Корејски филмови

Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
Барајќи еден филм на LB, видов некои коментари од Гранде и вато и Гранде му го препорачуваше The thieves.

Не знам дали вато го изгледал, али ја го гледав. :D

Ништо посебно реално, делува ко бледа копија на трилогијата на Оушн.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
Creepy time travel movie на уникатен и поинаков начин.

Call
Го глеав сега.. има можда некои нелогичности ако го стаиш под лупа, али интересен е и вреди да се изглеа.. и не го гасете кога ќе почнат кредитите
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.751
Поени од реакции
9.786
The Wailing (2016)



Како никој не го спомнал филмиштево бе? Најдобар хорор/мистерија филм што го имам гледано у животов, hands down. Неверојатна вожња oд почеток до крај, must watch.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.203
Поени од реакции
8.296
The Wailing (2016)



Како никој не го спомнал филмиштево бе? Најдобар хорор/трилер/мистерија филм што го имам гледано у животов, hands down. Неверојатна вожња oд почеток до крај, must watch.
добро утро хехе
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.751
Поени од реакции
9.786
Барај во филмови некаде 2017 доста е коментиран нз како ти си го пропуштил
Можеби, небитно у секој случај кој не го гледал мора да го гледа. :)
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.792
Поени од реакции
1.703
Ајде да го пишам филмот во случај да не го пишал некој друг
The Man Standing Next/Namsanui bujangdeul
Се работи за Корејска драма за која е потребно одредено знаење од Корејската историја, па така не е за сечиј вкус. Во филмот се обработуваат последните месеци и моменти од режимот на Парк Чунг-Хи кој доаѓа на власт на место на еден од најголемите диктатори Сингман Ри кој е лидер уште од Корејската војна се додека Парк не направи воен удар и ја превзема власта за себе. Се обработуваат теми како валидноста на пучот, промената која ја носи власта и дали се претвараш во поголем диктатор од диктаторот кој го заменуваш. Би требало повеќето настани да се вистина, но има некои моменти како тоа дека телевизијата била црно-бела тоа време пошто Парк повеќе се бендисувал во црно бело, а Кореја ги одржува Олимписките игри во 88ма, go figure. Сепак е добар пример за длабоката системска корупција која е присутна до ден денес во Ј. Кореја, а е зацементирана од наследникот на Парк, режимот на Чун Ду Хван во 80те.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.792
Поени од реакции
1.703
Барај во филмови некаде 2017 доста е коментиран нз како ти си го пропуштил
Не знам што се излажав да барам каде бил дискутиран, отидов во Хорор филмови темата и го прочитав следниов коментар кој го раскажува филмот и еве пола саат се смеам како ретардиран, најдобар коментар што сум го прочитал на форумот а воедно и најдобар опис на еден филм. Ќе го ставам во спојлер
Кратко резиме на овој прекрасен филм!

Лик со даунов синдром и ментална ретардација којшто ја кова жена му дење у кола и ќерка му ги гледа повремено, е цајкан, член на полициска станица составена од 5-6 други цајкани од Златан Сремац.
При неколку инциденти во кои се понаша ретардирано, паѓа на рамна земја и се движи како лоботомиран, во неможност да запре миниони на некој зол дух којшто ги зема душите на истите со фотоапарат за сликање (нова верзија на одблесок од огледало, само овој пут од блиц пошто злите духови се модернизираат заедно со напредокот технологијата), сфаќа дека можда злиот дух е сумњивиот јапанец којшто живее сам на планина.

Злиот дух иако без гајле може да праи миниони, да оживува мртовци и слични срања, за да ја обземе ќерката на ликот со даунов, мора да помине 5 комплексни фази кои не му се толкава пречка за другите жртви, а ликот со даунов, не смее да напраи грев, со што сеа за сеа злиот дух може само да предизвика симптоми на сипаница и антисоцијално психотично понашање кај ќерката на спориот доброчуден цајкан кој личи на Strifecro.

Но тука е добриот дух, заштитникот на градот којшто исто така има ментална ретардација и фрла со камчиња по другите ретардирани ликови (всушност целиот град е збиралиште на лица со посебни потреби). Добриот дух не може експлицитно да објасни ништо, не може да отиде и да му каже на цајканот со даунов што се дешава, не, туку му пушта сумњиви визии на цајканот. Цајканот после огромниот притисок, откако више отишол еднаш кај злиот дух со неговиот пријател којшто наоѓа слики од сите жртви на духот и тристо срања во собата на странецот којшто е запоседнат од злиот дух, само што не му кажува одма на дебелиот ретардиран цајкан туку му кажуе кога се више у кола за назад, рејџа пошто ќерка му го јаде, се враќа назад и го убива кучето на злиот дух којшто му се надркува.

На сцена настапува шаман, повеќе шабан којшто личи на Аца Лукас и праи сумњиви циркуски маневри, гриди преварант кој погоди што? Е минион на злиот дух и сака да го заебе спориот цајкан којшто е жртва на сопствената глупост. Шабанов му бара пари на цајканот за да напраи ритуал у кој ќе ја убие ќерка му, цајканов плаќа, но во задњи момент го скратуе сето тоа ради хиперемотивност и ги брка сите вклучувајќи го и шаманот, со закана дека ќе ги уапси (он ги викнал) и шабанов се заебуе, не успева да го заебе девојчето иако го тргнал гавранот којшто е стаен од аутистичниот добар дух за да го заштити девојчето.

Идат дебелиот и другарчињата пак кај злиот дух кој им пушта зомби со кое овие се тепат ко рахитични и зомбиво заразуе еден којшто го мутилираат со некое орудие и откако се изборуваат, го бркаат злиот дух кој ги ѕирка цело време, странецот со злиов дух у него рипна од карпата пошто сака да се спаси од нив (ЗОШТО, НЕЛИ ДЕБЕЛИОТ ТРЕБА ДА НАПРАИ ГРЕВ И ДА ГО УБИЕ??), за да го види добриот аутистичен дух којшто го сталка од некоја далечина и бегајќи од добриот аутистичен дух, после 1 саат он се џитка некако на колата во која е дебелиот со неговата багра, го убиваат странецот којшто е возило на духот, цајканот праи грев, све тоа супер, го јаде пак пошто е супер глуп, повремено пушта сумњиви крици и плаче тетеравејќи се наоколу (искрено му се радував малце на несреќата).

Го јаде цајканот, шабанов сфаќа дека дебелиов наседнал, но доаѓа у сусрет со добриот аутистичен дух од кој почнуе да повраќа, бега и се моли на Буда (зошто по ѓаволите кога е лош?), злиот дух у комбо со шабанот успеваат на крај да ги преебат и дебелиот и ќерка му и све тоа пошто добриот дух пати од аутизам и неспособност за кохерентно изразување. На крај аутистичниот христијански свештеник го наоѓа у пештерата злиот дух којшто го трола 5 минути, после го слика, а овој седи ко посран и плаче.

Једино рационално објаснување е дека злиов дух решил да го трола целото селце пошто видел дека сите се аутистични и му било досадно.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.792
Поени од реакции
1.703
Ode to My Father/The Gukje Market

Мислам дека го немам пишано овој филм. Според мене ова е најдобриот Корејски филм што сум го гледал квалитативно секако, дури подобар и од Паразитот. Се работи за приказна раскажана низ животот на еден старец кој живее во истоименот Гукџе пазар (ова значи Интернационален или пазар за меѓународни производи) во Бусан. Приказната започува со неговото доаѓање, преку Чудото на Божиќ , од Северна Кореја во Бусан. За неговото детство како имигрант, а преку неговиот живот и за судбината на Корејскиот народ. Многу познати личности поминуваат низ филмот, како основачот на Хјундаи, првиот корејски моден дизајнер Андре Ким, познат пејач-војник во Виетнам и сл. Ова е еден од ретките Корејски филмови кој може да се носи со Западните, без користење надреалистични метафори (луѓе што ти живеат во подрум и ти палат светло пример). Само заменете ја Кореја со Македонија и ќе добиете сличен филм, деца бегалци од Грција/Егејци, родители Арбајтен во Немачка/Гастрабајтери, борци во туѓи земји, инфериорност во однос на други нации и слични теми кои ги обработува филмот.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Train to Busan

Автоматски споено мислење:

Читам како Паразит ви бил јак и мастерклас филм.. мене воопшто не ме дотакна, милион други корејски има што се подобри филмови.. првиот корејски што го гледав одамна (доцни тинејџерски години) беше My sassy girl каде што потоа америве направија римејк.. после тоа едно време гледав пред се романтични и комедии па фатив накај трилери и хорори, за последниве 5-6 години само траин то бусан го изгледав и толку.. Исто така имаше и еден прејак филм комедија кој сум се газел од смеење ама го заборавив како се викаше.. кога ќе ми текне ќе го пишам..
 
Последно уредено:
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
@123456 еве ти листа за до февруари. Има да ги спукаш ко рандом буцко што спукува чинија пивтии за Водици. :D

Првите 8 од листата погоре ми се изгледани, а вкупно 12/100.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom