Фудбалски вести

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
FFYKxqvXMAYn0C5
FFX_qj2WQA4TWIY

FFX4D3sXwAgN7Cc
FFYSPyCXoAEJGKu
 
Чисто да се знае, денеска е доделувањето на златната топка за најдобар фудбалер во 2021 :D
Веќе ги објавија фудбалерите рангирани од 11то место надолу.
Главни фаворити се Меси и Левандовски

Автоматски споено мислење:


Додека пишував, ти веќе си постирал. :D
 
Сега читам ова за најдобар стрелец го измислиле за да му дадат на Меси за најдобар играч. Ако е така нека се угасат боље, Лева годинава искина највеќе од сите фудбалери.
 
Тоа се вика дипломатска награда.

Премногу biased фанови имаат со Роналдо, па мора вака да ги утешат другите.
 
Сега читам ова за најдобар стрелец го измислиле за да му дадат на Меси за најдобар играч. Ако е така нека се угасат боље, Лева годинава искина највеќе од сите фудбалери.
Меси има поставено нови стандарди во спортов коа се гледа статистиката па затоа со вакви муабети се улетуваат многу луѓе на интернетов. После спориот и лош старт на ланската сезона Меси имаше монструозна 2021 година. Покрај бејзик G+A статистиката што и за неговите стандарди му е супер (до пред точно две недели беше најдобар стрелец и асистент во ЛаЛига годинава иако последен пат во истата има играно во месец мај), ваквите бројки и фактот што конечно освои интернационален трофеј со Аргентина (со гол придонес во секоја утакмица) а и каков таков тројфеј со смешната ланска Барса на Куман никако нема да се занемари.

Кога у краен случај не би ја земал Меси, тогаш треба да ја земе рандом лик како Жоржињо. Играч од Бундеслига ќе го добие ова само коа ќе освои ЛШ со Баерн или ќе напраи нешто позначајно со репрезентацијата. Левандовски со неговите 40 гола против Гројтер Фирт нема никад да ја земе наградава.
 
Цела управа на Барса, цела управа на ПСЖ присутни на галава, исто и Луис Суарез присутен вечерва.
Меси изгледа ќе земе нова Златна Топка.

Левандовски ќе го утешат со новава награда за најдобар стрелец.
 
Сосема заслужено :aplauz:
Кажи ми на кој основ ај? Сега ќе ми речиш освои Копа Америка кое се играло 5 пати во 7 години, па ако тоа е меродавно тогаш еве го Жоржињо и Европско освои што е 10х потешко и ЛШ.

Брутални две сезони има Лева, лани го украдоја, годинава пак, 4 месеци од годинава Меси не постои на терен, буквално и тоа не постои и тој најдобар, епа бравос...
 
GOAT си е GOAT. Целосно заслужено.

Левандовски требаше да освои Златна топка за 2020 и неправда е што Франс фудбал не ја додели. Годинава немаше скоро никаков успех. Освоена Бундес лига каде нема конкуренција ни оддалеку не е доволно.

Успехот на Меси со Аргентина не смееше да се игнорира. Посебно што тој лично имаше перфектен турнир, каде беше најдобар во сите индивидуални категории. Така да јасен е изборот. Тоа дека голем број фудбалски фанови сакаат да видат нови лица што добиваат награди е разбирливо, но ќе биде и тоа наскоро кога Меси и Роналдо ќе се пензионираат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom