91 кога Бугарија не призна, прва како што викаат они(така е), ги призна на истиот датум и Хрватска и Словенија. Ама пошто Словенија и Хрватска веќе беа званично отцепени од Југославија барем некои 6 месеци порано имаше некои други држави што веќе ги имаа признаено пред Бугарија. Тоа што Бугарите нас не призна први, едноставно беше коинциденција, а не свесно испланирано. Ако нив тоа им беше толку битно, ќе ја признаеа Македонија ден порано, пред Словенија и Хрватска. Плус оваа одлука за признавање на Македонија примарно беше одлука за докрајчување на Југославија, а не, некој гест спрема Македонците. Впрочем, и тие самите незнаат дали воопшто и направиле правилна одлука, некои Бугари во екот на ова што се случува денес мислат дека признавањето на Македонија било грешен потег.
За оружјето, прво не дозволија тенковите купени од Украина да влезат преку нивна територија, мораше да доагаат преку Грција, за после нив да им текне да донираат нивни тенкови со пред истек на рок. Али ајде, ете, помогнале, фала им, но и да донирале нуклеарно оружје, 2001 беше војна што Македонија во секој случај мораше да ја изгуби.
Лани исто и со пожарите, пратиле пожарникари да гасат пожар на 2 километра од нивна граница, и после таму зборат, ете они гаселе пожари и и помагале на Северна Македонија.