Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    728

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.967
На крају краева што е битно дали ЕУ или Кина се поголем пазар?
На ЕУ и треба енергија секако МОРА од некаде да ја набави. Тоа е реалноста и таа реалност покажува колку е ретардирано да се му закануваш на продавачот на за тебе неопходен ресурс кој МОРАШ ДА ГО КУПИШ ОД ТОЈ ЕДЕН ПРОДАВАЧ. Ок, не купувај. Смрзни се зимава. Види како тоа ќе ти направи било што добро.

Од друга страна што фалус ги боли на ЕУ што Русија преместува војска на сопствена територија и далеку од граница на ЕУ држави? Што не се заинтересираат зошто НАТО (САД) трупаат војска и оружје до границите со Русија? И тој Путин па, се замислува Наполеон... Кај нашол да ја постави државата до амерички воени бази и до НАТО членки? Безобразие!
 
Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.418
Поени од реакции
9.744
ucesnici vo Severen Tek

https://www.nord-stream.com/about-us/
germanski, holandski, francuski kompanii.

ziva glupost e deka Germanija bi bila protiv ovakov proekt, koj i dozvoluva
da bide glavna za re-distribucija na gas vo centralna Evropa
(ima golem kapacitet na povrzanost so Avstrija, Svajcarija, Holandija, valjda i so Francija)

Severen Tek 2 doagja na steta na istocno evropska sirotinja (Polska, Ukraina, Slovacka)
tie kje gubat od prihodite za tranzit koi gi dobivaa od gasovodite koi minuvaat niz nivna teritorija.
Ukraina, imase dolgorocni dolgovi, i jasna e situacija tuka.
Polska iako imaat ok sorabotka, ima strasno anti-Ruska klima, povekje od istoriski pricini.
Slovacka e edinstvena od ovie so ima nekoj ok-dobri odnosi so Rusija.
koga kje pocne da tece Severen Tek 2, ovie gasovodi moze da sluzat samo za snabduvanje na ovie zemji
(Slovacka nema pristaniste, Polska vekje izgradi LNG terminal, Ukraina ne znam hhh)

gas od cevka ili LNG - Germanija nema ni eden terminal za LNG!
Hrvatska i drugi wanna-be drzavi imaat, Germanija nema.
sekoj muabet na dominacija na LNG vo Evropa zavrsuva tuka (UK vekje ne gi racunam tuka)

mapa na terminali i nasoki na trgovija so gas

europe_lng.png

error_analysis_algebraic_model.jpg

katarski gas LNG - tie imaat dolgorocni dogovori pretezno so Azija - Indija, Kina, Japonija i Avstralija
zemji koi ne izmisluvaat novi energetski politiki kako EU sekoja den
so bi se reklo, katarskiot gas vekje e taksan za kade bi odel
malku postara mapa so kapaciteti
(imav povekje materijali za ova pred nekolku godini, ako gi najdam, kje spodelam vo soodvetni temi)

screen-shot-2018-05-14-at-10-49-06-am.png

so vojnata vo Sirija, i ruskata pozicija tamu, sekoja ideja za gasovodi od katar/iran kon evropa e zavrsena rabota.

vo naredni 5-10 godini ne gledam nekoja znacitelna promena vo dostava na gas za evropa, mada muabetite kje si odat kako i sekogas.
gasovod i LNG terminal ne se pravi od denes za utre.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Да се согласувам со тоа. Русите се спремни да јадат корења и земја ако тоа е потребно да опстанат многу повеќе него ли европјаните. Ама работата е што на рускиот народ треба да им се даде доволно добра причина, доволно силна причина за да го трпат тоа. Да бидат уверени дека нивниот опстанок е загрозен, дека е ова или крај.

Дали уништување на нивната економија и животен стандард поради инвазија на Украина е доволно добра причина, не знам. Мислам дека се спремни да го трпат тоа ако таква војна се заврши брзо за месец дена. Ако тоа трае подолго, гинат руски војници, дома економијата трпи, Путин при такво сценарио би бил во неволја.
Доволно е на русинот да му се каже дека пак со Германија треба да се војува, не се потребни дополнителни мотивации за жртвување.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.456
Поени од реакции
24.676
Доволно е на русинот да му се каже дека пак со Германија треба да се војува, не се потребни дополнителни мотивации за жртвување.
bonus barem 2 pati ke treba da se pregazi polska :)
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.836
Поени од реакции
36.873
Од кого ќе купуваат ЕУ „пет пати поскап гас“?
LNG од САД? Па не ли ја следиш состојбата на светскиот пазар и дека почнувајќи од есенва побарувачката е толку зголемена што САД не можат да постигнат да задоволат ни мал дел од неа... Капацитетите и транспортот се лимитирани. На страна што држави како Германија треба да се суицидно глупави да купуваат пет пати поскап гас заради амерички интереси. Јес да Америте имаат влијание во Германија, и тоа големо, но не толку за да ги натераат да извршат економско самоубиство.

Доказ за ова што го кажувам е постоењето не на еден, туку два ДИРЕКТНИ гасоводи од Русија кон Германија. Не дека не постојат и други (гасоводи), низ Украина и Полска.

Така да муабетов е излишен, што би ти било јасно да беше објективен и ако ги гледаше работите реално (а не според светоглед произлезен од амерички медиуми).

Немам проблем со навивање (и јас си навивам), проблем е кога навивањето ти посметува во објективноста. :)

Па целосно обратна е работата. Не Русија туку ЕУ се тие кои уценуваат со (не)купување на гасот што им треба. Глупаво е што тоа го прават на своја штета а под америчка принуда. Глупаво Ретардирано е што во моментов ама баш ич не можат да си дозволат да претат со некупување гас, во сред зима и со потрошени резерви гас.

Нато (САД) прави државен удар во пријателска соседна држава, и со години трупаат војска и оружје не само во Украина туку и во балтичките држави... Ама Русија е агресивна затоа што ДЕФАНЗИВНО реагира на таквите закани? Путин го „изигравал Наполеон“?

Ти велам дека не си објективен, и сето тоа е многу очигледно. :)
едит: (плус и воена историја не познаваш, Наполеон не е познат по дефанзивни тактики)
Ме заболе мене за навивање. Немам гасна централа во подрум па да навивам за едниот за другиот. Работата е што ти си аплицираш друг поглед на работите во зависност како ти одговара. Таму кај ти одговара збориш политичка логика а на друго место економска логика.

Можеби економски логично е 100% од гасот европа да го набавува од Русија. Ама дали е политички паметно да му се даде енергетската стабилност на европа на Путин за да ги држи за мадиња. Вистината е негде на пола пат помеѓу политиката и економијата. Купување на гас е комплексна работа кај што политика игра улога. На крај на денот дали Европа ќе преживее без руски гас? Да. Ќе плати пари повеќе ама ќе функционира. Што ќе се случи со руската економија при такво нуклеарно економско сценарио, ќе видиме. Русија е повеќе зависна од Европа и Сад него ли обратно.

Не верувам ни дека ќе дојде до тоа сценарио. Мое мислење е дека инвазија на Украина ќе има многу поголеми негативни последици по Русија на долг рок. Ќе се оди на некој договор.
Автоматски споено мислење:

Доволно е на русинот да му се каже дека пак со Германија треба да се војува, не се потребни дополнителни мотивации за жртвување.
Абе русинот со капитализмот ги искуси благодетите и удобностите на животот, не знам дали се спремни на такви радикални чекори :D

Ќе треба мотивација и разумна причина за јадење корења. Нема да биде тоа војна никој нема воено да ги нападне, ама ќе треба Путин да им објасни зошто трпат економски санкции и нивниот стандард се влошува.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Абе русинот со капитализмот ги искуси благодетите и удобностите на животот, не знам дали се спремни на такви радикални чекори :D

Ќе треба мотивација и разумна причина за јадење корења. Нема да биде тоа војна никој нема воено да ги нападне, ама ќе треба Путин да им објасни зошто трпат економски санкции и нивниот стандард се влошува.
Никој никому ама баш ништо нема да објаснува, друга матрица е тоа! А како кај нас Зајко ти објаснува тебе како ги гласа законите и како ја води надворешната политика, мало морген!
Научен е русинот на огромни монетарни стресови, бонови и редици, со тоа ЕУ не ги плаши! А дека ќе јадат корења, па и не баш, ама тоа е повеќе за Русија откоку за Украина муабет.
Санкциите во основа се наменети на големите банкарски сметки, на олигарсите, малите и така немаат пари, со што ќе ги санкционира ЕУ? Со неизвезување јаболки од Полска? Пољаците ќе им го испушат квалитетно само да им ги тргнат контрасанкциите на таа тема, ама кога имаш кој да те мава по уши не креваш многу глава, нормално разбира се. И не само Полска, обично боранијата страда, затоа Орбан не ги ебаа ЕУ си води политика спрема Русија која и одговара на Унгарија.
Друже, не е ништо црно бело, се’ е во некои нијанси, ој крај најди му!
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.967
Не верувам ни дека ќе дојде до тоа сценарио. Мое мислење е дека инвазија на Украина ќе има многу поголеми негативни последици по Русија на долг рок. Ќе се оди на некој договор.
Не верувам очекувам ни јас, ама за танго секогаш требаат двајца - па нема многу да се зачудам ни да се заигра орото во Украина ако работите продолжат со провокации од НАТО (САД), и со моменти како наоружување на марионетскиот режим во Украина со турски дронови и продолжување на непочитувањето на Минскиот договор... Си слушнал за Минскиот договор ваљда?

Таму кај ти одговара збориш политичка логика а на друго место економска логика.

Можеби економски логично е 100% од гасот европа да го набавува од Русија. Ама дали е политички паметно да му се даде енергетската стабилност на европа на Путин за да ги држи за мадиња. Вистината е негде на пола пат помеѓу политиката и економијата. Купување на гас е комплексна работа кај што политика игра улога. На крај на денот дали Европа ќе преживее без руски гас? Да. Ќе плати пари повеќе ама ќе функционира. Што ќе се случи со руската економија при такво нуклеарно економско сценарио, ќе видиме. Русија е повеќе зависна од Европа и Сад него ли обратно.
Не постои таква дистинкција, тоа политичка логика наспроти економска логика ти е лажна дихотомија.
Постои една логика за геостратешките цели на дадена држава (дури и кога е конгломерат или лабава конфедерација каква е ЕУ).

ЕУ нема никаква стратешка (ниту политичка ниту економска) логика да жртвува економија ниту да брка ескалација во однос на РФ.
Фул стоп тука. Ич нема да се глупирам со мерење кој е позависен еден од друг, ЕУ од РФ или РФ од ЕУ.

И не ги бутај ЕУ и САД во ист кош како да се еден ентитет. Не се. САД си ја бутка Волфовиц доктрината: Ниеден потенцијален противник не смее да зајакне до степен да стане потенцијално значаен противник. Вака со кошкање на ЕУ против РФ, тие со еден удар тепаат две муви, ЕУ и РФ заедно... На крају краева САД немаат skin in the game како ЕУ и РФ. Како што велат тие, ако дојде до тоа РФ да не испорачува гас на ЕУ, тоа е вин-вин за САД, и ги боли таклабасот што е пораз и за ЕУ (покрај РФ). Напротив, уште подобро. Ни ЕУ не смее да зајакне премногу, пошто утре може да биде потенцијален противник.

Но ништо нема јас да ти објаснам ако ти сам не сакаш да научиш нешто. Ете почни со Волфовиц доктрината. Можеби малку ќе ти бидат појасни констелациите на силите и односите на терен во и окулу Украина.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Вистината е негде на пола пат помеѓу политиката и економијата. Купување на гас е комплексна работа кај што политика игра улога. На крај на денот дали Европа ќе преживее без руски гас? Да. Ќе плати пари повеќе ама ќе функционира. Што ќе се случи со руската економија при такво нуклеарно економско сценарио, ќе видиме. Русија е повеќе зависна од Европа и Сад него ли обратно.
Европа ваква каква што е, нема шанси да преживее без руски гас, возен он со амерички бродови или одел он по цевка! Физички никој не може во наредните 5-6 години да го надомести отсуството на руски гас во Европа.
И суво злато да дава ЕУ нема од каде и како, бар во скоро време! Руската економија прекрасно ќе си живее и без Европа и САД. Сега мене ми се наметнува друго прашање: Не ја кецаат ли САД Европа со создавање криза со Русија? Остај тие ЛГБТ сценарија за Русија, не поминаа во комшилук не па кај нив.
 
Последно уредено:
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Не верувам очекувам ни јас, ама за танго секогаш требаат двајца - па нема многу да се зачудам ни да се заигра орото во Украина ако работите продолжат со провокации од НАТО (САД), и со моменти како наоружување на марионетскиот режим во Украина со турски дронови и продолжување на непочитувањето на Минскиот договор... Си слушнал за Минскиот договор ваљда?

Не постои таква дистинкција, тоа политичка логика наспроти економска логика ти е лажна дихотомија.
Постои една логика за геостратешките цели на дадена држава (дури и кога е конгломерат или лабава конфедерација каква е ЕУ).

ЕУ нема никаква стратешка (ниту политичка ниту економска) логика да жртвува економија ниту да брка ескалација во однос на РФ.
Фул стоп тука. Ич нема да се глупирам со мерење кој е позависен еден од друг, ЕУ од РФ или РФ од ЕУ.

И не ги бутај ЕУ и САД во ист кош како да се еден ентитет. Не се. САД си ја бутка Волфовиц доктрината: Ниеден потенцијален противник не смее да зајакне до степен да стане потенцијално значаен противник. Вака со кошкање на ЕУ против РФ, тие со еден удар тепаат две муви, ЕУ и РФ заедно... На крају краева САД немаат skin in the game како ЕУ и РФ. Како што велат тие, ако дојде до тоа РФ да не испорачува гас на ЕУ, тоа е вин-вин за САД, и ги боли таклабасот што е пораз и за ЕУ (покрај РФ). Напротив, уште подобро. Ни ЕУ не смее да зајакне премногу, пошто утре може да биде потенцијален противник.

Но ништо нема јас да ти објаснам ако ти сам не сакаш да научиш нешто. Ете почни со Волфовиц доктрината. Можеби малку ќе ти бидат појасни констелациите на силите и односите на терен во и окулу Украина.
Те тоа бе друже и јас му го пишав, само со помалку букви :D
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.836
Поени од реакции
36.873
Европа ваква каква што е, нема шанси да преживее без руски гас, возен он со амерички бродови или одел он по цевка! Физички никој не може во наредните 5-6 години да го надомести отсусвото на руски гас во Европа.
И суво злато да дава ЕУ нема од каде и како, бар во скоро време! Руската економија прекрасно ќе си живее и без Европа и САД. Сега мене ми се наметнува друго прашање: Не ја кецаат ли САД Европа со создавање криза со Русија? Остај тие ЛГБТ сценарија за Русија, не поминаа во комшилук не па кај нив.
Дали ќе преживее или не, тоа не знам, не сум стручен во тргување со енергенси и енергетика. Ама знам дека таму кај што има пари и интерес за решенија, проблемите се решаваат. А Америка е непресушен извор на пари.

А тоа што Ванлок онаниша на некои руско-европски партнерства vs Америка, се влажни соништа. Американско - Европското партнерство е многу покомплицирано од достава на гас и опфаќа многу други економски области, размена на технологии и безбедност па се до либерална традиција и мисла.

Русите гледаш дека со Украинците со кои се па безмалку ист народ не можат да се разберат и се колат, а камоли со останата Европа која и меѓу себе има разлики. Самиот кажа, различна матрица е тоа.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.967
Кажаново можеби ќе имаше некаква логика да „тепачката и колењето“ меѓу Русија и Украина не се 100% производ на државниот удар и обоената револуција изведена од САД. Украина стана дефакто клиент држава на САД, Америве поставија марионетски режим кој ги исполнува сите амерички потреби и наредби, ама сепак некако успеа да извлечеш заклучок дека тоа Русите и Украинците се „тепаат и се колат“... ОК тогаш, нема расправање со такво резонирање. :D

П.С. Никој не спомна руско-европски партнерства vs Америка, сѐ што реков е дека ЕУ нема никаков интерес од било кој вид, да влегува во конфронтација со РФ. Никаков... Биди фер и не заменувај тези, не е коректно.
 
Е како не се колат и тепаат па инвазија им направија на територија поголема од Македонија и активно даваат оружје и учествуваат во конфликт во Донбас кај што гинат Украинци. Во моментов има страшно Анти-руско расположение во Украина и исто такво расположение во Русија за украинците. Беше така како што велиш - конфронтација на нова украинска влада со Русија на ниво на политичари, ама се до моментот на инвазија на Крим и влегување со војска во Донбас. После тоа работата достигна друго ниво или шо би рекле америте it became personal. На тие односи оправање тешко, а и Русија не ми стои дека сака да ги оправа.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
проблемите се решаваат
Точно, ете и да го апстрахираме прашањето за пари, за колку време ќе се реши проблемот со гасот? Не порано за 5-6 години, биди сигурен, па дали и за толку?
А тоа што Ванлок онаниша на некои руско-европски партнерства vs Америка, се влажни соништа. Американско - Европското партнерство е многу покомплицирано од достава на гас и опфаќа многу други економски области, размена на технологии и безбедност па се до либерална традиција и мисла.
Остај го Ванлок, мене што тој што ти исто сте ми, не познавам ни еден па да држам страна!
Нема Европско-Америчко партнерство! Уствари нема никакво партнерство, има само партнерство на интереси. Мислиш Кина и Русија се партнери? Поголеми душмани нема, ама сега имаат заеднички непријател и додека е тој жив, ќе соработуваат да го уништат! Бар да му го уништат влијанието, а после биќе повуци-потегни и за Сила Сибири....
Русите гледаш дека со Украинците со кои се па безмалку ист народ не можат да се разберат и се колат, а камоли со останата Европа која и меѓу себе има разлики. Самиот кажа, различна матрица е тоа.
Вака друже, сум ја живеел Русија и Украина, со соработници од двете сеуште имам некои трговски односи, значи во тек сум со движењата! Башка што и некои недвижности и дел роднини ми се таму :( Русите и Украинците прекрасно се разбираат, тоа што се осудени на различни улоги во драмава друг муабет.
Автоматски споено мислење:

Е како не се колат и тепаат па инвазија им направија на територија поголема од Македонија и активно даваат оружје и учествуваат во конфликт во Донбас кај што гинат Украинци. Во моментов има страшно Анти-руско расположение во Украина и исто такво расположение во Русија за украинците. Беше така како што велиш - конфронтација на нова украинска влада со Русија на ниво на политичари, ама се до моментот на инвазија на Крим и влегување со војска во Донбас. После тоа работата достигна друго ниво или шо би рекле америте it became personal. На тие односи оправање тешко, а и Русија не ми стои дека сака да ги оправа.
Многу букви изнапиша, не знам дали свати што кажа?
Ако играме по чесно, тоа што само Донбас остана како спорна територија е премија за Украина. Крим не го мешај, нит бил украински нит ќе биде, прашање е дали и руски ќе остане, ама отом потом!
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.967
Е како не се колат и тепаат па инвазија им направија на територија поголема од Македонија и активно даваат оружје и учествуваат во конфликт во Донбас кај што гинат Украинци. Во моментов има страшно Анти-руско расположение во Украина и исто такво расположение во Русија за украинците. Беше така како што велиш - конфронтација на нова украинска влада со Русија на ниво на политичари, ама се до моментот на инвазија на Крим и влегување со војска во Донбас. После тоа работата достигна друго ниво или шо би рекле америте it became personal. На тие односи оправање тешко, а и Русија не ми стои дека сака да ги оправа.
Без навреда, ама ваквата „анализа“ директно би ја споредил со „коментирањето“ на спорт од спортските коментатори на МТВ: играчот 1 изведува аут, играчот 3 ја прима и следи додавање на играчот 9 амаа.. ете го противничкиот играч 2 ја пресече топката и иде во контранапад, одлично додавање до играчот 7 и... Судијата суди офсајд.

Само пренесуваат она што сите го гледаат.
Фактички релативно точно, ама бескорисно пренесување на очигледното. Бескорисно и едвај издржливо за слушање освен за некој што не го разбира спортот и некој што појма нема од вистинските случувања на терен, поставеноста на двата тима и стратегијата на нивните тренери... Слично така и ти само ги пренесуваш површно слушнатите работи, само за жал уште полошо пошто не ја гледаш утакмицата туку само пренесуваш туѓи приказни од втора/трета рака. Прераскажуваш коментари на амерички/енглески коментатори. Сходно на тоа, слабо разбираш што всушност се случува на терен.

Така да целосно си во заблуда ако навистина мислиш дека некој од Одеса ќе се загне да иде да војува против Русија во Донбас и да гине за режимот донесен на власт со државен удар, додека вистинската власт се Америте кои 100% ја контролираат Украина преку режимот и локалните олигарси... Обичниот народ сега да може да некако да се врати во времето пред обоената револуција, веднаш би го направил тоа. Никој таму не е толку глуп (како што кажуваат Америте) да верува дека Русија има/имала било каков избор освен да го направи тоа што мораше да го направи во Крим и Донбас/Каркив. Никој (освен можеби 0.1% фринџ елементи како неонацистите од Л’вов) не е толку глуп да сака да иде да гине за имепријалистичките интереси на Пакс Американа.

Најкратко можно: Да не е активното мешање на САД, Рускиот и Украинскиот народ лесно би ги решиле сите проблеми. Ма да не е активното мешање на САД, не би се ни десиле проблемите.
Автоматски споено мислење:

Мислиш Кина и Русија се партнери? Поголеми душмани нема, ама сега имаат заеднички непријател и додека е тој жив, ќе соработуваат да го уништат!
Кога е доволно ладно, и куче и маче си легнуваат заедно. :)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom