Бидејќи е нов еон, затоа постои сешто и никој никому не е непријател (барем така учиме), но дека човештвото не напредува преку старите религии, не напредува и тоа се гледа... ако на нештото му е дозволено да постои можеби е само за да се покаже колку веќе не е корисно или да се увиди колку е видоизменето или само по себе негативно насочено кон другите
Во новиот еон религијата не вели дека твоето е лага. Вели, повели, излези од оваа планета, види ја големата ноќ на универзумот, препознај се како сонце - ако тоа не може да го поднесеш, врати се на земјата и биди што ти е волја.
Не постои бог кој што ќе ја осуди твојата суштина. Тоа е лага од минатото или незнаење, не знам како да го кажам без да биде навреден некој заради боговите и верувањето.
И ќе се научиме (и тоа добро ќе се научиме) дека само со искуство ќе може да се процени во однос на духовниот пат на човекот. Не може секој да се крие во мистицизмот и религиите и да раскажува сказни, а реално да нема никакво искуство.
ВО неуреден храм - не живее бог.
А за уреден храм треба работа. Работете врз себе си ако ви е волја.
Нема повеќе „јас верувам“ и толку. Работа и само работа врз себе си. Нема повеќе „бедните по дух“ да ги лажеме дека ќе наследат било што. Не е подобро на тие бедни по дух да им бидеме пример, дека во ред е да падне духот, но да не бараш алатки и да не бараш работа за да пак се крене духот е погрешно заради едно верување?
Ако бедните наследуваат било што, тогаш ти што треба да добиеш што си напредувал навнатре и си истражувал и си ги направил своите темели подлабоки и од темелите на Земјата?
Не е стариот еон за да се закануваме едни со други со меч и оган, за да се заборави минатото и што од каде доаѓа! Денес сите се цивилизирани, каде беа цивилизираните христијани и муслимани во минатото? Што ги промени? Новиот еон?
Тоа го имаме сеуште во исламот, но тој доцни 600+ години зад христијанството.
Се додека постојат мистериите во светот и тајните учења низ човештвото, ќе се тркаламе нагоре и надолу како човештво, исто како по грбот на змија која се движи по жешкиот песок на животот и смртта на Земјата