Војната на патиштата

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Они може и застанале, не ми е логично возач да не застане при уклучување таму дури и да нема стоп знак. Меѓутоа колку е прегледно ако идел другиот со 120, и чива е кривицата тогаш? Ти мора некогаш да се уклучиш.

Ако е таму случено... Ете не сум 100% сигурен, ама 99% сум дека ако баш многу внимателно почнеш полека да идеш да се вклучиш, дека не може да не видиш кола од лево. Посебно навечер (фарови). Имало одредена кривица и кај шоферот на удрените, ама грешки се случуваат и тоа никако не го оправдува идиотот што ги удрил. Пошто ако идиотов не возел со троцифрена бројка на км/ч можеби немало ни да ги удри, а ако ги удрел немало да ги убие/осакати.
Инаку незгодно е местото, дење и пешаци многу има. Треба многу пазење таму.

Како што реков, тука пострашно во целата работа е тоа што претходно го застанале џандари и по повикај-пријател ги пуштиле. Тој министерот за правда убаво е што сака да уведе закон за вакви прекршоци ама нека земе да ги гони и џандарите. Мислам ако веќе сака да го разбереме озбилно, дека се труди да смени нешто... И казните за новиот закон треба да бидат еднакви на казни за убиство со умисла.
 
До сега не сум слушнал дека некој е казнет зашто возел побрзо од дозволеното а учествувал во сообраќајка причинета од друго лице
Јас имав таква дешавка, во зона 40 возев негде над 60 и негде на 10м од мене дотичната си сврте лево и ми пресече пат, преблиску беше да изреагирам и ја собрав во предното тркало, измерија траги од кочење 9м е сеа дали измериле точно со која брзина сум се движел незнам ама се распрашав во осигурителна компанија и ми рекоа нема панси некоја казна да имам за тоа што сум возел над дозволено


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Од сите случаи каде што имаше жртви, овој во Охрид најмногу доби медиумска помпа заради двајцата загинати дечки и повредените девојки, но гледам дека никој не спомнува дека се и тие директно виновни за сообраќајката, затоа што тие се вклучувале од споредна улица на која имало знак СТОП на кој не застанале, влегле во коловозна лената и директно му ги пресекле патот на дечкото што е сега обвинет, што и му се смета за олеснителна околност. Не се слагам со условната пресуда патем, гледам дека постои гнев кај многумина, затоа што имало претходно го знаеле дечкото дека беснее со колата и сметам дека треба да одлежи некоја година затвор заради тоа што возел 100-ка каде што е 60 ограничување.
Секој божји ден го врвам тој пат дека тука живеам. Местото кај шо е стоп знакот е многу поназад од приклучокот шо автоматски мора да си понапред со автомобилот за да имаш прегледност, а колите кои се движат од Охрид накај Св.Наум цело време возар во константна кривина(лак) на лево, плус зашумено не ни гледаш во кој момент доаѓа автомобил ако чекаш приклучок. Плус ако некој доаѓа со брзина поголема од 100к/ч, од моментот кога можиш да видиш автомобил дека доаѓа од страна на Охрид до местото на приклучок можда е една секунда. А господинот не ни возел 105 како шо е наведено во извештаите, то е брзина пред удар поради кочење. Предходно на компјутерот од автомобилот е прочитана брзина од 160к/ч. Многу добро сум запознаен со случајот бидејќи Фамилијата на Исидора се кумови на девојка ми.
 
Неколку дена пред сообраќајкава на истото место имаше уште една, памтам пошо поминавме со кола додека траеше увидот и татко ми искоментира "Шо треба да се деси за да го средат овој приклучок".
А и добро кажа членот погоре, главниот пат е како на кривина плус има мала угорница за приклучување, а и тие џбуновите од страна никој не ги средува за да се добие подобра прегледност. А сите знаат дека навечер тука прават трки понекогаш, имаше и неколку смртни случаи во последниве години. Е сеа шо прави полицијата е друго прашање.

А најавава од министеров за правда за новите закони е само маркетинг, нека се позамара малце зошо сите вакви случаи самото обвинителство ги квалификува како дела сторени од небрежност, и со самото тоа му дава простор на судот да изрече пониска казна. Еве другар правник вика дека во случај на смрт предизвикана од сообраќајна незгода, законот предвидува казна затвор од најмалку 4 години. Но и во овој случај, и во случајот на Кичеец некој добро се погрижил :)
 
dajte eden rezervoar benzin i jas samoinicijativno ke go sredam zeleniloto na taa krivina-priklucok, a da sum od toj kraj se ke sredam gratis. Ima li luge tamu sto mislat kako mene.
 
од 15 на 30 месеци за прегазување на пешачки, со смртен исход?

 
од 15 на 30 месеци за прегазување на пешачки, со смртен исход?



Мизерија. Плус капак на тоа избегал од местото на настанот и не се ни обидел да пружи прва помош. Нека видат колку е казниво hit’n’run во Америка.
 
Од сите случаи каде што имаше жртви, овој во Охрид најмногу доби медиумска помпа заради двајцата загинати дечки и повредените девојки, но гледам дека никој не спомнува дека се и тие директно виновни за сообраќајката, затоа што тие се вклучувале од споредна улица на која имало знак СТОП на кој не застанале, влегле во коловозна лената и директно му ги пресекле патот на дечкото што е сега обвинет, што и му се смета за олеснителна околност.

Еве ти го одговорот...
Они може и застанале, не ми е логично возач да не застане при уклучување таму дури и да нема стоп знак. Меѓутоа колку е прегледно ако идел другиот со 120, и чива е кривицата тогаш? Ти мора некогаш да се уклучиш.


Мислење од локалец.На излезот лево е блага кривина, обрастено со трева (во здраво општество тие се сечат навреме и некој би одговарал дополнително покрај учесниците) и многу е веројатно да немало возила во моментот (навидум) и почнале со движење.
Возилата дошле многу брзо, зборуваме за секунди (под претпоставка муабетите дека се тркале по двете ленти, тука одговорност на полицијата) и поради непрегледниот терен едноставно немало време за реакција од двете страни.

Е сега новиот градоначалник нека побарат од `горе` надвозници на сите овие хотелско приградски приклучоци за да не гледаме уште вакви ситуации.
 
Последно уредено:
ВО СКОПЈЕ

Девојка тешко повредена откако со автомобил удрила во три паркирани возила

Девојка на возраст од 22 години е тешко повредена откако со автомобил удрила во три паркирани возила. Сообраќајката се случила во Скопје околу 13 часот. Притоа, А.А. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза". Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Вчера во 13.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош", патничко возило „цитроен", со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(22) с.Сарај, скопско, удрило во три паркирани патнички возила - „пежо" и „форд фокус", двете со скопски регистарски ознаки, и „киа", со кумановски регистарски ознаки.
 
Го љетил со колата

Прегледај го приврзокот 317624

Прегледај го приврзокот 317625

Прегледај го приврзокот 317626

Ова е оравец Ѓорче кон Центар .... Хау д фак стилото го качил у спротивен правец :ROFLMAO: :ROFLMAO: :ROFLMAO:
 
Ова е оравец Ѓорче кон Центар .... Хау д фак стилото го качил у спротивен правец :ROFLMAO: :ROFLMAO: :ROFLMAO:

Удрел у бандера, па у други коли и се извртел. Некоја будалетинка ваљда у мобилен што гледа додека вози. Можел да повреди луѓе. Добро е што немало никој у моментот.
 
Драконски парични/затворски/социјални казни се многу поедукативни од било какви „мотивирачки„ видеа и кампањи.
Да, но кога важат за сите, а не селективно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom