Woke и cancel култура, SJW, safe spaces, политичка коректност...

O

onefifty

Гостин
А да и пишеме групно да си пресуди сама на себе, можда и стварно ќе се деси, па ќе читаме трогателни вести како поради депресија и интернет bullying си го одземала животот. Стварно не знам како може да се измотава сас нечија смрт, посебно на легенда како Тоше за ебани кликови. Уфф..
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.390
Поени од реакции
25.820
Актерка у покушај не беше суштествово ?
Барем последниот пат кога изгледаше како женско.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.390
Поени од реакции
25.820
Таа мисли и збори и и одговара на прашањата а уствари некој ја трола со тоа свирките на камени мост што цврчат за да бркаат птици да не серат :icon_mrgr:
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.057
Поени од реакции
9.275

Виралната залуденост на дебелите дека проблемот не е во нив туку во сите околу нив, надмина нова рецка откако активисти за дебелите почнаа да бараат доктори да престанат да ги тераат дебелите да се качат на вага затоа што тоа било премногу стресно за нив.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.361
Поени од реакции
33.460

Делови од текстот... Инаку ова се дел од пациентите кои промовираат „сексуално образование“ за деца, пошто перење мозоци најефикасно е кога е од мали ноги.


Како што информира Коалиција „Маргини“, во Мислењето на КСЗД е наведено дека „учебникот како целина врши вознемирување кон ЛГБТИ-луѓето, сиромашните, сексуалните работници и самохраните мајки“.

„Комисијата утврди продолжено и повеќекратно вознемирување што е потежок облик на дискриминација“, наведуваат „Маргини“.

Од таму информираат дека Комисијата препорачала најдоцна шест месеци МОН да го повлече од употреба учебникот и во иднина да не одобрува употреба учебници со содржини што вознемируваат. „Авторите најдоцна во рок од шест месеци да извршат ревизија на спорните делови од учебникот така што ќе ги отстранат содржините со кои се врши вознемирување ...

Учебникот ја афирмира и машката супермација бидејќи во него нема ниту една слика на која е претставена единствено жена.

Во учебникот сексуалната работа е изедначена со криминал, а сексуалните работници се ословени како „проститутки“.

Ваквото нивно претставување, се наведува во соопштението на „Маргини“, е „вознемирувачко и ги афирмира стереотипите за сексуалните работници како криминалци, неморални и општествено непожелни, што претставува вознемирување врз основа на припадност на маргинализирана група и социјално потекло“.

„Во учебникот се истакнуваат повеќе неточни тврдења кои ги афирмираат стереотипите за трансродовоста и претставуваат вознемирување врз основа на родов идентитет. Генералниот впечаток е дека учебникот перпетуира хомофобија и трансфобија, а учениците од него се стекнуваат со погрешни информации за ЛГБТИ-луѓето, се вели, меѓу другото, во Мислењето на КСЗД.

„Доколку субјектите не постапат по мислењето, Комисијата има законска надлежност да поднесе Барање за покренување прекршочна постапка пред надлежниот суд за прекршоци, согласно Член 27, став 4 од ЗСЗД“, се додава во соопштението на коалиција „Маргини“, која ја поднесе претставката за учебникот Социологија за трета година реформирано гимназиско образование.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Настрана тој дел, гледано од друг аспект, очигледно учебникот има, најблаго кажано сомнителни сфаќања за одредени состојби во општеството.

Ако ова е вистински цитат од истиот.

А за тоа како ги учи средношколците на родова рамноправност, говори следниов цитат, пример од учебникот:„Жена што не сака да се мажи или да има деца, е омаловажена и нарекувана со погрдни имиња. Мажи кои се нежни, работат домашни работи, се посветени на семејството, добиваат етикета – папучар и слабич

Иако ние го немаме тука целиот учебник презентирaно и со резерва треба да се земе дали нешто е извадено од контекст, дали по овие описи е дадено дополнително објаснување од авторите дека тоа се погрешни перцепции и дека таквите сфаќања треба да се променат
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.731
Поени од реакции
27.718

Kajgana Shop

На врв Bottom