Јозак беше добро решение да го стабилизира клубот, барем кога е прашање спортската политика, затоа што доаѓа потежок период од Динамо. Баш затоа што Мамиќи немаат некој план, освен да задржат што поголемо влијание.
А мислам дека и сега ќе освојат титула, но ме плаши од тоа што следи. Другите се подобруваат, Динамо нема веќе да има подршка од разни структури во Загреб и цела Хрватска, Мамиќ се повеќе ќе штети само... Всушност, ова и не е лошо за целата лига, лошо е што Динамо е неспремен. Ако ништо друго можеби ќе се расчисти со Мамиќ.
Скроз си во право. Ќе биде многу тешко да се направи состав догодина. Далтони од Босна не смеат да мрднат и нема кој да им ги прави преговорите, а засилувања внатре во ХНЛ баш и нема.
Играчите што прават разлика во однос на конкуренцијата се: Адеми, Петковиќ, Оршиќ, Ливакови, Иванушец, а секој од нив е веќе созреан за трансфер во странство. Замени на видик има само за Ливаковиќ - Невистиќ од Локомотива. Тој e екс играч Ријека со највисок број на одбрани во групна фаза на ЛЕ пред 2 години и доста млад - 98 годиште.
Ќе мора догодина некој од младите да направи значаен скок иако сум скептик. Не мислам дека Антонио Марин ќе може да го замени Оршиќ или Мартин Батурина некого од средниот ред. Засилувањата од типот на Јуриќ, Шпикиќ, Штефуљ кои се добри играчи за Хрватска лига нема шанси да можат да покрија такви дупки.
А Хајдук спрема состав да се смрзнеш. Ливаја, Кривоновиќ, Елез, Катиќ, Калиниќ, Мелњак, Млакар, Ловренчич, па топ млади таленти како Биук и Љубичиќ и најверојатно ќе го донесат Никола Калиниќ сега на зима. Осијек сигурно ќе може да ја задржи оваа екипа што ја има и Бјелица и се збори дека ќе го носат Вида, a Ријека е можеби најдобро воден спортски клуб во овој дел од Европа и иако немаат скршен денар секогаш успеваат да ископаат некои играчи и имаат победнички менталитет. Ќе биде многу многу тешко да се задржи и оваа сезна титулата, а не пак следната.