Не знам како ќе се снајде до крај на сезона, но штом доаѓа за да остане (а не делува на човек што му е битно да биде само неколку месеци тренер на било кој клуб), спортската политика на клубот ќе биде целосно променета.
Се расправав во друга тема дека Германците се чекор напред во однос на другите, дека од таму се препишува, а добрата работа најдобро ја отсликуваат тренерите што излегуваат.
Не за џабе Клоп е во Ливерпул, а Тухел во Челзи. Сега и Манчестер Јунајтед сакаат да бидат "Германци". Пореално би ми било да го замислам во Арсенал, Тотенхем, претходно во Ливерпул, но веројатно Манчестер решил да прави промени, да видиме само дали ќе издржат.
Дали ќе биде успешен како тренер? Секој тренер има добри и лоши моменти, па и најдобрите. Да отиде Клоп некаде и да доживее неуспех, веднаш ќе се јави групата што не го почитува, исто како што му се замеруваат некои работи на Гвардиола. Не постои тренер што гарантира резултатски успех, како што и неуспех во одредена средина не го прави неспособен.