 кој запопча нагло и неконтролирано да се зголемува. Улога играше и светската економска криза, но и растот на јавната администрација, минималната плата, па и последно (од 2019 мислам) социјалната помош за 300%. Секој буџет е сѐ поголем и поголем. Последниов мислам дека отстапува од последното правило, нешто е помал од тој од 2021, можеби грешам.

Така тато и бато донекаде се во право, но треба да им кажеш дека и државите околу нас имале полош животен стандард (Албанија, Бугарија, Романија и Грција) од Југославија, за кој пишував на темата за распаѓањето на Југославија. Проблемот е во тоа што, по нашата независност, они лошо се држеа и на крај го зголемија стандардот, а ние си останавме на нашиот. Дури и екс-ју државите. Така се појавија одредени разлики во нивна полза каде сите тие дестинации кои некогаш не биле скапи, по тој наш југословенски стандард, сега се скапи. :noze:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom