Колку примања се потребни во Македонија за да една фамилија има пристоен живот

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување
Не можам да дискутирам за конкретни суми бидејќи веќе немам допир со цените во МК. Но вака од страна гледано, можам да забележам дел од навиките и очекувањата на луѓето кои живеат во МК ( без никаква навреда, најверојатно и јас сум ги имала истите ставови додека живеев таму ). Некако изгледа како да се изместени приоритетите на луѓето, затоа на темава се дискутира за цифри кои се блиску до некои западни земји каде стандардот на живот е навистина поскап. Сепак зборуваме за земја каде добар дел од луѓето ( споредбено со западните земји ) веќе имаат решено станбено прашање, дали преку наследство, дали преку учество на родителите итн.

Гледам дека под пристоен живот како неминовна ставка се даваат некој бесни суми за кафиња и одење по ресторани. 100 еур џепарлак на дете? Скијање? Па ниту едно од ова не спаѓа под пристоен живот. Пошо некој уназад спомна да не се споредуваме со афричките земји нели, ајде да се споредиме со некоја европска земја.

Ретко кое семејство тука оди на ручек/вечера во ресторани барем еднаш месечно, јадењето надвор е луксуз за секоја земја. Друга работа е нарачка на брза храна за дома.
Џепарлак на дете ( дали е за јадење на школо или за излегување ). Колку деца познавате во МК што одат на училиште со зготвена храна од дома? Колку тинејџери познавате кои си го заработуваат џепарлакот?
Скијање и егзотични одмори. Исто како и јадење по ресторани, спаѓа под ставка луксуз. Не влегува во пристоен живот, влегува во луксузен живот.
Да не кревам узбуни сега на темава, ама со просечната македонска плата и моменталната цена на нафтата, и возењето кола ( а посебно возењето со такси ) се луксузи, не гледам никој да намали на тоа. Секој викенд гледам луѓе си шетаат те до Солун, те до Белград, еден викенд на ручек во Охрид, друг викенд на ручек во Штип. Чисто за споредба,просечната цена на нафтата во МК од септември навака била 78 денари, додека во Шведска била 108 денари. Да не ги споредуваме просечните плати во едната и другата земја.

Муабетот ми е дека многу од работите што се сметаат за луксуз во западните земји кај нас влегуваат во категоријата пристоен живот. Затоа стигаме до цени од 2000 еур, шо според мене е тотална бесмислица.
Под пристоен живот подразбирам навреме подмирени сметки без кратење есенцијални работи, тргање пари на страна за различни работи ( одмор, пензија, непланирани трошоци ), па потоа луксузирање.

Да не бидам сфатена погрешно, дефинитивно треба кревање на стандардот на живот во МК, но и намалување на очекувањата ( апетитите ) на луѓето.

Јас не верувам дека одење еднаш месечно во ресторан е луксуз во Шведска. Не верувам дека и во Полска е луксуз, let alone Шведска.
Плус идење до Солун има помалце километри отколку да тргнеш од Стокхолм до Сундсвал, така да и тоа не би рекол дека е луксуз.
Ние сме територијално мали, па одење во Бугарија, Србија и Грција не треба да преставува никаков луксуз.
Особено што нашите кои идат таму гледаат што поефтино да поминат, односно поголемиот дел не престојуваат во хотели, ниту па ручаат секој ден во ресторани. Масовно купување од Лидл и јадење 1€ хот дог со неограничен пијалок во Космос за мене преставува мизерување.

Друга работа е што на еднодневна екскурзија за која македонците трошат 20€ (онолку колку ти за две пици во Шведска) ќе направат 5000 слики за да имаат цела недела да постираат на социјални мрежи нешто различно да мислат комшиите демек они имаат многу убав и скап живот. Ги имам многу вакви, немаат пари за кафе кога ќе отидам во МК, а да ги гледаш цела година на ФБ мислиш милионери се.
 
Ги имам многу вакви, немаат пари за кафе кога ќе отидам во МК, а да ги гледаш цела година на ФБ мислиш милионери се.
Фала богу што веќе не користам ФБ и Инста па не си трошам меморија во мозокот за вакви срања.
 
Јас не верувам дека одење еднаш месечно во ресторан е луксуз во Шведска. Не верувам дека и во Полска е луксуз, let alone Шведска.
Плус идење до Солун има помалце километри отколку да тргнеш од Стокхолм до Сундсвал, така да и тоа не би рекол дека е луксуз.
Ние сме територијално мали, па одење во Бугарија, Србија и Грција не треба да преставува никаков луксуз.
Особено што нашите кои идат таму гледаат што поефтино да поминат, односно поголемиот дел не престојуваат во хотели, ниту па ручаат секој ден во ресторани. Масовно купување од Лидл и јадење 1€ хот дог со неограничен пијалок во Космос за мене преставува мизерување.

Друга работа е што на еднодневна екскурзија за која македонците трошат 20€ (онолку колку ти за две пици во Шведска) ќе направат 5000 слики за да имаат цела недела да постираат на социјални мрежи нешто различно да мислат комшиите демек они имаат многу убав и скап живот. Ги имам многу вакви, немаат пари за кафе кога ќе отидам во МК, а да ги гледаш цела година на ФБ мислиш милионери се.
Ти може не веруваш но вистината е таа. Ретко кој оди по ресторани без никаква пригода. Зборам за ресторан ресторан, не за брзо јадење за време на ручек или некоја локална турска пицерија.
Нема врска дали трошат 20 или 50 еур, споредено со стандардот на живот е повеќе од тоа што можат да си дозволат.
 
Па дури и за фаст фуд. Во Цирих, Швајцарија, во фирмава во која што работев, на луѓево им е толку скап и фаст фудот што си имаат вработено кувар да им спрема. Јадат ем поквалитетна храна, ем поевтино им излегува.
 
Ајдеееееее.
Кувар од 5000-6000 франака месечно е поефтин од фаст фудот. Епа во ова ама ич не верувам.
Јас знам дека е скапа Швајцарија, ама ова ти што го збориш се коси со секоја логика.
 
Ја ти пренесувам што тие ми кажуваат. Може не е ко фул тајм пријавен, не сум запознаен со деталите, а знам дека некој ми спомна хамбургер/бургер околу 25 - 26 франака коштал, веројатно и зависи од каде е купен, пошто ко што пребарувам ми излегува 15 франака. Франкот ти е блиску со еврото.
 
Глеј, кога би најмил кувар истотака треба да му овозможиш услови кај да готви и да набавиш намирници. Значи не секој е во можност на своето работно место да направи кујна, а и тие кои се, пак мора да фрлаат пари на фрижидери, шпорети, кујнска опрема...
Кога ќе споредиш севкупно колку ќе се потрошат, плус неговата плата и намирници - ќе испадне исти курац, различно пакување.
Да, најверојатно ќе јадат поздраво и никогаш нема да се замараат што да нарачаат ама дека е многу поефтино, не ми се верува. Особено што таму и во маркет храната е скапа. Освен ако не јадат ориз со туна секој ден ма да за тоа не е потребен кувар.
Како и да е, да не идеме оф топик, тоа е индивидуално и многу ретко и никако не е за споредба.
Работев за една компанија каде имавме сопствен готвач, но тоа фирмата го плаќаше. Чим си работел таму, сигурно знаеш дека и придонесите за еден вработен се високи. Цените на бургерите, донерите и генерално фастфудот е таков затоа што платите се огромни. Не може некој што отворил кебаб шоп да продава по ниска цена (7-10 франака) затоа што ќе нема да може да покрие основни трошоци а ќе се убие од готвење. Еве тука на Малта испод 10€ нема бургер а платите се три пати помали од таму, па пак луѓето како откачени нарачуваат. Се чека по саат ипол за достава.
 
Лонг стори шорт - објектот во кој се сместени мислам дека бил поранешен хостел, па моја претпоставка е дека имале опремена кујна веќе. Е сега кои се условите внатре не би зборел пошто не сум бил лично да видам, а слушам се најдобро за храната. А пред два месеца 5 - 6 души добија труење од храна. Моја претпоставка е дека сопственикот сакал да ги привлече вработените со тоа што им нуди бесплатна храна (ова е претпоставка исто) или секој плаќа нешто минимално (ко бифеата на фирмите во бивша Југославија) и сега мене ми кажуваат дека имаат кувар пошто е доста скапо.
 
Еве да пробам и јас да ти објаснам дека си на исто мислење како и сите нас. Ти кажуваш дека просечната плата во Западна Европа е 3500 и тоа значи 7000 за фамилија. Во Централна Европа просечната плата е 1200 тоа значи 2400 за фамилија што не е далеку од 2200 за Скопје (за останатите градови заради пониската цена на станбениот простор сигурно е со 300еур месечно поевтино).

Хм... Намерно и јас неколку страници наназад ја отворив дискусујата со споредба со да речеме источна европа. Пази, тоа се држави со историја, со индустрија, со фабрики, со отворен капитализам, извезуваат свои производи насекаде. Имаат невидени гиганти. Само Полската берза да ја види човек, ќе се чуди...
Ние немаме ништо освен програмеството за мал дел од популацијата... Се друго е лон...До завчера што се вика 200 марки беше плата. И сега некој да рече дека треба 2000 евра месечно... Па чекај малу нема логика муабетот...
Прво да дефинираме што е луксуз а што не е треба...
Не може да се рачуна за нормално одење Грција, тоа спаѓа под луксуз барем според мене...
 
Во ниедно сценарио фаст фуд не е скапо за Швајцарец. Може да не јаде таму само зашто не сака.
Автоматски споено мислење:

Не може да се рачуна за нормално одење Грција, тоа спаѓа под луксуз барем според мене...
1 годишно за одмор, одмор по македонски стандарди, со јадење пита гиро и бодење чадор во песок, не е луксуз. Идење за викенд, шопингување, јадење морско таму и тн, тоа е луксуз. Бар ја така би ги разграничил.
Автоматски споено мислење:

Што е пристоен живот е субјективно, зависи од начинот на живот. Може да кажам само за мене колку е минимумот.
Според моменталните цени, кога ќе имам фамилија би рекол окулу 2000 евра за да го задржам овој квалитет на живот. Нешто од ова е и луксузирање за друг.
Мене не ми смета постара кола, или полслаб телефон али сакам да шетам, да излагам, малце поразлична математика од другите меѓутоа трошокот е тој. Доколку го решам станбеното прашање порано, тогаш и 200-300 евра помалце би биле таман.
Испод ова, би преживеал не дека не, ама ќе треба да си кратам дел од задоволствата и не е баш пријатно. Драстично испод тоа веќе треба да кратиш и од задоволството на децата, е тука е више заебано.
 
Последно уредено:
Постои едноставен начин да се контролира конзумеризмот на лично ниво. Само сака трезвено размислување. Муабетот ми е, не велам дека не треба да имаш мобилен, но навистина немаш потреба од најскапиот мобилен кој ќе го замениш во две години. Не велам дека не треба да возиме коли, но дали реално во Македонија имаш потреба од возило од +40000 евра , или +20000 евра. Дали навистина ќе ти го смени животот ако ги видиш, не знам, водопадите на Нијагара? Лупам, тоа прво ми падна на памет.

Крај нема лудилото на конзумеризмот ако му се препуштиш. Храната е чист пример за тоа. Во интерес на некоја индустрија денес се нездрави се прогасуваат типови на храна на која израснале генерации, а се обидуваат да продадат млеко од бадеми или некои потполно нејадливи глупости. Сега наеднаш имаш освестени мајки кои не го хранеле детето со храна со која пораснале генерации, туку купуваат скапи бесмислици.

Разбирам јас конзумеризам, ама не мора да бидам роб на истиот.
Секој си има нешто што сака да види, нешто што сака да направи, некакво хоби да си тера. Јас сакам да пукам на пример, а тоа е скап спорт еден куршум 9mm е 30 денари. И сега јас треба да се откажам од тоа и да сум задоволен што не спијам со овците во штала. Мене на пример во моментов не ме интересираат мобилни, кола сега за сега и не ме интересира, само да ме однесе од точка А до точка Б. Но еве сакам да скуба дајвинг, сакам да си купам чамец, немора све да имам, но барем нешто да можам да си приуштам. Зарем тоа што моите предци живееле со овците во штала, треба да ми ги уништи соништата? Па јас без тие соништа нема да сум мрднал од мртва точка и ќе сум копал шанци негде. Соништата се тие што го движат човекот.

Да, секогаш треба да си задоволен од тоа што го имаш во моментот, но никогаш не смееш да престанеш да се стремиш за повеќе. Никогаш не треба да се откажеш од своите соништа.
Автоматски споено мислење:

Не можам да дискутирам за конкретни суми бидејќи веќе немам допир со цените во МК. Но вака од страна гледано, можам да забележам дел од навиките и очекувањата на луѓето кои живеат во МК ( без никаква навреда, најверојатно и јас сум ги имала истите ставови додека живеев таму ). Некако изгледа како да се изместени приоритетите на луѓето, затоа на темава се дискутира за цифри кои се блиску до некои западни земји каде стандардот на живот е навистина поскап. Сепак зборуваме за земја каде добар дел од луѓето ( споредбено со западните земји ) веќе имаат решено станбено прашање, дали преку наследство, дали преку учество на родителите итн.

Гледам дека под пристоен живот како неминовна ставка се даваат некој бесни суми за кафиња и одење по ресторани. 100 еур џепарлак на дете? Скијање? Па ниту едно од ова не спаѓа под пристоен живот. Пошо некој уназад спомна да не се споредуваме со афричките земји нели, ајде да се споредиме со некоја европска земја.

Ретко кое семејство тука оди на ручек/вечера во ресторани барем еднаш месечно, јадењето надвор е луксуз за секоја земја. Друг муабет е нарачка на брза храна за дома.
Џепарлак на дете ( дали е за јадење на школо или за излегување ). Колку деца познавате во МК што одат на училиште со зготвена храна од дома? Колку тинејџери познавате кои си го заработуваат џепарлакот?
Скијање и егзотични одмори. Исто како и јадење по ресторани, спаѓа под ставка луксуз. Не влегува во пристоен живот, влегува во луксузен живот.
Да не кревам узбуни сега на темава, ама со просечната македонска плата и моменталната цена на нафтата, и возењето кола ( а посебно возењето со такси ) се луксузи, не гледам никој да намали на тоа. Секој викенд гледам луѓе си шетаат те до Солун, те до Белград, еден викенд на ручек во Охрид, друг викенд на ручек во Штип. Чисто за споредба,просечната цена на нафтата во МК од септември навака била 78 денари, додека во Шведска била 108 денари. Да не ги споредуваме просечните плати во едната и другата земја.

Муабетот ми е дека многу од работите што се сметаат за луксуз во западните земји кај нас влегуваат во категоријата пристоен живот. Затоа стигаме до цени од 2000 еур, шо според мене е тотална бесмислица.
Под пристоен живот подразбирам навреме подмирени сметки без кратење есенцијални работи, тргање пари на страна за различни работи ( одмор, пензија, непланирани трошоци ), па потоа луксузирање.

Да не бидам сфатена погрешно, дефинитивно треба кревање на стандардот на живот во МК, но и намалување на очекувањата ( апетитите ) на луѓето.
Живеев привремено во Белгија, со буџет да речам просечен за Белгиски стандарди, не плаќав стан, не плаќав режиски трошоци и не бев таму на печалба. Не бев многу зафатен со обврски, не повеќе во просек од 3-4 часа на ден, па така имав време на претек за шетање. Можам да кажам дека луѓето тука се погалантни за трошење отколку тие во Белгија, а како што кажуваш и за тие во Шведска, па така кај нас и пореално треба да е буџетот за едно семејство над 2000 евра, барем ќе ги потрошиме за уживање. :)

Иначе една работа сум научил, нашите кога ќе отидат надвор се учат да живеат скромно :) Една од причините зошто не сум се иселил до сега.
Автоматски споено мислење:

Лонг стори шорт - објектот во кој се сместени мислам дека бил поранешен хостел, па моја претпоставка е дека имале опремена кујна веќе. Е сега кои се условите внатре не би зборел пошто не сум бил лично да видам, а слушам се најдобро за храната. А пред два месеца 5 - 6 души добија труење од храна. Моја претпоставка е дека сопственикот сакал да ги привлече вработените со тоа што им нуди бесплатна храна (ова е претпоставка исто) или секој плаќа нешто минимално (ко бифеата на фирмите во бивша Југославија) и сега мене ми кажуваат дека имаат кувар пошто е доста скапо.
Да се надоврзам на претходниот пост за Белгија и истовремено да му ја образложам математиката на @SK-92 . Скоро сите ИТ фирми со над 2-30 вработени у Белгија имаат кујна. Пошто им се доста големи даноците кои се плаќаат за вработените (незнам точно но мислам дека над 130%),тоа влегува во пакетот на вработените, на што они штедат плата и даноци. Покрај тоа даваат кола и одредена сума ваучери за бензин, вежбална и разни слични работи. И платите што ги нудат беа под 2000 евра.
Автоматски споено мислење:

Хм... Намерно и јас неколку страници наназад ја отворив дискусујата со споредба со да речеме источна европа. Пази, тоа се држави со историја, со индустрија, со фабрики, со отворен капитализам, извезуваат свои производи насекаде. Имаат невидени гиганти. Само Полската берза да ја види човек, ќе се чуди...
Ние немаме ништо освен програмеството за мал дел од популацијата... Се друго е лон...До завчера што се вика 200 марки беше плата. И сега некој да рече дека треба 2000 евра месечно... Па чекај малу нема логика муабетот...
Прво да дефинираме што е луксуз а што не е треба...
Не може да се рачуна за нормално одење Грција, тоа спаѓа под луксуз барем според мене...
Ако веќе споредуваш... Полска пред извесен период, беше беда. Ни 200 марки не земаа плата, па сега се оправија и едно просечно семејство има и повеќе од 2500 приходи. Не збориме што било вчера, туку како треба да биде.

Замисли Пољаците да си рекле, чекајте бе луѓе до вчера рмбавме за 50 марки, идевме у Југославија да продаваме на тезги, за сега сакаме 2500 евра по семејство....
 
Последно уредено:
Да се надоврзам на претходниот пост за Белгија и истовремено да му ја образложам математиката на @SK-92 . Скоро сите ИТ фирми со над 2-30 вработени у Белгија имаат кујна. Пошто им се доста големи даноците кои се плаќаат за вработените (незнам точно но мислам дека над 130%),тоа влегува во пакетот на вработените, на што они штедат плата и даноци. Покрај тоа даваат кола и одредена сума ваучери за бензин, вежбална и разни слични работи. И платите што ги нудат беа под 2000 евра.

Друга беше математиката. Односно муабетот беше дека вработените плаќаат кувар и сето тоа е поефтино од фаст-фуд.
Кога фирмата обезбедува кувар е нешто сосема друго. Плус како што ти викаш има некои дупки во законот па они всушност штедат на тој начин, но се сомневам дека е така и во Швајцарија. Имам двајца другари кои живеат таму и никој до сега не се пофалил со нешто такво ниту па сум чул од некој друг а имам запознаено многу луѓе кои живееле или пак сеуште живеат таму.
Тоа со ваучерите за кола, вежбална и разни работи е само велнес бенефит. Никако не може да биде фактор за целовкупната слика и да служи за споредба.
Јас добивам 300€ годишно за теретана, околу 50-60€ месечно за користење на кола за до работа (има некои даночни олеснувања, не разбирам точно како функционира ова, мислам дека што поголема плата повеќе добиваш), често знаат да не изненадат со beer & pizza friday и што ти ја знам таму некои глупости HR што ги организира. Но, јас ова никогаш не би го спомнал како дел од бенефитите на Малта затоа што не сите, односно само тие вработени во gaming индустријата можат да се пофалат со вакви поволности.
 
Вака функционира. Ако ти даваат пари за плата за тие пари плаќаат 130% данок. На пример ако ти е платата 3000 тогаш придонесите за тие пари ти се 3900 или вкупно 6900 евра бруто плата. Ако ти даваат 1800 и плус разни бенефити да дојде сумата до 3000 тогаш ќе ги кошта бруто платата 4140 евра и плус 1200 за бенефитите без данок и на крај испаѓа 5340 што значи дека заштедуваат 1600 на тебе. Не е дупка во закон, едноставно за да бидат поконкурентни го прават тоа, сосема е законски. А искрено незнам како е во Швајцарија, мада сум слушнал дека некои од поголемиве компании имаат кујни.
 
2000 евра за пристоен живот ? Ова со вклучено бело или без ? :vozbud: :vozbud: :vozbud: То сигурно го кажува син на некој милионер или шо пораснал така. Реалноста е друга. Пред инфлацијава семејства опстојувале со 9000 денари, па до пред некоја година vo Скопје касиерките во Веро земаа по 12000 ден плата, шивачки во источна по 6-7000. Мислам да, стандардот е скокнат малце, ама не е толку од 200 на 2000 евра. Реално 9000 ден станале 17000- 18000 сила ама никако 2000 евра. Тој шо вика дека треба 2000 + за пристоен живот во МК треба да го смени дилерот. Очигледно го крадит:):vozbud::vozbud::vozbud:.
Ако се плака станбен кредит се следниве трошоци. 200 евра кредит + 150 евра сметки (лето 100 евра - оптика од Телеком и 2 броја*, кабелски оператор би бил поефтина варијанта), храна 200 евра (под ова се подразбира се шо е во граница на нормало, без месо од зебра, жирафи, сирење од магаре...). То се 550 евра за лагоден живот. Се останато над то вечери, ручеци, екскурзии, одмори се рачуна за луксуз. Цигарите се луксуз исто така и ред други ствари...
 
Tolku e za mene pristoen zivot. Ne sme tuka site kasieri. A mislam deka i kasierite ne mislat deka ziveat pristoen zivot, nitu deka planiraat cel zivot so tolku pari da teraat.

Vidi si ja samo racunicata, imas 550 evra fixen racun. Kje treba deteto na ekskurzija da ide, kje ide cel klas a samo on ne, pa da vidam dali e luksuz ili potreba. A kamo srekja da e toa samo.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom