Историската улога на жената во религиите

Член од
3 мај 2019
Мислења
19.141
Поени од реакции
10.150
Одговори ми де. Баш ме интересира.

Дали е рамнотежа ако едната половина од верниците е одговорна за раѓање успешни мажи, а другата половина е заслужна за успехот?
Исто и јас се бунев на форумов за неправдата која ни е нанесена короз историјата на нас, врз жените,која сеуште на жалост постои.
Конкретно за улогата на жената, па во право се, оти ние жените сме емоционално послаби, предодредени да имаме циклус, да раѓаме деца. да ги чуваме и негуваме.....замисли свештеник на кој позади на мантијата му стои флека од крв или капки на подот...некако не одат тие работи нели...
Заслуги нема потреба да бараме, тука е грешката.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.431
Поени од реакции
11.279
Исто и јас се бунев за неправдата која ни е нанесена короз историјата на нас, врз жените,која сеуште на жалост постои.
Конкретно за улогата на жената, па во право се, оти ние жените сме емоционално послаби, предодредени да имаме циклус, да раѓаме деца. да ги чуваме и негуваме.....замисли свештеник на кој позади на мантијата му стои флека од крв или капки на подот...некако не одат тие работи нели...
Заслуги нема потреба да бараме, тука е грешката.
Лол, менструација и флеки од крв ти се аргумент за небивањето свештеник? Докторка во бел мантил не добива менструација? Полицајка не добива менструација?

Навистина си заглавена во романот ''Папата Јована'', но мислам дека не си го извлекла вистинскиот заклучок од книгата.

Напротив, мислам дека жените многу посовесно и поблагородно би раководеле со таквата позиција.

Жените не се предодредени да го прават тоа што немаат желба да го прават. Жените се предодредени за истите работи духовно и интелектуално како и мажите. Не гледам никаква разлика.
Амбициите кои што ги имаш, желбата интелектуално да се докажуваш и да му парираш на некого, и да бидеш вреднуван поради твоите квалитети не треба да е барање заслуга, туку императив!
 
Me podseti na temava....

Член од
13 април 2021
Мислења
3.431
Поени од реакции
11.279
Ми се згади темава, да јас како жена читам тука на темава од жена дека менструалниот циклус е пречка за академско напредување, интелектуално возвишување, духовно. Вакво нешто од маж немам слушнато до сега, а камоли пак жена. Свашта.
 
Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.750
Поени од реакции
5.003
Напротив, мислам дека жените многу посовесно и поблагородно би раководеле со таквата позиција.
Не се работи за тоа дали совесно или благородно би раководела со таква позиција.

Се работи за дали една жена може да живее таков подвижнички живот,живот во кој ќе се откаже од толку многу задоволства,живот кој бара најголема жртва од сите животи - посебно во денешно време.Живот во кој секој ден ќе имаш невидлива борба со самиот себеси.

Не верувам дека жена би можела да се посвети толку многу на асцетизмот и таквиот начин на живеење колку што еден маж може да се откаже од се и да тргне по духовното.

Улогата на жените во религијата е тоа со бројните жени кои станеле светици и обично сите поминале низ маки кои обичен човек неможе да ги замисли во најлошите кошмари.
 
Зошто да не може да живее подвижнички живот, заради тоа што е предодредена да раѓа деца?

Хм. Тоа е индивидуално. Ако некоја жена се чувствува способна да води таков подвижнички живот, зошто да биде дискриминирана само заради тоа што е жена? Ја лично за мене ќе кажам дека не би можела да водам таков живот, но постојат жени кои можеби ете имаат такви аспирации, не сакаат да основаат фамилија, не сакаат да имаат дете, сакаат да се посветат на религијата, и не гледам ништо различно во остварување на таквите аспирации во однос на машкиот пол. Тоа би било исто ко да кажиш дека мажот има право да стане свештеник, затоа што има доволно време и нема потреба да поминува доволно време со фамилијата.

Прашав еднаш, кои се квалификации за бивање свештеник настрана полот?
- менструален циклус во 21 ви век
- подвижнички живот

Ок.
 
"Жените не се предодредени да го прават тоа што немаат желба да го прават."

Одговорот го даде малце погоре.

Не верувам дека жените имаат желба да живеат таков живот.И никоја жена таква не е дискриминирана,туку ваљда потешко е жена да живее во целибат.

Второ и најискрено ќе пишам.Не верувам дека ќе бидат сериозно сфатени во улога поголема од калуѓерка.

Тоа е вистина дали ти се допаѓа или не.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Прашав еднаш, кои се квалификации за бивање свештеник настрана полот?
- менструален циклус во 21 ви век
- подвижнички живот
Не ти е баш прецизно прашањето, но во Православната Црква со крштевањето човекот станува свештеник, без разлика на полот, и учествува во Црковниот живот, и во зависност од одредени дарби, школски квалификации, возраст, секако и од полот, афинитети, мотивации, сите човечки потенцијали и ресурси што ги има, може да извршува конкретна форма на свештенство која е организациски поставена како Богочовечки организам.

А за типот на свештеничките служби, епископ, свештеник, ѓакон, ѓакониса, монах, монахиња..., кај може жена или маж да служи како биолошка предиспозиција веќе му објаснив на секуларистот @BilboBaggins, може да си препрочиташ. :)
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.431
Поени од реакции
11.279
Па ако ја и ти како жени на форумов не сакаме да водиме таков живот, не значи дека и мнозинството жени не сакаат да водат таков живот. Како што кажав, тоа е индивидуално.

Нема да бидат сфатени посериозно од улогата калуѓерка, заради тоа што и самите жени себе не се сфаќаат сериозно. Еве, дискусијата од погоре е пример за тоа.

Свесна сум дека културата и религијата и сето тоа што оди заедно со нив се многу успешни во креирањето на потсвеста и идеолошките стереотипи, кога е во прашање супериорноста на половите, но во 21-ви век навистина нема простор за самите себе си да се ограничуваме дека сме помалку вредни од мажите.
Автоматски споено мислење:

Не ти е баш прецизно прашањето, но во Православната Црква со крштевањето човекот станува свештеник, без разлика на полот, и учествува во Црковниот живот, и во зависност од одредени дарби, школски квалификации, возраст, секако и од полот, афинитети, мотивации, сите човечки потенцијали и ресурси што ги има, може да извршува конкретна форма на свештенство која е организациски поставена како Богочовечки организам.

А за типот на свештеничките служби, епископ, свештеник, ѓакон, ѓакониса, монах, монахиња..., кај може жена или маж да служи како биолошка предиспозиција веќе му објаснив на секуларистот @BilboBaggins, може да си препрочиташ. :)
Прашањето ми е многу концизно и прецизно и за жал до сега не добив ниту еден одговор кој може да се нарече аргумент вреден за дискусија.

Прашањето важи и за тебе, слободно, одговори ми кои вештини се бараат од едно лице за да биде свештеник? Кои предиспозиции? Освен карактерни особини кои се независни од полот и нешто што е нормална физиолошка работа.
 
Последно уредено:
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Па ако ја и ти како жени на форумов...
:unsure:

пи.ес. Тоа што го дебатирате е чисто внатрецрковно прашање. Државата не смее да се меша во тие прашања. А ако бараме логика, треба да бараме логика и во најфундаменталните прашања поврзани со самата религија...а таму нема многу логика. :)
 
Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.750
Поени од реакции
5.003
Па ако ја и ти како жени на форумов не сакаме да водиме таков живот, не значи дека и мнозинството жени не сакаат да водат таков живот. Како што кажав, тоа е индивидуално.
Прво не сум жена,второ претпоставувам дека жените не сакаат да водат таков живот од икс причини и за нив мислам дека е потешко.
Исто како што е потешко да бидат физички работници,војници,генерали итн...

Не значи дека ако е 21век магично некои работи ќе се сменат.Нема врска вредност со тоа,него секој со различни можности и тешкотии.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Прашањето важи и за тебе, слободно, одговори ми кои вештини се бараат од едно лице за да биде свештеник? Кои предиспозиции? Освен карактерни особини кои се независни од полот и нешто што е нормална физиолошка работа.
Свештеник е општ назив за сите Христијани во Црквата.
Ако мислиш на свештеник, презвитер познато како поп, отец, старешина..., тогаш тој треба да знае теквондо, кунг фу..., од вештини (се шегувам секако :) ).
Да е крстен, со Богословско образование, женет и да нема некои канонски пречки кои ги бара Црковното право.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.431
Поени од реакции
11.279
:unsure:

пи.ес. Тоа што го дебатирате е чисто внатрецрковно прашање. Државата не смее да се меша во тие прашања. А ако бараме логика, треба да бараме логика и во најфундаменталните прашања поврзани со самата религија...а таму нема многу логика. :)
Абе вистина е тоа. Затоа реков на почетокот дека јас правам дистинкција измеѓу верници и верски фанатици кои си ги интерпретираат светите текстови така како што сакаат. Ама ваљда и за тоа треба да вклучиш здрав разум и критичко размислување :unsure:.

Стварно не ја разбирам потребата толку да се омаловажуваат жените.

Да е крстен, со Богословско образование, женет и да нема некои канонски пречки кои ги бара Црковното право.
Добро, жената не го може ова?

Патем прати ја тука контрадикцијата....попот треба да биде женет и да има фамилијарен живот, а калуѓерката не.
Толку од тоа водење подвижнички живот.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.145
Во христијанството жената нема да биде свештеничка.
Толку е муабетот. Секоја жена која сака и се чуствува христијанка - не може да биде свештеничка и тоа е тоа.

Нема потреба да се бара да има промени и да се дозволува било што. А и реално не бараме да биде жената свештеничка во христијанството, само дискутираме дека жената е помалку од мажот и не може да биде тоа што е мажот во самата црква. Ништо страшно, не мора да сте христијани, денес е лесно барем тоа ... :)
Дали ќе го дочекаме времето кога нема да биде страшно и да не се муслимани луѓето - тоа ќе биде бум во светот.

Жената не била исто со мажот во однос на духовното (она што било јавно дадено за обожување) и тоа е дадено низ историјата. Не може да се промени тоа.
Но и те како може денешната жена да пишува подобра историја за идните нејзини сестри ;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom