Навивачки групи во Македонија!

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
26 април 2021
Мислења
156
Поени од реакции
750
Шверцери нека одговорат дали е вратено знамето во Ѓорче?
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.195
Поени од реакции
3.176
Уште со шкендија кога играја во неделата им стоеше..
 
Член од
8 октомври 2015
Мислења
878
Поени од реакции
2.422
Која е поентата да седи транс закачен на ограда, а да нема луѓе зад него?

Нека поминат браќата во вечерната глува доба нека го манат и овај по уши, па ако имат толку пари овие од Ѓорче нека прат нови на секое :)
 
Последно уредено:
Член од
26 декември 2020
Мислења
119
Поени од реакции
268
Само што пред некој ден решив да напишам коментар посветен на последните настани на мактифо сцена за сите позитивни исчекори и големи промени но и негативности кои сеуште ги има доста темата отиде во неповрат доста непотребни коментари и дискусии тотално промашени од колосек.

Некој погоре спомена менталитет како фактор за развивање на група, не е до менталитетот туку до интелектот, во секоја група треба да предничат и да организираат оние кои покажуваат навивачка интелигенција како треба да се води и организира група а не да се оспоруват и да се влегува во конфликт со нив, не може некој дека носел луѓе на трибина а нема никаково познавање да има поголема вредност од некој што се едуцирал, надоградувал за групата, значи пресуден е интелектот а најдобар пример за тоа е токму последната најпозитивна промена која е и најмногу дебатирана на сцената а тоа се аптекариве кај Комити.

Ретко кој и да се сети на нивниот прв натпревар со Македонија ЃП во ПМФЛ 2020 , па кога тука исто кога најавуваа вакви промени беа оспорувани дека превисоко летаат, а пак да не потсетувам пред да се појават како тој формат по одредени страни па и на форумов како беа напаѓани истиве како генерација дека се мочка, срам за групата и.т.н., додека покрај сите напади они вредно си молчеа и чекаа како прави навивачи да им се појави шансата а таа им дојде и им упали на два крајно негативни настани (за обичен просечен тифоз) свадбарите Ѓорче и отпаѓањето на Вардар во втора лига (всушност силата и квалитетот во групата се гледа тоа најголемите минуси да ги претвориш во најголеми плусови) да им се создадат сите услови да се тргнат сите оние кои само ја кочеа групата за они да превземат и да искинат на терен во сите полиња и како за некое чудо квалитетот одма беше препознат, сите се поставија да работат по нивните директиви и епилогот е тој што го гледаме сите, револуција во Комити, за онаа "мочка" генерација да тргне по патот да стане најјаката генерација која некогаш зачекорила на Запад, дека се квалитетни одамна беше јасно на сите што имат навивачки интелект и њух , но дека епилогот ќе биде толку брз ретко некој да можеше да очекува , дечкиве за 6 месеци направија повеќе него сите за 6 години и секоја чест за тоа.
Вакви примери за солидни поединци/екипи има ширум тифосцената кои поради најразлични фактори никогаш не успеале да го покажат својот квалитет во целост, некој веќе и ги нема, некој се во моментот пасивни.

Едноставно за да направиш јака навивачка група ти се потребни интелект, визија, упорност и трпение, кога ќе ги имаш сите овие сегменти и да се потрефат условите во еден даден момент потоа никој нема да те сопре да направиш јака група, само да се знае и во група од 100 и во група од 10 000 луѓе најважни се поединците кои живеат и работат за групата а не масата.

Со оглед дека темата одамна изгуби значење тоа би било се од мене до некој подобри времиња.
Поединци без маса се ништо, маса без поединци (со навивачка свест) се ништо.

Навивачка група.
Навивачка - поединци (едуцирани за оваа област)
Група - маса луѓе со исти цели
Џабе ти е мозок ако немаш раце и нозе, а џабе ти се и раце и нозе ако нема од кај да стигне "команда" да се покренат.

Позитивна промена кај комити после многу време, верувам големи промени во организација. Не би исклучил и дополнителна мотивација дека е и слаб резултат на клубот, на балкан секогаш проработува тој инает.

Би сакал вардар да не е во ситуација каква што е за да видам европски гостувања во квалификации како би изгледале, а и пречек на гостински навивачи.
 

ZelenoBel

Нова Битола
Член од
30 април 2013
Мислења
1.480
Поени од реакции
6.689
Реално овде треба да играте цело време, на градски ќе се загините со ова бројка. Плус секако немате некоја публика на неутралните.
Тука преубо изгледа, пофалби за децата шо ви работат на корео.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom