Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

Чекич

Мајкл Оливер судиски боготац
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.305
@Чекич уште форсира дека тој што ќе продадел напаѓач на сметка на десен бек бил глупак, или не дај боже Горилаз, како да не навива за тим кој цела деценија игра со умрени бекови. Како да го нема пцуено Кандрева со години, како да нема уживано во игрите на големиот Џонатан.

Само една работа да ти кажам, Роналдо Луис Назарио Де Лима Најголемиот, лани во текот на сезоната изјави: замислете да игравме јас и Хакими во ист тим!

Значи Роналдо Луис Назарио Де Лима Величенствениот навечер пред спиење си замислувал каква перверзија би била кога тој играл да го имал Хакими во тимот, а да не спомнуваме со кого се нема играно. Значи не рече: замислете јас и Лаутаро да бевме тандем! Или јас и Ромелу Болинголи Менама да му е*ам првиот допир Лукаку, да игравме заедно.

Ете толку вреди Хакими. Нити Лаутаро ниту Лукаку ќе бидат најдобри на своите позиции, Хакими да. 3-5-2 играме што не се може без саглам бекови, а играме со Ди Марко и се надеваме дека на Дензел ќе му тргне. За ова ние што го играме многу поважни беа тие продори по десната страна отколку кој ќе ја турне во мрежа.

Сето тоа на страна, од оваа перспектива мене ми делува како Мората и Перо да знаеле одамна дека нема да можат да го спречат трансферот на Лукаку, па затоа кренаа рачна на Лаутаро. По секоја логика Лаутаро беше прв за продавање: најмногу можеше да се заработи на него во смисла на капитал гејнс, подолго беше во клубот, веќе придонесе со нешто, додека Хакими само што дојде и експлодираше и имаше да даде многу во следните години и пак да биде продаден за висока сума, и на крајот затоа што е полесно да најдеш замена за напаѓач отколку за десен бек (види Кореа и Дензел) иако се разбира и двата се даунгрејд.
Затоа Марота е Марота, баш ме интересираше што ќе праеше Интер а и Хакими ако сега место Лаутаро главна алка во напад ни беше Тучо Кореа. Ама ете сме требале да го жртвуваме еден од најдобрите напаѓачи во моментов и да го замениме со полуиграч како Тучо само затоа што Роналдо крмакот имал влажни соништа со десен бек и секако да им се прави забава на прекалените трансфер гуруа Ацо Сабатини, Ио Соно Закоски-Гризли, Маркез Моџи и уште пар други дноперти горди на фактот дека сме го имале најдобриот десен бек во историјата. Истиот десен бек заменет и повеќе од одлично за 11 мил. евра. И да видов од Дамфрис и Кореа колку е полесн да замениш напаѓач него ли десен бек. Ете тоа е Лаутаро и тоа е Хакими. И да завршиме, точно дека малце бев скромен дека треба да бидеш глупак како Горилаз за Лаутаро да го смениш со Кореа за да остане Хакими. Треба глуп ко 5 Гориловци да бидеш.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.337
Поени од реакции
11.749
Ме бендисува што барем уште неколку форумџии се свртиле од кај мене во врска со хеликоптерите на Лаутаро. Уште да се повлекува на центарот да прими топка, па непотребни финти и готово, прав Нејмар.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.625
Поени од реакции
59.481
И да завршиме, точно дека малце бев скромен дека треба да бидеш глупак како Горилаз за Лаутаро да го смениш со Кореа за да остане Хакими. Треба глуп ко 5 Гориловци да бидеш.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Лани, 20/21 сезона, од бековските позиции после 19 утакмици сме имале учинок од 7 гола и 12 асистенции од кои највеќе влече Хакими со скор од 6 гола и 4 асистенции.
Дармијан 3 асистенции, Јанг 2 асистенции и Перишиќ 1 гол и 3 асистенции.

Годинава, 21/22 сезона, од бековските позиции после 19 утакмици имаме учинок од 9 гола и 6 асистенции од кои Џанго 2 гола и 2 асистенции, Дармијан 1 гол и 1 асистенција, Димарко 2 гола и 2 асистенции и Перишиќ 4 гола и 1 асистенција.

Нападот:
Лани после 19 кола, 23 гола и 10 асистенции од кои Лукаку 12 гола и 3 асистенции, Лаутаро 9 гола и 4 асистенции, Санчез 2 гола и 3 асистенции.
Годинава после 19 кола, 25 гола и 9 асистенции од кои Лаутаро (кхм) 11 гола и 2 асистенции на 17 утакмици каде, внимавај, ниту еднаш не изиграл 90 минути.
Џеко, 8 гола и 3 асистенции (3+1 има у ЛШ), Кореа 4 гола и 1 асистенција и Санчез 2 гола и 3 асистенции.
Средина:
Годинава 21/22 сезона, 11 голови и 19 асистенции од кои Броз 1 асистенција, Барела 1 гол и 8 асистенции, Хакан 6 гола и 8 асистенции, Гаљардини 2 гола и 1 асистенција, Видал 1 гол и 1 асистенција и Весино 1 гол.

Лани 20/21 сезона, 6 гола и 15 асистенции од кои Броз 1 гол и 6 асистенции, Барела 2 гола и 6 асистенции, Гаљардини 2 гола и 1 асистенција, Видал 1 гол и 2 асистенции. Ериксен има 0 со 0 на 9 настапи у првите 19 кола. Сенси ништавило и лани и сеа, греота.

Поразноврсна е средината сеа иако Хакан се двои, лани тоа беше Броз ама оваа статистика му стоела и во продолжение, до крај само уште 1 гол има дадено. Барела исто.

Одбрана:
Годинава 21/22 сезона, 3 гола и 2 асистенции од кои Миланче 2 гола и Дамброзио 1 гол. Димарко има дадено 1 гол кога играл како штопер али неговата статистика ја броев кај бековите. Гери има 2 асистенции.

Лани 20/21 сезона, 6 гола и 4 асистенции од кои Миланче и Гери имаат исто, 2 гола првиот, 2 асистенции вториот, Де Фрај 1 гол и мастерклас на Дамброзио со 3 гола. Ранокија и Коларов имале по 1 асистенција.

Во одбраната статистички двои класата на Данило Дамброзио, нема што да се дискутира и анализира.

Ако добро избројав, годинава иаме 15 различни стрелци, лани сме имале 12.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.625
Поени од реакции
59.481
Враќање Сенси во Сасуоло и да им го земат оној со тетоважата на вратот и топ ќе сме напред. И онака за ништо не се борат тие, златна средина, може да се заврши сега во јануари.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.326
Поени од реакции
15.578
Приоритет број еден е продолжувањето на договорот на Броз, приоритет два е да го земеме Кеси, приоритет три е продолжување на договорот на Перо на година-две или наоѓање соодветна замена, не некој фенси вонаби играч туку радник, искусен, некој што ќе ора за тимот.
 
Член од
24 февруари 2014
Мислења
736
Поени од реакции
1.172
Кеси може да се земе само за пенали шутирање, за ништо друго не го гледам во тимов. Не може да ја игра на Брозо позицијата, а ако се земе нешто на местото од Барела/Хакан боље да се земе Фратези од Сасуоло. Или оној Максим Лопез од кај нив исто ми фаќа око ама тој е баш плеј како Броз.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
4.121
Поени од реакции
10.032
За пенали можеме и Пинамонти да го вратиме, не треба Кеси фала. Нека им го на ПСЖ нека си праат дрим тим.
 

Ibrakadabra

Wimoweh, wimoweh...
Член од
17 јуни 2007
Мислења
1.671
Поени од реакции
790
Броз договорот... тоа е моментот главен сега.
Ако не продужи - наебавНе... :/

Тројкава во средина гази, ама еден од нив ако е повреден ќе зашкрипиме јако, да не зборам 2ца или ако Чалханоглу е ван форма ко што знае да го снема...

Со Торино без Барела и тврда утакмица, а Видал коректно изигра.

Тенка е клупата за средниот ред. Гаља, Весино, Видал и Сенси не го ни рачунам.

Клупава што ни е од среден ред треба комплет да се смени, ама најверојатно сценарио е дека Видал и Весино нема да бидат тука наредна година. Гаља - не мрда, 100%. Жалам... :)

Санчез до лето аут, Џеко 30-40% утакмици да може да пружи, топ... Лаутаро/Кореа и неки Скамака тип на напаѓач. (Не буцено Петања или ќумбено на Инзаги од Лацио)...

Марота е ќути бутни, Кеси мислам дека не му е таргет и бара плата ко да е Броз и Барела у едно...

Штопер исто еден квалитетен за у стартна постава веројатно е да треба летово и еден за ротација...

Де Фрај мислам ќе иде за крупна пара летово, 45-50м.

Со Болоња 1:1, црвен/пенал контра нас ќе има... и така :)
Автоматски споено мислење:

Уште ова...

Мислам дека Инзаги вади(добива) максимум од играчите.

Перишиќ, Џеко, Лаутаро, Чалханоглу, Алексис, одбраната (6 утакмици по ред без примен гол)

Барела едино е онака оваа полусезона, може повеќе... иако асистенции има... и Броз нема бројки за статистика вадел и знаел и повеќе ама друга е неговата работа у тимов, а таа ја врши беспрекорно.
 
Последно уредено:
Член од
7 август 2011
Мислења
4.960
Поени од реакции
15.185
Ги зимаме скамака, распадори и фратези, а во сасуоло ги праќаме сенси, весино, пинамонти и 30 мил во бонуси, од кои 20 лесно остварливи, а 10 ако освоиме лш (значи исто така лесно остварливи со дон инзаги). Нашиве ќе ги процениме 90 мил, заради шампионското искуство, па ќе испаднеме ќар со плусваленцата. Вилма русковска ќе дојде ќе истражува и ќе ја избркаме на клоци јер све е чисто. Лево го зимаме госенс, а десно мазрауи. Од ајакс може да го земеме и лисандро мартинез секад услевале аргентинци кај нас, занети ќе среди да прифати ротација малиот. После ова ги продаваме токените $inter (така ни пишува на дресовите) што ни качиле на цена заради титулата во 2022 и остваруваме голема капитална добивка. Со тие пари го плаќаме стадионот и све е добро.
Август 2022, маркез официјално ќе се извини за сите навреди кон оризарите, овој пат нарекувајќи ги потомците на хан династијата и големата кинеска култура - Стивен Жанг и неговиот татко големиот Жан Јиндонг кси јин пинг.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
4.121
Поени од реакции
10.032
Мислам дека Инзаги вади(добива) максимум од играчите.

Перишиќ, Џеко, Лаутаро, Чалханоглу, Алексис, одбраната (6 утакмици по ред без примен гол)

Барела едино е онака оваа полусезона, може повеќе... иако асистенции има... и Броз нема бројки за статистика вадел и знаел и повеќе ама друга е неговата работа у тимов, а таа ја врши беспрекорно.
Искрено мислиш дека на Лаутаро ова му е максимумот?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom