Тргување со странски хартии од вредност и недвижности

Член од
7 април 2015
Мислења
2.791
Поени од реакции
1.702
Само РобинХуд за мали суми и ниски провизии(всушност тоа е и поентата на РХ затоа е формирана), но за жал не е достапна за сите земји.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.884
Поени од реакции
10.891
Јас не викам дека не треба да имаат можност да инвестираат! Само и ја опишувам моменталната реалност, а во неа речиси нема простор за инвестирање на такви мали суми.
Ако имаш идеја како да ги стави тие 50 евра на ИБ, без да и ги земат речиси пола за трансакција, бујрум објасни и, а ќе научиме и другите.

За македонска берза немам искуство, ниту пак со тукашни фондови, ако имаш напиши детали и за таму.
Јас реплицирав оти ти го направи инвестирањево како да е игра на многу пари!
Што воопшто не мора да е така.
На Запад сам кажа дека 20-30$ ти е еден ручек, ама ако сакаш и тие 20-30 можеш да ги инвестираш.
Субјективно е колку и за кого е малку пари! За некој 2000$ се ништо за друг 2000ден се многу. Тоа што е објективно е дека секој треба да има можност да излезе на пазарот на хартии и да си го мултиплицира капиталот(или да го десеткува сеедно)!

Инаку јасно ни е на сите кај нас како оди... и не е фер! За мали суми обврзан си да одиш преку друштва, фондови или осигурителни компании, а дискриминиран си доколку сакаш лично сам да вложиш.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Лице на коешто му остануваат само 2.000 денари по плаќање на месечните трошоци, воопшто не треба ни да помислува за инвестирање на берза. Подобро парите нека си ги чува на куп за резерва ако изгуби работа или нека си ги вложи во персонален развој за да достигне месечно да му остануваат 10-20-30-50.000 денари
 
Член од
10 април 2020
Мислења
26
Поени од реакции
7
Јас реплицирав оти ти го направи инвестирањево како да е игра на многу пари!
Што воопшто не мора да е така.
На Запад сам кажа дека 20-30$ ти е еден ручек, ама ако сакаш и тие 20-30 можеш да ги инвестираш.
Субјективно е колку и за кого е малку пари! За некој 2000$ се ништо за друг 2000ден се многу. Тоа што е објективно е дека секој треба да има можност да излезе на пазарот на хартии и да си го мултиплицира капиталот(или да го десеткува сеедно)!

Инаку јасно ни е на сите кај нас како оди... и не е фер! За мали суми обврзан си да одиш преку друштва, фондови или осигурителни компании, а дискриминиран си доколку сакаш лично сам да вложиш.
Ова е веќе постирано од член на форумов, сметам дека ќе ти заврши работа за мали суми, ако не грешам моментално апликацијава наплаќа најмали провизии.
 
Attachments

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Јас реплицирав оти ти го направи инвестирањево како да е игра на многу пари!
Што воопшто не мора да е така.
На Запад сам кажа дека 20-30$ ти е еден ручек, ама ако сакаш и тие 20-30 можеш да ги инвестираш.
Субјективно е колку и за кого е малку пари! За некој 2000$ се ништо за друг 2000ден се многу. Тоа што е објективно е дека секој треба да има можност да излезе на пазарот на хартии и да си го мултиплицира капиталот(или да го десеткува сеедно)!

Инаку јасно ни е на сите кај нас како оди... и не е фер! За мали суми обврзан си да одиш преку друштва, фондови или осигурителни компании, а дискриминиран си доколку сакаш лично сам да вложиш.
Не те разбирам што пробуваш да ми докажеш. Секој треба да излезе, ама во нашата ситуација нема како, правилата на игра се тие, не ги дефинираме ни јас ни ти, а тие што ги дефинираат немаат интерес од такви микро инвеститори.

Кај тие странците пак, данокот е далеку поголем, и ги колат на капиталната добивка. За ситните инвеститори и таму не е баш толку лесно.

Криптото што демек беше промовирано како спасителот на светската економија, робин худ за сиромаштијата, исто си коли со провизии, додатно е понестабилно отколку да одиш и да уплатиш спортска.

На крај сума сумарум пак доаѓа дека берза не е е за секој, особено не за некој што игра со последните пари. Ако игра дефанзивно, прашање е дали ќе се исплати (во прв момент да и затребаат парите, ќе треба да земе потрошувачки кредит со провизија речиси колку што ќе и пораснат акциите (под услов ако тие се се што има)), ако игра со поризични акции па може и да остане со ништо.
 
Се изгубивме во преводот...
Оригиналниот постер се интересираше дали може по 2000ден месечно да инвестира.
Одговорот беше децидно "не се исплати". (И тука се согласуваме).
Меѓутоа ти и Грим ја сфативте како дали со последни пари може да се коцка на берза, а јас сфатив дека има многу луѓе кои можат да одвојат колку-толку и да инвестираат!

Да дообјаснам! Лично сум бил во ситуација да "ми продаваат" трет пензиски фонд и животно осигурање. Верувам дека и многу луѓе имаат "купено". Тоа дефинитивно не се луѓе кои би ги вложиле последните пари! Може немаат дебели сметки и илјадници евра приходи, но дефинитивно можат да одвојат 50€ за старе дане :) (или подобро утре)
Еве баш денес имаше новинарска статија дека депозитите на граѓаните во македонските банки се зголемени 3.8% од лани! Искрено не верувам дека Минчо и компанија штека пари во банка, па едино објаснување е дека добар дел од народот штеди. Добар процент од тие штедачи можат и сакаат да одвојат дел за хартии од вредност, ама зошто се(сме) ситни риби неможат или несмеат.
Значи човек и со 2000ден може(и треба) да биде инвеститор!
Тоа ми беше целата поента...
 
Се вртиме во круг.
Треба, не вика никој дека не треба, ама финтата е дека во моментов не се исплати.
Иако не би се согласил дека берзата е за секој, прекомплексна е за луѓе кои немаат никаква финансиска писменост и може лесно да ги брикнат на суво.
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Пошо нели филозофија има у се, има и у берза. Најакиот мубает од наративите од овие шо се занимаваат со инвестиции е да вложиш пари шо нема да ти требаат некогаш во живот. Неточно, пар екселанс. Мислам дека не постои таа пара шо нема да ти затреба. Заработените средства и личниот стандард ти одат рака под рака а можеш да бидеш фругален до 101но u покушај. Јас имам друга филозофија. Треба да читаш бе другари .. Да се запнеш, да истражиш и да дојдеш до точка коа ќе веруваш антиципативно дека стварта у која вложуваш има идна вредност. Пари и да немаш се купуваат, малку ли пазари на пари постојат у земјава. Направете си индивидуален биланс на состојба и подигајте кредити не за коли, станови и швалерки туку за велју шо за неколку години се од ова ќе ви донесе.
 
Последно уредено:
Член од
12 септември 2020
Мислења
15
Поени од реакции
11
Со помали суми можеби подобро е trading212 да ја пробаш, мислам дека имаше со картичка опција да уплаќаш (~1.8% провизија) и без провизии е купувањето акции и ЕТФ.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Мал придонес од мене тука, деновиве разгледував прилично многу компании, и од тоа што ми остана во очи се следните:

Lockheed Martin Corporation (LMT)
Dow Inc. (DOW)
AT&T Inc. (T)- кај овие ќе биде бурно следните 6-7 месеци, да видиме што и како ќе се изигра со Discovery, ама мислам дека вреди да се купат, имаат доста кеш.
Alphabet Inc. (GOOGL)
Bristol-Myers Squibb Company (BMY)
Intel Corporation (INTC)
Huntington Ingalls Industries, Inc. (HII)-кај овиеисто треба пазење со демократите, најголем клиент им е америчка војска.
Universal
CDK Global, Inc. (CDK)
VOO

Овие горните за подефанзивниот дел и да капне малку дивиденда, ќе ги купувам прогресивно, па ќе видиме која ќе биде влезна цена, т.е просечна влезна.

Биотехнолошка индустрија мислам дека ќе оди нагоре за следна година, XBI историски гледано само 3 години до оваа имал негативен поврат (вклучувајќи ја и оваа ќе биде 4та) од 2007ма наваму. 1639332920611.png
Ако се повтори историјата, првата година после негативната има висок раст, па деновиве сум со намера да барам компании од оваа индустрија со солидна цена (SAGE, VRTX, RPRX...).

Мал процент можеби ќе бидне од Lucid, Tesla, UPST, EA, SWKS, TDOC...

Со оглед на тоа што оваа недела FED треба да имаат состанок, и да има повеќе инфо што ќе се случува со нивните каматни стапки, веројатно ќе почнам со пазарење при крај на неделата :)
 
Член од
22 јануари 2012
Мислења
660
Поени од реакции
421
Zdravo na site :) Konecno posle 61 strana procitena na ovaa tema dojdov do krajta :)
Vidov dosta informacii za preku koj brokeri da se odi od kako da se napravi akaunt do kako se prefrlaat parite do provizija,mnogu informativno

E sega prasanje za mislenjeto spodeleno:

Jas ne bi idel na ETF...

Ako ne ti e do istrazuvanje i sakas posigurno odnosno kako sto kazuvas da pravis dollar cost average da kupuvas i ja usrednuvas cenata, zemi si apple, stavaj si kolku imas i gledaj kako kje imas 15 do 20% ras na godisno nivo, ne gi cepkaj samo dokupuvaj...
E vaka, mene celta mi e za long term gains (da receme za edno 10-20 godini od sega) jas sum vo dilema dali da ulozam vo index fund kako VOO (imam kolegi koi mnogu go falaat Vanguard) ili da ulozam istata suma vo nesto kako Apple ili Microsoft.

Prasanjeto mi e za "dokupuvaj" zborot. Dali akciite koi gi zimas imaat nekakov rok na traenje ili?
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Prasanjeto mi e za "dokupuvaj" zborot. Dali akciite koi gi zimas imaat nekakov rok na traenje ili?
Секако дека има рок на трање. Доколку пропадне компанијата, пропаѓа и акцијата и спротивно, доколку и оди добро и ги почитува акционерите (преку транспарентност и дивиденди) истото ќе се рефлектира и на самата нејзина цена.
Во основа имаш два потенцијални комплементарни начини на заработка кога поседуваш акција и тоа: Капитална добивка (разликата од онолку колку си ја купил и онолку колку вреди во моментот на берза) и дивиденда, секако доколку има услов за распределба. Тука кај дивидендата темпирај го зборчето ,,докупувај'' со додатни твои свежи средства секој пат кога ќе си во состојба ако веруваш во вредноста на компанијата ;)
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
За колку денови ви ги решавале тикетите на InteractiveBrokers?

Имам еден отворен уште во Петокот, никаков абер немам, пробав со тој ботот на чат и не бива.

Ме заебаваат во НЛБ, ми бараат на договорот да има пишано и резиденцијална адреса, во спротивно не сакаат да направат трансфер.
Исто бараат адресата да се појави на документот за депозит. Имал некој иста мака?
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.000
Поени од реакции
12.584
E vaka, mene celta mi e za long term gains (da receme za edno 10-20 godini od sega) jas sum vo dilema dali da ulozam vo index fund kako VOO (imam kolegi koi mnogu go falaat Vanguard) ili da ulozam istata suma vo nesto kako Apple ili Microsoft.

Prasanjeto mi e za "dokupuvaj" zborot. Dali akciite koi gi zimas imaat nekakov rok na traenje ili?
Vanguard го истражив малце по препорака на @Menethil. Иако е s&p 500, скоро 30% од вредноста му доаѓа од топ 10 играчи, Apple на прво и Microsoft на второ место. 50% од вредноста од топ 50. Не се сеќавам точно колку беше yearly fee. Види си математика дали се исплаќа.

Не знам дали е вака и за други ЕТФ. Досеа само индекс пратев, за ЕТФ тука има мал тест пред да се одлучиш да влезеш во тој маркет, некако многу замарање ми е.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom