одлично знам да спамирам по интернет
моментално вежбам вордпрес и јтјуб мада мислам дека е долг патот таму
Штом те бива за спамирање - веројатно би можел да менаџираш профили и страници на социјалните мрежи.
Барај локални и странски бизниси, и понуди им се да им ги уредуваш профилите на месечна основа (текстови, фотографии, линкови...).
Препорачливо е да им прикажеш портфолио / пример дека веќе го правиш истото.
Од ВордПрес можеш да имаш добра заработка.
Изработка на веб страни, редизајн, оптимизација, одржување...
Сепак, областа не е лесна како што изгледа. Има доста за учење, и истото не трае со недели или месеци, туку со години.
Регистрирај домен и хостинг - и вежбај. Така најлесно и најбрзо ќе научиш.
ЈуТјуб...
За во МК, конкуренцијата е слаба. За содржини на англиски јазик - има голема конкуренција.
Избери една мала област со која си добро запознаен, и би ти било кеиф да креираш видеа подолго време.
Внимавај да има интерес / публика за избраната област.
Кога ќе достигнеш одредено ниво на успех на каналот, полека шири ги видеата кон сродни области.
Афилиејт / партнерска програма...
Нудам пасивна заработка ако си заинтересиран за ова.
За детали околу последново, или за консултации за онлајн заработка (за одреден хонорар) - можеш да ме контактираш во приватна порака.