Мое мислење, за овој субџект, е дека Америте без срам можат да залепат едно Veni, Vidi, Vici до поимот Месечина у секој fucking dictionary, Wikipedia,енциклопедија,1000 зш,1001 зт, и слични Q&A помагала.
Порано малку сумњав ,зашто на ТВ гледав емисии со некои сурати, што демек имаат некој доказ дека тоа е превара, а и не ги обичав многу Америте ко помал,па муабетите со знамето дека се веело а горе нема атмосвера, па било некаде у некоја пустиња снимано, па у некое студио, итн , ми беа интересни , а и башка мозокот ми беше испран од мал дека капиталистите се лоши, лажат ,крадат ,вошки имаат и на таван спијат,ме направи да не верувам дека стварно Американ нинџа не беа таму горе.
И така, си живеев јас уверен дека Америте лажат, а браќата Руси се the best ,беа горе.Додуша не all the way,ама Јури заврте еден круг ( или беше камен пијан,или имаше тоа Спутникот мотор од Москвич па снема бензин и неможеше уште еден круг да сврти)и се врати назад, и тоа е тоа, нема друго,ми,Београдски пашалук и брача Руси Rules the Fucking world .
Арно ама, еден ден купив компјутер, а башка и со интернет ми го продаде Нешо, знаев да читам латиница (сакам -нејкам - морам,научив у 5 одд ,српско хрватски беше матерњо официјални језик ), имав СрпскоХрватско - Англиски речник (господ знае од кај го имав "позајмено"),и почнав интелектулано да се надградувам и да ги проширувам моите хоризонти ( of course, да барам слики со голи жени,така и Багра ја открив).
Ајде да не го тупам многу, најдов една страна со слики од површината на месечината и на земјата сликани од површината на месечината, направени од Руски безпилотни летала.
Jас немав поим дека имало успешни мисии на Месечината од страна на Русите.
Значи бачушките знаат екзактли како е горе, слики имаат, примероци од почвата исто така, што ги прави единствени компетентни да кажат дали Америте лажат или не.
Никаде,ама баш никаде, не најдов податок,дека Русите ги демантираат Америте или го омаловажуваат нивниот подвиг.Најголеми ривали беа ,знаат како е горе,имаат примероци да ги споредат со на Американците,и НИШТО,ШТАМА.Маца појела језик,или со ќутенката си признаа Русите дека Jack Daniels удара боље од Столичнаја.