Не е точно. Баш во Тинекс и Веро се фини продавачките. И не купува народ одма, туку на флаери го има на акција, а паметните не ни го носат по маркети. А овие, не знаат што да прават со животот, па седат на ФБ и чекаат акција, и одат таму, производот за кого пошле го нема, и си земаат друга роба. Е тоа е финтата кај дисконтите. Голема продажба по секоја цена. Како може во 7 да отвараат во 7 и 10 да го нема производот? Не сакам да дозволам некој да ме е*е во здрав разум. Ако ми треба храна, го има Тинекс, ако ми треба книга, тука е Три, Просветно дело... Ако ми треба облека тука се Ваикики, Спорт Висион, Спорт М...
Туку дисконтите работат на друг начин, намалени работници, трошоци за струја, магацини... И затоа заштедуваат, влагаш ко во хангар. Ако КАМ, или Стокомак, вработат 20 работници во маркет, од досегашните 10-12, за една година ќе ги снема од пазарот. Поголем промет прават од Тинекс а помалку вработени, не можеш да најдеш вработен да ти објасни нешто. Од дисконтите, најдобар е КАМ, А Стокомак и Киппер, се трудат на илјада начини, фејкаат производи, едно на флаер друго во маркет... Народот во Македонија, особено по периферијата нема пари, и општо во државата, затоа дисконтите земаат замав.
Само за инфо. Первол/ Мерикс во дисконти е со полош квалитет од оној во Веро или Тинекс. Оти во дисконтите е Турски, а оригиналот е Хрватски мсм. Има закон кој овозможува таква набавка, паралелен увоз. Оти во Македонија има еден дистрибутер, официјален, за таа хемија, неколку брендови и друг не може да го увезе оригиналот, може да увезува од други држави ист таков производ. Томи имаш и Швајцарски и Српски. Милки имаш Бугарски, Германски, Швајцарски, Грчки... Во Источна мкд почнаа да увезуваат Грчка Кока Кола, Фанта...
Кога ќе се спомне Тинекс веруваш на квалитет, кога ќе се спомне дисконт имаш сомневање, па они објаснуваат по флаери, толку % сланина, толку % месо, бла бла бла. Еве Веро Пр. не е толку активен на социјални медиуми, а сепак прави доста промет и профит, истото е и со Тинекс. Таргет групата нивна не седи на ФБ да гледа и да разлистува, додека другата таргет група се луѓе кои 70% од денот дремат на ФБ, лајкуваат слики, и пишуваат Амин на верска слика на ФБ.
Не зборувам поединечно, зборувам како таргет група. Јас не мислам дека тие што пазаруваат по дисконти не се луѓе, само кажувам што е правилно.
Да земаш 30000-50000 примања во фамилија, а да се цинкариш за 1000 месечно и да одиш од маркет во маркет да бараш некој производ што го ставиле на флаер, треба да си озбилен пациент. Не мора 50000 и 25000 нека се.