Колку примања се потребни во Македонија за да една фамилија има пристоен живот

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување
Ние тука трошиме колку што имаме, вие што сте отидени на печалба мислете му ја :)

За некој што ја отворил темата, одговорот ти е нема што

Muabetot bese za 4 cleno semejstvo a ne za sam covek. I ne, ne ni davaat roditelite sprat na site ili ni ja plakjaat ratata.

4000 евра за 4 члена
 
Друже, нема потреба за филозофирање. Темата и прашањето се сосема едноставни и како такви треба да бидат дискутирани.
Се гледа генерално на луѓето што им е потребно за убав живот а многу од нив за пристојност подразбираат тие работи кои ги набројав. Тоа споредбите како се живеело порано остави ги за неделен ручек со фамилијата. Парите те прават среќен, и тоа е неоспорлив факт. Тебе ако финансиите не те прават среќен, рачунај дека има луѓе кои никогаш немале ебан денар па оди кажи им го ти ова дека доволно е засолниште, храна и вода. Кога немаш платено сметки и кога секој ден ти ѕвонат извршители и банки, ништо на свет нема да те направи среќен освен парите а уште помалку тоа нема да биде секс, емотивен живот, храна и вода

Точно така. 90% од луѓето кои сме овдека значително ни се подобри животот, со далеку помалку стрес од кога дојдовме да живееме и работиме горе. Чувството да можеш да му купиш на детето се што му е потребно, без да се мислиш дали ќе можеш да го поминеш месецот е непроценливо.

9
Сепак зборуваме за земја каде добар дел од луѓето ( споредбено со западните земји ) веќе имаат решено станбено прашање, дали преку наследство, дали преку учество на родителите итн.
Дали знаеш што пишуваш? Еве и јас да имам добиено нова куќа, куќата се амортизира. По 50 години истата може да биде пред распаѓање. И од каде пари за нова куќа/реновирање?
јадењето надвор е луксуз за секоја земја
Не е точно. Од 5 дена 3 дена швабите јадат по ресторани за пауза за ручек. Добар дел од ресторантите за ручек функционираат со посебни менија баш за ручек, салата/главно јадење/десерт, со прикладни цени околку 25 еур. Ако си во фабрика или магацин имаш кантини.
Џепарлак на дете ( дали е за јадење на школо или за излегување ).
Ова го обезбедува државата, познатото киндергелд. 220 еур по дете до 25 години ако студира. Плус дават даночни олеснувања до кај две просечни плати, околку 5000 еур за школување, ама ретко кој знае за ова од нашите.

Да, ама јас напишав споредба на цените во АПСОЛУТНИ бројки, без разлика на куповната моќ на едните или другите. Затоа што митот кој се фура во Македонија за цените на храната на запад е дека се исти како во Македонија, па дури и пониски.
И во апсолутни бројки не морам јас да ти кажувам. Еве земи и сам спореди ги.

Хм... Намерно и јас неколку страници наназад ја отворив дискусујата со споредба со да речеме источна европа. Пази, тоа се држави со историја, со индустрија, со фабрики, со отворен капитализам, извезуваат свои производи насекаде. Имаат невидени гиганти. Само Полската берза да ја види човек, ќе се чуди...
Ние немаме ништо освен програмеството за мал дел од популацијата... Се друго е лон...До завчера што се вика 200 марки беше плата. И сега некој да рече дека треба 2000 евра месечно... Па чекај малу нема логика муабетот...
Дали ти знаеш каде беа Полска, Чешка и Словачка на почетокот на 90тите? Па ние бевме со години понапред од нив. Ама тие до 95 ја завршија транзицијата. Продадоа се за што можеа да најдат купци, и тргна возот. А што се случи кај нас? Ништо се не продаде, се практички им се поклони на газдите.
И чија е кривицата што се е лон? Сигурно не е моја, туку на истите тие неспособни газди. И на крајот пробуваат да ја префрлат целата вина на работниците дека немале вештини па не можеле да ги платат. Кој mind-fuck ти е човече. Па работникиот е истиот човек и вештините му се исти. Само сега за иста работа може да зема и до 10 пати поголема плата.
Добра работа е што децава кои растат сега, не трпат вакви тортури.
 
Не е муабетот дали вие може да се пожалите, туку со колку едно семејство ќе има комоција за нормален живот.
Муабетот е хипотетичка ситуација. Прочитај ми го цел текст, вака издвоено не. Не можам да користам цифри, објаснив зошто.
 
мажот нејзин разбрал дека има швалер, и затоа ја пратил во Америка
Да, имал пари и можност да го направи тоа
A maz mu so mu go platil patot za Amerika, plus trosoci za tamu ne go racunas a? To ne e trosok na osnov svaleraj?
Не ми текна дека и нејзиниот пат и престој таму е швалерајски трошок :D
Што значи дека приказната немала среќен крај. :)
Нема среќен крај. Ти знаеш швалерска врска со среќен крај?
 
Нема среќен крај. Ти знаеш швалерска врска со среќен крај?
Познавам луѓе што си го напуштиле семејството заради швалери/швалерки. За сите вмешани дефинитивно не е среќен крајот.
 
Последно уредено од модератор:
Нема среќен крај. Ти знаеш швалерска врска со среќен крај?
Дијалектика....ако некој некад издал некого за да биде со тебе, најверојатно иста судбина те чека и тебе. Ма да постои по некад пичкина магија која знае да функционира додека пичката има ќар од волот.....и ако тоа трае доста долго тогаш имаме среќен крај.
 
Да причекаме уште некој ден за да објават за колку проценти ќе се поскапи парното и струјата, па после ќе правиме математика...Едно е јасно, се сме повеќе сиромашни, наместо нагоре, ние одиме надолу со стандардот.:(
 
Јас трошам 800-900 евра месечно
100 евра сметки
100 кредити
50 за здравје
50 цигари
250 јадење
200 одмор
100 друго

Зараборувам од 300 евра до 5000 евра месечно зависи од месецот
Овој стандард на живото мислам дека ми е и превисок без проблем би ги намалил трошоците за 30% но поради врската морам повеќе да трошам. Обично годишно ми остануваат 10-20.000 евра кои сите ги ставам во инвестиции.
 
Муабетот е хипотетичка ситуација. Прочитај ми го цел текст, вака издвоено не. Не можам да користам цифри, објаснив зошто.
Хм, светот функционира во бројки, и горе-доле има дефинирани цифри за просечни станови, одмори, возила и тн.
Да, имал пари и можност да го направи тоа

Такво теле од маж еднаш мајка раѓа, за ваквите треба да се печатат специјални лепенки и со закон да мора да ги носат на чело :D
Автоматски споено мислење:

Јас трошам 800-900 евра месечно
100 евра сметки
100 кредити
50 за здравје
50 цигари
250 јадење
200 одмор
100 друго

Зараборувам од 300 евра до 5000 евра месечно зависи од месецот
Овој стандард на живото мислам дека ми е и превисок без проблем би ги намалил трошоците за 30% но поради врската морам повеќе да трошам. Обично годишно ми остануваат 10-20.000 евра кои сите ги ставам во инвестиции.
Ова во Дојран, или на градска плажа на Вардар?
 
Последно уредено:
Хм, светот функционира во бројки, и горе-доле има дефинирани цифри за просечни станови, одмори, возила и тн.


Такво теле од маж еднаш мајка раѓа, за ваквите треба да се печатат специјални лепенки и со закон да мора да ги носат на чело :D
Автоматски споено мислење:


Ова во Дојран, или на градска плажа на Вардар?
Прашуваш каде одам на одмор?
Минатиот месец бев 4 дена во Леуново
Сега ќе одам во Врање на 2 дена
Преходнот бев во еден спа кај Крива Планка
Летото бев два пати во Неа Врасна
Окулу 200 евра месечно трошам за одмори.
 
za vo Britanija ova? Iskreno pojma neam koj se cenite i trosocite tamu. Ama ne gleam so ti e cudno ako e 2k u makedonija.

Чудно е овде ако не ти поклонат спрат, куќа, стан, whatever.
Чудно е ако не те стокмат за се во животот обезбедено, да можат уште да дишат за тебе.

Еден куп живеат од плати и пензии на нивните, па после доволно им биле 500 евра за гледање фамилија и деца. Па доволно е кога ти уствари немаш трошоци. Не знам што мислат таквите кога утре ќе ги снема тие примања.
 
Прашуваш каде одам на одмор?
Минатиот месец бев 4 дена во Леуново
Сега ќе одам во Врање на 2 дена
Преходнот бев во еден спа кај Крива Планка
Летото бев два пати во Неа Врасна
Окулу 200 евра месечно трошам за одмори.
Ме зачуди каде се поминува 10 дневен одмор со 200 евра, затоа те цитирав.
4 дена е продолжен викенд, не одмор :)
Врање е исто викенд, не одмор.
Одмор на море (па дури и Охрид) од 10 денови, со платен смештај во хотел (нека не е луксуз, 2-3 ѕвезди) нема шанса да уплатиш ни за 1 човек за 200 евра, а не пак за фамилија, плус превоз.
 
Ме зачуди каде се поминува 10 дневен одмор со 200 евра, затоа те цитирав.
4 дена е продолжен викенд, не одмор :)
Врање е исто викенд, не одмор.
Одмор на море (па дури и Охрид) од 10 денови, со платен смештај во хотел (нека не е луксуз, 2-3 ѕвезди) нема шанса да уплатиш ни за 1 човек за 200 евра, а не пак за фамилија, плус превоз.
Во просек ми е 200 евра месечно. Ама да ако е еднаш месечно тогаш 4-5 дена ако е на 2-3 месеци тогаш 10 дена бев во Турција за 650 евра 10 дена ама затоа 2-3 месеци не отидов никаде. А обично одам еднаш месечно на 3-4 дена некаде во МК тоа е окулу 100 евра. Не ги викам продолжени викенди зошто немам фиксни работни денови и работно време. Се што е надвор од Скопје ми е одмор без разлика на колку дена барем така јас го викам тоа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom