Ве читам на темава... ова требало за среќа, радост, исполнетост, она требало... видете вака, ќе кажам неколку работи на темава. Иначе се надевам нема некој ова погрешно да го сфати, ко фалба со пари, затоа што ова е форум, не инстаграм, тука никој не знае кој сум... значи јас јадам секој ден храна од надвор, сите 3 оброка. Или во ресторан или нарачано од добри ресторани достава до дома. Возам добра кола, носам добра облека, на сите ексурзии сум бил и други патувања, сум одел онака "од кур кејф" на разни патувања... И свашта нешто друго од "луксузи" можам да си дозволам.. Свашта нешто можам да си дозволам. И? Тоа не е квалитет. Јас сум најверојатно помал од повеќето од вас тука, не ни заработувам сам пари али изгледа дека порано сум сфатил некои работи.
Среќата е во нешто друго, на пример јас немам вистински другари на моја возраст, кога идам во ресторан да јадам, идам сам или ќе викнам некој од неколкуте другари ама под услов да им платам јас, тоа е условот индиректно кажано а некогаш и директно, затоа што немаат пари итн. Така и за патувања, ако сакам со друштво - се знае, јас плаќам.
Да не зборам па колку услуги "друштвото" ми има побарано, затоа што близок човек од фамилија е еден добро познат политичар во државава, ми барале да го прашам да им среди ова или она. И ако одговорот бил "не" - одма прекинувала дружбата. За жал во нашава држава све се сведува на материјално, па и све во темава очигледно.
За квалитетно проведено време се потребни ВИСТИНСКИ другари и ништо друго, затоа што парите не значат апсолутно ништо, тоа јас ќе ви кажам па кој како сака нека си свати. Кога седиш сам дома на добар мобилен/компјутер, куцаш на добра тастатура и после идеш надвор со добрата кола све САМ да јадеш итн други активности све сам, ќе ве прашам дали е подобро тоа или како некои што ги знам со 18,000 денари плата си тераат супер друштвен живот по кафани, дискотеки итн се гледа на инстаграм сториња тоа све. Не се сами. И среќни се, исполнети, пристојни... и мене ми е мило за нив, ама кога имаш пари е МНОГУ ТЕШКО да се најде право другарство. Еве јас веќе сум полнолетен и сеуште не најдов вистински другари, што ќе се тука за мене. Значи емотивни моменти итн, не колку пари биле потребни за ова или она.
Во Југославија имало вистински пријателства, еве повозрасните членови на мојата фамилија ги гледам - создале некои стварно добри вистински пријателства. Да ти е мерак кога ги гледаш како се тука еден за друг. Јас? 0 Стварно се парите небитни за да се чувствуваш среќен и исполнет, ама стварно. Јас возам многу јака кола и све - мислите убаво ми е во неа сам?
А па да не зборам за менталитетот во странство, ќе земам еден пример на Швеѓани - ама прави Швеѓани, не Македонци што се преселиле во Шведска. Имам еден познаник - он е поголем од мене - има 26 години, праи добра сума на пари сам, сам си ги заработува, и така цела нивна фамилија. Ми кажува пред некој ден, зборевме за телефони нешто и он рече дека на мајка му телефонот и се скршил и он нарачал iPhone 13 pro max за неа ама во меѓувреме нашла некој телефон дома и ја откажале нарачката и покрај тоа што е евидентно дека можат да си го дозволат ајфонот и ништо нема да им смени во буџетот. Ама ете, скромни и штедливи. На Балканот луксузи се сметаат за нормални и најважни, и работничката класа сака да си тера луксузи, епа не иде тоа... све за да се покажат со материјална ствар пред другите, нешто што е стварно небитно. Е јбг...