Сите 3ца денес да ги собереш по десна страна еден просечен играч нема да склопиш.
Не знам што им беше поентата со крпеници како Флоренци и Месиас. Првиот не ни го ни требаше, 0 имапкт еве 20+ утакмици. Тука е Калулу и Конти за недај боже, и покрај тоа што истиот е печен за да му се придружи на колегата му од Аталанта - Калдара, во некое дно тимче.
Месиас игра топло ладно, нам ни треба константност, а ако константноста кошта пари, ондак младич некој нека фураат.
Едноставно преголема дупка имаме по таа страна и нема теорија да се надеваме на нешто повеќе од топ 4 пласман се додека не најдат расен голгетер и некое екстра засилување на десна страна. Веќе преку стап ми е дојдено од крпеници позајмици и 30 годишни пропалитети.
Жиру воопшто не ме импресионира досега, џабе што знае да шамара некои треторазредни аматери од Венеција, Специја или куров ми ленче.
Ајде и оваа сезона ќе се задоволиме со топ 4 бидејќи реално не сме за повеќе и сите се согласни околу тоа. Но, веќе следната Милан мора да направи исчекор нагоре и да биде многу посериозен кандидат за Скудето.
Реков и претходно, 2-3 играчи се во прашање и Милан веќе ќе има реални шанси и за Скудето и за поминување групи во ЛШ.
Ама со плукни-залепи политика тоа уште долго време нема да се случи.