Апасиев бил во СЈО кое како СЈО е консензуално формирано од сите партии и промовирано од тогашниот премиер.
ДПМНЕ е соучесник, учесник, дел од одродувањето, од предавството.
Иритира кога се удира по Апасиев, а се игнорира фактот дека тогаш, во 2016та, единствениот избор беше да не се гласа. Тие беа единствените избори на кои апстинирав.
За кого да гласам? За Груевски, кој за коалиција и за пратеници ги продаде мавровските работници? Го стави Форина министер за одбрана, на мала врата ја бутна двојазичноста, си играше со трагедијата на семејствата на бранителите, претходно договорен со ДУИ да тераат курташак и договорен со Протуѓер да ги смирува медиумите. За тој ли?
За Мијалков ли? Шо изгоре еден куп бизниси оти му беа конкуренција, стана милијардер, на којзнае каков мистериозен начин.... мистериозен начин кој не стигна до јавноста оти разни сведоци се самоубиваа така шо се решетаа сами во комбиња... шо не гледаше ништо освен лично богатење, а кога тоа негово богатство можеше да го изгуби, влезе во неизрешетани комбиња да се заканува, подмитува и убедува пратеници да гласаат за промена на име. Шо од УБК направи приватна агенција за мавање рекет, па некој после него тоа само го приспособи за сопствени цели, макар шо аматерски.
Да ги бројам ли? Група корумпирани мекотели на кои одма кога слободата или парите им станаа неизвесни направија фракции во партијата, излегоа од парламентарна група, преку ноќ заборавија дека овие од другата страна ги викаа Кољо Смрт и с'скаа ужалени дедовци да им вршат атентат, па почнаа со пофалби за Заев и добрите политики на СДС по колумни. Даваа лажни сведоштва по судови, се појавуваа по реклами, маваа пропаганда по портали, се колнеа во ЕУ и НАТО.
Тие ли беа поарни од Апасиев? Срамота е да се споредува Апасиев со таа група на...луѓе. Бил во СЈО. Еден месец бил во СЈО. Бил на протест. На два протести бил. Страшно. Какво велепредавство напраил шарениот куртон Апасиев, додека премиерот, шо бил гласан да ги брани интересите на народот и ја имал цела моќ на државниот апарат, го формира тоа СЈО, ја бира неписмената Катица и ја фали неписмената Катица како одличен избор. Неговите кадри, неговите избрани луѓе пеат химни и отвараат врати на парламент, а по некое време ја отвараат и вратата за членство во НАТО. Без тие осум храбри избрани луѓе на Груевски немаше денес да бидеме членка на НАТО, рамноправна, ramodoramo so golemite.
Апасиев, шо секогаш* бил принципелен во ставовите, не смее да се претставува како поголемо зло од бандата груевци и да се создава лажна слика дека бандата била помало зло и кнедла шо требало да се голтне во 2016та за да се спречи ова шо сега не снајде. Немаше да се спречи. И бандата одлучи да не се спречи. Видеото горе е само еден пример. Ги има многу.
*освен со скафандерите, кога спремаше тужба против кокошката од сдс за „биотероризам“, а не кажа ништо за ист случај кога требаше оној Мицевски да гласа недоверба.