Фан Клуб: Динамо Загреб

Член од
23 август 2010
Мислења
39.484
Поени од реакции
114.445
Да се надоврзам само на буџетите. Ријека во последните 3 години има продадено играчи во вредност од 38.2 милиони евра, а купено играчи за 2.8 милиони евра. Тоа се само пари што директно се дојдени од продажба, а каде се пари добиени од бонуси на продажбите или проценти од следните продажби, пари добиени за развој на играчи, играње во групи на ЛЕ.

Осијек има 12 милиони во истиот период, а купено играчи за 4.1 милион евра.

Хајдук има во тој период продадено играчи за 44.35 милиони евра, а купено играчи за 3.5 милиони евра.
Динамо како е моментално со јачина? Мислам, претпоставувам дека ќе ги издуваат лагано овие од Грузија, ама зборам за нешто повеќе.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Динамо како е моментално со јачина? Мислам, претпоставувам дека ќе ги издуваат лагано овие од Грузија, ама зборам за нешто повеќе.
Ако не се продадат Олмо и Ливаковиќ тогаш нешто појаки од лани. Во одбрана се донесоа Иво Пинто на десен бек кој што е унапредување во однос на Стојановиќ и Франсоа Мубанџе на лев бек кој што е унапредување во однос на Леовац. Мубанџе е стандарден репрезентативец на Швајцарија, 29 години донесен од Тулуз.
Единствен излезен трансфер сега за сега е Рахмани - централен дефанзивец продаден за 2.5 милиони на Верона. Со оглед на тоа дека младиот Периќ се профилира како доста добар стопер и моментално најголемиот талент од школата Гвардиол е на таа позиција, заминувањето на Рахмани не е воопшто хендикеп. И онака лани прв стоперски пар беа Дилавер - Теофил Катерин.

За Грузијците и без Олмо и Ливаковиќ се прејаки, но после испаѓањето на Хајдук од „гигантите“ од Малта не би се курчел премногу.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Рутински 2-0 против Сабуртало. Првото полувреме дефинитивно за заборав. Или премногу ги потценија грузијците или плански им се остави иницијатива да се опипаат да се види колку ги бива. Како и да е по 1 добра шанса на двете страни цело полувреме и иницијатива на Сабуртало.

Второто полувреме посериозен пристап и од неколку шанси паднаа 2 гола. Многу бизарна ситуација на крајот. Судијата во 94та минута призна, па после тоа поништи гол. Јас до сабајлево мислев 0-3 дека завршила.
Стрелци на головите Оршиќ и Петковиќ (пенал изборен од страна на Оршиќ).

Што се однесува до трансферите, Олмо е сеуште играч на Динамо. Се погласно се зборува дека постои шанса да остане оваа полусезона, но веројатно го очекува појачан договор. 100.000 евра месечно би требало да заработува со новиот договор.
Монпеље не се откажува од Ливаковиќ и како потенцијална замена се спомнува првиот голман на Австрија и Грасхоперс кој што моментално е без клуб. Како втора опција се спомнува Ибрахим Шехиќ од Ерзурумспор.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Таман ги пофалив дека добро работат и паф....Иван Шуњиќ во Бирмингхем.

Поглуп трансфер потег не сум видел во животов. Гаси светло.....
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Не дека е некој показател, али убаво е да се види вакво нешто. Пробиена границата од 100 мил. евра.

1568639666487.png

1568639698267.png
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.254
Поени од реакции
14.559
Конечно една добра вест... Ромео Јозак, најзаслужен за тоа што Динамо стана препознатлив по создавање на добри фудбалери, повторно се враќа на позицијата спортски директор.

Има текстови дека е послушник и лице од доверба на Мамиќ, но мене не ми делува како таков. А време е да се отстрани влијанието на Здравко. Нема да биде толку едноставно, но ми делува дека е неизбежно да се случи такво нешто. Гледам дека и негови поранешни подржувачи и соработници креваат раце од него.

Јозак има две задачи што мора да ги реши за брз период. Да избере тренер и да направи добра селекција од еден куп новодојдени фудбалери, кои не никако да ја оправдаат довербата, а не би било лошо и да се направи некој паметен трансфер во јануари.

Мора да се среди составот, не беше направена добра работа откако во еден преоден рок Динамо остана без квалитетни фудбалери (Мајер, Гвардиол, Јакиќ, Гаврановиќ).
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Мора некој да биде спортски директор да може да донесат играчи надвор од ХНЛ и Босанска лига. Мамиќи до таму само може да преговараат. Затоа и толку време не сакаа да го сменат Крзнар за на крај тој самиот да даде оставка и да мора да остават на бивш хајдуковец кој е моментален шеф на младинскиот погон да биде тренер.

Ај што ги продадоа Мајер и Гвардиол, реално не можеш да ги задржиш. Јакиќ го продадоа бидејќи бојкорираше да игра, но продавањето на Гаврановиќ е дебилен потег. Дадоа играч кој не се буни да стартува од клупа, во животна форма и најдобри години кој има искуство на играње на високо ниво и што е најважно сам кажа дека не сака да си иде туку го избркале за да искешираат брзи 2 милиона од турците.

И сега нормално главен проблем на Динамо е што не може да даде гол и 900 минути да трае утакмица. Ќе отварале место за Јуриќ кој во кариерата има само 1 пристојна прволигашка сезона и не е баш најмлад. И сега ни тој не игра, туку замена за Петковиќ е Андриќ кого сакаа да го продадат по секоја цена, но не најдоа ниту еден купец ни за на позајмица и по некое чудо остана. На тоа се сведе, спасител да ти биде играч кој што до пред 3 месеца плаќаше за да се ослободиш од него, а докажана класа која што сакаше да остане ја избрка.

Каков преоден рок секој чест не можеш да одбереш кој потег е најлош. Нема да ме изненади да не освојат титула што и реално нема да е некоја трагедија ако успеад да се протнат сепак во Конференциската лига.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Конечно една добра вест... Ромео Јозак, најзаслужен за тоа што Динамо стана препознатлив по создавање на добри фудбалери, повторно се враќа на позицијата спортски директор.

Има текстови дека е послушник и лице од доверба на Мамиќ, но мене не ми делува како таков. А време е да се отстрани влијанието на Здравко. Нема да биде толку едноставно, но ми делува дека е неизбежно да се случи такво нешто. Гледам дека и негови поранешни подржувачи и соработници креваат раце од него.

Јозак има две задачи што мора да ги реши за брз период. Да избере тренер и да направи добра селекција од еден куп новодојдени фудбалери, кои не никако да ја оправдаат довербата, а не би било лошо и да се направи некој паметен трансфер во јануари.

Мора да се среди составот, не беше направена добра работа откако во еден преоден рок Динамо остана без квалитетни фудбалери (Мајер, Гвардиол, Јакиќ, Гаврановиќ).
Севиљ,а ? Го сакна Динамо :D
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.254
Поени од реакции
14.559
Севиљ,а ? Го сакна Динамо :D
Какви се сезонава, само против Шериф имаа некои поосетни шанси. Другиве, дури и Зенит, се големи фаворити.

Јас сакав Барса да им се падне. Да проба да се искористи шансата и да падне еден европски великан. :)

Не дека со другите гледав некои големи шанси, но со Севиља би било чудо да поминат.
 
Последно уредено:

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Какви се сезонава, само против Шериф имаа некои поосетни шанси. Другиве, дури и Зенит, се големи фаворити.

Јас сакав Барса да им се падне. Да проба да се искористи шансата и да падне еден европски великан. :)

Не дека со другите гледав некои големи шанси, но со Севиља би било чудо да поминат.
Шериф би бил супер ждрепка, но Зенит, па можеби и Аталанта може да се каже дека се екипи со кои може да се игра. Не верувам во проаѓање против било кој, но едно е Севиља против кои имаш шанса како прасе во ноември, а друго овие 3-4 екипи кои може да се добијат во 1 утакмица дома.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Ништо од Јозак.
Ништо страшно. Него веќе со години го нема. Копиќ искрено не знам што мустра е. До сега сите резултати му се мех каде и да бил, а добива и тренерска позиција и позиција на спортски директор. Динамо се става во ситуација како Манчестер Јунајтед со Оле. Немаат план што и како понатаму, па се надеваат дека некој ВД ќе се покаже како постојано решение.

Не сум оптиминист, сеуште мислам дека титулата ќе избега и дека глатко ќе се испадне од Севиља.
 
Јозак беше добро решение да го стабилизира клубот, барем кога е прашање спортската политика, затоа што доаѓа потежок период од Динамо. Баш затоа што Мамиќи немаат некој план, освен да задржат што поголемо влијание.

А мислам дека и сега ќе освојат титула, но ме плаши од тоа што следи. Другите се подобруваат, Динамо нема веќе да има подршка од разни структури во Загреб и цела Хрватска, Мамиќ се повеќе ќе штети само... Всушност, ова и не е лошо за целата лига, лошо е што Динамо е неспремен. Ако ништо друго можеби ќе се расчисти со Мамиќ.
 
Скроз си во право. Ќе биде многу тешко да се направи состав догодина. Далтони од Босна не смеат да мрднат и нема кој да им ги прави преговорите, а засилувања внатре во ХНЛ баш и нема.

Играчите што прават разлика во однос на конкуренцијата се: Адеми, Петковиќ, Оршиќ, Ливакови, Иванушец, а секој од нив е веќе созреан за трансфер во странство. Замени на видик има само за Ливаковиќ - Невистиќ од Локомотива. Тој e екс играч Ријека со највисок број на одбрани во групна фаза на ЛЕ пред 2 години и доста млад - 98 годиште.

Ќе мора догодина некој од младите да направи значаен скок иако сум скептик. Не мислам дека Антонио Марин ќе може да го замени Оршиќ или Мартин Батурина некого од средниот ред. Засилувањата од типот на Јуриќ, Шпикиќ, Штефуљ кои се добри играчи за Хрватска лига нема шанси да можат да покрија такви дупки.

А Хајдук спрема состав да се смрзнеш. Ливаја, Кривоновиќ, Елез, Катиќ, Калиниќ, Мелњак, Млакар, Ловренчич, па топ млади таленти како Биук и Љубичиќ и најверојатно ќе го донесат Никола Калиниќ сега на зима. Осијек сигурно ќе може да ја задржи оваа екипа што ја има и Бјелица и се збори дека ќе го носат Вида, a Ријека е можеби најдобро воден спортски клуб во овој дел од Европа и иако немаат скршен денар секогаш успеваат да ископаат некои играчи и имаат победнички менталитет. Ќе биде многу многу тешко да се задржи и оваа сезна титулата, а не пак следната.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
@Hm_Hm опаа бомба денес. Петар Бочкај од Осијек во Динамо. Одличен лев бек/винг бек, страшен технички и физички.

Главен проблем со него е во неговата глава, веќе до 23 години беше лечен за зависност од коцка и алкохол. Има еден куп сообраќајќи, а после таа каде што влета во бензиска пумпа и ја разби целата Осијек го имаше отпуштено, иако во тој момент им беше најдобар играч. Беше без клуб беше полусезона, па го земаа за помали пари назад. Уз тоа има и вишок килограми кои сега не му сметат, но ќе му ја скратат дефинитивно кариерата. Ако се среди малку со килажата, а изгледа малку главата ја стабилизирал е топ засилување.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom