Жив, ама лош. Имаше еден или два опасни центаршутеви, кои Кавани требаше подобро да ги реализира. Другото слабо. Два пати излезе во аут со се топка, 2-3 потенцијални контри заеба со лоши додавања, изгуби топка неколку пати обидувајќи се да изнуди фаул, движењето без топка му беше лошо во глобала (како и на целиот тим во секој случај).
Имаше една контра, кога му пушти топка на Роналдо лево, али непрецизно, во играч на Њукасл. Многу подобро ќе се завршеше тој напад да му беше пуштена топката во фор, пред него. Мек Томијнеј или Бруно мислам беше, од 5 метри успеа да му ја пушти топката позади него, па овој мораше да застанува, за да ја прими прво топката, во тој мемент контрата пропадна, пошто изгуби и моментум и баланс и немаше ни сила во таква ситуација за било каков подобар пас.
Не знам што прават на тренинг професионални играчи, ама не е реално да секој пас иде позади играчот, не е реално да мора 3-4 допири со топка да имаат за да ја стават под контрола, да мораат да смират топка за да изиграат пас. На 25-30 метра од противнички гол, нема време за прием, за 3-4 контакти, за размислување што со топката. Или ја губиш, или враќаш назад на штопери, бекови и слично. Јунајтед во стартна 11-ка има бар 5-6 играчи кои имаат проблем со контрола на топка, пас игра на прва, брзо ослободување менување позиција. Такви се Бисака (Далот е подобар во тој сегмент, али е далеку од топ), Мегваер, Фред, Мек Томинеј, Рашфорд, до некаде и Гринвуд, иако е подобар од преходно набројаниве. На тоа додади го Роналдо кој е супер во овие сегменти, но е во години и не е мобилен и брз како некогаш. Доста се штеди. На крај доаѓаме до тоа да само еден штопер Варан/Линделоф, левиот бек Шо/Телес, Бруно на 10-ка, десното крило Гринвуд/Санчо можат да се снајдат во таква игра. Во таква ситуација многу им е полесно на противниците да го отсечат Роналдо, па по потреба и Бруно. Клуч на контрола на средината е брзата пас игра, контрола на топка, позиционирање и меување позиција, константо да има играчот кај кој е топката 2-3 опции за пас напред. Кај Јунајтед тоа го нема, се игра фудбал со стоење, во најголем дел со случаите една, а често и ни една опција за пас напред нема. Тоа е поради неквалитетот на играчите погоре набројани, пред се на двојката во средина која нема квалитет за таква игра.