Градинки

  • Креатор на темата Креатор на темата Fortune
  • Време на започнување Време на започнување

Дали е добро детето да оди во градинка?

  • Да, зошто да не.

    Гласови: 131 91,0%
  • Не, никако.

    Гласови: 13 9,0%

  • Вкупно гласачи
    144
Да не сум одел во градинка можеби и нема да сум засакал некој манџи да јадам.

Друго убаво е грандика бидејќи тој период учиш за некакви први правилни навики и општо социјализација, снаодливост и друго. Навики за хигиена миење раце, да делиш играчки со другарчињата, да сакаш некого а дури и првите детски не озбилни симпатии се случуваат во градинка, во градинка се победува оној детски срам, научуваш подобро да се снаоѓаш во некој работи, учиш песнички...

Има и разболувања и тоа е честа појава во градинките, деца два дена во градинка друг ден болни се дома но се е тоа некој процес на зајакнување. Исто дека има во некој градинки лош кадар воспитувачки можеби има но јас кога одев мислам не било така а и не сум слушнал такви случаеви од разно разни луѓе.
 
Си кажав мислење но еве денес гледам вакво видео од некоја скопска градинка.

Глупости ги учат на работи не соодветни за годините на децата.
 
Си кажав мислење но еве денес гледам вакво видео од некоја скопска градинка.

Глупости ги учат на работи не соодветни за годините на децата.
...според кои кадри ги вработуваат и ги поставуваат за водење групи во градинка воопшто не сум изненадена, ниту работаат според некоја програма, ниту пак некој ги контролира!
... и наместо децата во градинка да пеат песни од Златно Славејче или други детски фестивали, наместо да ги учат барем некој инструмент да свират или да ги научат кои се главни градови на државите, излегуваат вакви генерации, тешко на Македонија со ваква младина!

Си кажав мислење но еве денес гледам вакво видео од некоја скопска градинка.

Глупости ги учат на работи не соодветни за годините на децата.
Не гледам ништо лошо во оваа случка..едноставно денот на воспитувачката и бил таков и сакала малку да се развесели, да се разигра со децата, да не кажам да се одлепат малку.
Голема работа, па на сите понекогаш ни доаѓаат такви моменти
Ништо страшно, сите весели, распеани, разиграни...а има денови за поучни песни и детски приказни.
Која фама се крева за малку безазлено расположение.
Чурук народ сме.
 
...според кои кадри ги вработуваат и ги поставуваат за водење групи во градинка воопшто не сум изненадена, ниту работаат според некоја програма, ниту пак некој ги контролира!
... и наместо децата во градинка да пеат песни од Златно Славејче или други детски фестивали, наместо да ги учат барем некој инструмент да свират или да ги научат кои се главни градови на државите, излегуваат вакви генерации, тешко на Македонија со ваква младина!

Читав по коментари им задале задача секое дете да си одбере песна што му е омилена и утредента во градинка да ги пуштаат. Ги праќале по Вибер групата наменета за родителите и тие што ги учат таму воспитувачките.

Некој од децата заедно со родител одбрале Жена од Султана фолкерска песна. Тука гледам кривица и на родителите и на тие што им се воспитувачки во градинката.

Колку и да родителите си дозволуваат такви песни сепак установата градинка треба да го отфрли тоа. Се знае на децата на таа возраст што е за во градинка и што треба да се учи а што сепак не треба.

Има време детето кога ќе порасне доволно години и нема веќе да биде дете мало па нека си слуша што сака немам ништо против секој има право свое.
 
... како да ги воспитат младите родители своите деца кога истите не се воспитани, тие мислат дека градинките се установа за воспитување, а тие се ослободени од обврските, а градинките се само подготовка за предшколство образование,
Не гледам ништо лошо во оваа случка..едноставно денот на воспитувачката и бил таков и сакала малку да се развесели, да се разигра со децата, да не кажам да се одлепат малку.
Голема работа, па на сите понекогаш ни доаѓаат такви моменти
Ништо страшно, сите весели, распеани, разиграни...а има денови за поучни песни и детски приказни.
Која фама се крева за малку безазлено расположение.
Чурук народ сме.
...не се сложувам со тебе, има начин како да одлепат децата на таа возраст, еднаш грешно поставено нештото кон дете на таа предшколска возраст ќе биде пресудно за разни девијации како во психолошкиот развој, така и во понатамошно развивање како личност, не смее дете да глуми возрасен, па макар и во игра!
 
Последно уредено:
Може не изгледа запрепастувачки, не е ќотек, да ама не е ни улична забава.

Не може да се очекува воспитување од родители кои не се воспитани.
Тие мислат дека градинката е само место за чување деца, а тие дома ќе си ги воспитаат, нели само они знаат на најдобар начин.
И воспитувачката е сигурно истата. Можело да каже да избираат само детски песни, па да види кое дете колку песни знае.

Тоа што повеќе деца ја знаат песната доволно кажува што слушаат по дома, какви серии гледаат, какви зборови употребуваат и тоа се пренесува и во градинка, парк, школо.
Не дека не прифаќам различен вкус за музика и филм и кој што сака нека слуша и гледа, ама содржината не одговара на нивната возраст.
 
...според кои кадри ги вработуваат и ги поставуваат за водење групи во градинка воопшто не сум изненадена, ниту работаат според некоја програма, ниту пак некој ги контролира!
... и наместо децата во градинка да пеат песни од Златно Славејче или други детски фестивали, наместо да ги учат барем некој инструмент да свират или да ги научат кои се главни градови на државите, излегуваат вакви генерации, тешко на Македонија со ваква младина!

Бјонси, мене ми се допаѓа прцлава што едвај збори, ама ги знае сите главни градови, само не е ова од градинка! На прво место вроден талент, второ работа дома! Тешко дека нејзината воспитувачка ги знае сите главни градови :D
Кај нас дома, татко ми беше фрик за географија и оќеш нејќеш ќе се навлечеш на тоа, дури сакав и да студирам тоа! Нашиве градинки и школи веќе одамна не се место каде се воспитува и се учи нешто ново, кое би било корисно во понатамошниот живот. За жал.
 
Главни градови и плус сите претседатели ги знаевме. Ова од што гледавме вести. :icon_mrgr:
Сега повеќе време посветуваат внимание на телефони и серии.

Ние тогаш со 5-6 програми на ТВ нема што да гледаш и сакаш нејќеш ќе учиш букви и бројки и собирање и одземање до 100
Сега да научиш дете од 4-5 години за да биде колку толку спремно за училиште, треба време, големо внимание и нерви да го тргнеш од телефон, а и на родителите им е полесно.

Има школо таму ќе научи.
Ќе научи, ама поголема мака имаат децата што се ќе им се натрупа наеднаш.

Има некои што знаат, ама тие сигурно ги чуваат баби и дедовци или родители кои се навистина посветени, тие се ретки.
 
Кај нас дома, татко ми беше фрик за географија и оќеш нејќеш ќе се навлечеш на тоа, дури сакав и да студирам тоа!
И ја бев фрик по географија. Атлас имав дома, донесен од Канада и плачев на 6 години зошто не знаев француски и не можев да сфатам тоа што го пишува. И така почнав според знамињата да ги учам државите, па главните градови, па валути учев итн. :D

Онтопик: видеото со дечињата во градинката го видов. Деца ко деца, играле, пееле, биле среќни и насмеани, а повеќето од нив ниту ги знаат зборовите на песната, ниту пак го разбираат значењето на истата.
Ниту пак сметам дека учителката имала лоша намера.

А ако не сакаме децата да слушаат таква музика, тогаш треба да го промениме музичкиот репертоар дома. Квалитетната музика е прашање на вкус, но се прашувам зошто некако после овој настан се крена толкава ука бука и сите плукаат по тоа што се случило, а први се за концерт на Цеца, Аца Лукас итн?

*немам ништо против таквата музика, прашање на вкус, слушам и јас понекогаш, ама ете, тоа се прашањата кои ме мачат. :sleep:
 
rVFACfEnifSsmQQ-800x450-noPad.jpg

... тоа e кога не се разликува што содржина и песни се соодветни според возраста, ете споредбено мама нема ништо против таков вкус на музика, па заклучокот дека и детето од предшколска возраст е нормално да слуша иста таква музика!

siPBCvCgpmHxbkR-800x450-noPad.jpg

...кога мама облекува свилени чорапи и ќе стави црвен кармин затоа што нема ништо во тоа да си поубава нели, тогаш што има лошо девојче со само 5 години да не си стави кармин и штикли да личи на мама! :toe:

playboy-magazine-scene-home-alone.jpg

... а на момчето наместо книга сликовница, оти нели не знае сеуште да чита, ќе му дадеме некое списание со дади и млади тетки како се соблечени да ги гледа исто како што ги гледа скришум тато, оти не разликуваме што смее и што не смее момче на предшколска возраст да прави и сето тоа без никаква лоша намера, без дигање ука бука и плукање, разбира се!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom