Заработка на интернет (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата HaRdToGeT
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво дечки,
Прашањце ако може :). Пред 3 години ми го суспендираа акаунтот на Upwork зошто за еден викенд аплицирав на многу проекти-и тоа пред крај на месецот пред да ми истечат тогаш мислам се викаа токени. Ми образложија-сум спамирала. А јас несакав да ги изгубам токените пошто не се префрлаа во следниот месец.
Нејсе, ми го реактивираа сега пред 2 дена пак профилот-и сеа глеам-се викаат connections. И нив ваљда ги користиш за да аплицираш на проекти. Прашањето ми е: Има ли лимит ( во моментов има 180 connections) на дневна основа на колку проекти можеш да аплицираш? Пример, ако аплицирам денеска на 10 проекти и утре пак на 10-да не ме блокираат пак ми е страв? И нешто ново ако има околу правилата, да ме упати некој-да не забрљам пак нешо шо не треба :D.
Фала ви однапред за тој што ќе се погрижи за мојава дилема :)
 
Прашај на live chat кај нив...
Се допишував со меилови, ама не ме разбраа - мислеа прашувам по колку connections можам да користам за секој проект-ама не и лимитот за да не искочи дека спамирам...нема везе, мислев некој од лично искуство да сподели нешто-ако не-пак ќе им пишам. Фала ти !
 
Секој има различни искуства. Мојот профил е стар 10 години, и може да си дозволам и по 1000 конекции дневно да потрошам. Некој нов, 100% ке го банираат и со 20-30, иако системот е малку ретардиран. Кога бараш работа, нормално е да трошиш конекции. Гледај само да не се работите на кои аплицираш комплетно различни, една од друга. На пример, да не аплицираш за Software developer, па за Virtual assistant, па за Translation.

Да не нуди некој data entry?

Прати ми линк до профилот во приватна порака да видам какво претходно искуство имаш.
 
Фала ти, сепак помогна малку. И мојот профил е од 2016-ама како што реков, ме суспендираа-и едвај со триста молења-ме одблокираа. И сеа, страв, знаеш-ќе дувам и на јогурт :). Не се различни проекти, ама ај ќе почнам со по една дневно, ама и ќе им пишам пак да ми потврдат. И пиши ми, те молам ако можеш, ако треба нешо да читнам, за условите нивни, да не има нешто ново-кај да барам да читам пред да почнам. Или линк некој корисен, можеш овде да ми пуштиш... Tips & tricks :).
 
Некој што се разбира да објасни што треба да се направи следно по потполнување на W-8BEN Form преку AdSense ?
 
Ништо, пополни, ипсрати и терај со вебот.

Формата мање више на нив повеќе им значи, они да се заштитени.
 
Здраво,започнав со kdp publishing на Амазон.До сега се пуштени во продажба неколку мои продукти.Проблемот е дека Амазон ме извести дека ќе ми плаќа со чекови,бидејќи не испраќа пари преку банка во Македонија,но кај нас не сум сигурна дали има банка што кешира чекови.Евентуално да се обратам директно до НРБМ? Ако некој имал искуство со размена на чекови нека ми сподели плус.
 
Прашај во НЛБ Банка, со чековите од Google Adsense немаше никакви проблеми... земаат околу 700 денари за обработка на 120$. Се чека околу 5 дена да легнат на сметка и тоа е тоа.
 
Прашав, им пишав на маил ми рекоа дека не примаат чекови е сега не знам можеби треба да одам лично со чекот кога ќе го добијам па да се распрашам , но колку што разбрав и некој човек од Прилеп го имал истиот проблем , ниедна банка не сакала да му го уновчи чекот, бидејќи се правеле и измами па банките немаат доверба.Но Амазон не дава да се даде сметка од МК Банка , изгледа ќе треба да ја истражам опцијата отварање сметка во друга држава...
 
Никоја банка во Македонија не обработуваше чекови освен НЛБ, дури и тие имаат пауза период... но ете сега повторно ја активирале оваа блокажа. Комерцијална мислам имаа неколку обиди, но земаа преголема провизија па и тие почнаа да забушават нешто. Очигледно си имат некој проблем со чековиве.

Така е најдобро, онлајн сметка... поврзување со странска банка и да не те боли глава. Плаќање онлајн + кеш вадење преку картичка. Многумина преминааа така, поради проблеми овде со сметкиве, провизии + ненормално големо ДДВ.
 
Kolku sto znam momentalno nikoj ne zema cekovi vo dolari, dodeka za Komercijalna Banka porano zemase provizija samo 400 mkd od cek. I da, problemot povekjeto e so falsifikati. Vidi probaj vo Ohridska t.e. Sparkasse, mislam deka tie i NLB bea posledni sto pamtam deka primale.

Inaku prasaj Amazon dali moze preku Wire Transfer na devizna smetka.
 
Никоја банка во Македонија не обработуваше чекови освен НЛБ, дури и тие имаат пауза период... но ете сега повторно ја активирале оваа блокажа. Комерцијална мислам имаа неколку обиди, но земаа преголема провизија па и тие почнаа да забушават нешто. Очигледно си имат некој проблем со чековиве.

Така е најдобро, онлајн сметка... поврзување со странска банка и да не те боли глава. Плаќање онлајн + кеш вадење преку картичка. Многумина преминааа така, поради проблеми овде со сметкиве, провизии + ненормално големо ДДВ.
Но немам идеја која банка да ја одберам, и не знам дали Амазон би ја прифатил банката како опција...во секој случај ќе ја разгледам таа опција, битно е да разменуваат чекови...ти благодарам за одговорот.
 
Здраво, сакам да почнам со продажба на производи на ebay, и од тоа што го разбрав потребен ми е store. Е сега проблемот е што немам никакво друго предзнаење на темава, и плус некаде прочитав дека воопшто не било возможно да се отвори store од Македонија. Ме интересира дали е воопшто возможно да се отвори store, на кој начин би можела да бидам исплаќана(бидејќи нели опција за paypal не постои кај нас), и дали има некои други предуслови со кои што не сум запознаена. Исто така сите дополнителни информации што сметате дека треба да ги знам би сакала да ги "слушнам" бидејќи сум дудук на темава. Поздрав! :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom