Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам како ќе се снајде до крај на сезона, но штом доаѓа за да остане (а не делува на човек што му е битно да биде само неколку месеци тренер на било кој клуб), спортската политика на клубот ќе биде целосно променета.

Се расправав во друга тема дека Германците се чекор напред во однос на другите, дека од таму се препишува, а добрата работа најдобро ја отсликуваат тренерите што излегуваат.

Не за џабе Клоп е во Ливерпул, а Тухел во Челзи. Сега и Манчестер Јунајтед сакаат да бидат "Германци". Пореално би ми било да го замислам во Арсенал, Тотенхем, претходно во Ливерпул, но веројатно Манчестер решил да прави промени, да видиме само дали ќе издржат.

Дали ќе биде успешен како тренер? Секој тренер има добри и лоши моменти, па и најдобрите. Да отиде Клоп некаде и да доживее неуспех, веднаш ќе се јави групата што не го почитува, исто како што му се замеруваат некои работи на Гвардиола. Не постои тренер што гарантира резултатски успех, како што и неуспех во одредена средина не го прави неспособен.
 
Последно уредено:
Aха, епа добро тогаш. Очигледно овој човек не може да згреши. Секогаш има нешто и секогаш има едно ,,ама".

Да е живо и здраво новинарствово, што да речам.
Фабрицио Романо и Марсело Биелса. Да треба еден да одбереш, кој би го одбрал? :D
 
Фабрицио Романо и Марсело Биелса. Да треба еден да одбереш, кој би го одбрал? :D


Биелса, секако. Романо барем знае повремено да внесе радост во нашите животи. :coffee:
 
Нешо поише за играчов или слабо? Прв пат слушам за дружево искрено...

Кога играше во Ница се поврзуваше со топ европски екипи и за годините беше добар. После тоа се искара со Виера, го загуби местото, не продолжи договор и како слободен играч дојде во Челзи.
Наводно, услуга на агентот на Лукаку, бидејќи е и негов клиент.

Има 21 година, од тоа што настапи малку за Челзи сезонава не беше лош. Не е силен, не е висок, но комфорен е на топка, брз и технички коректен. Предност кај Сар е возраста и тоа што може да игра и во формација со петтина во одбрана, може и како лев бек.

Е сега, ова е онака базично ептен од мене. Му требаат минути за нешто повеќе.
 
Гледам дека е штопер шо игра со лева, можда ради повредиве на де Фрај, Ранокија, Дармијан, да има играч за ротација плус, да не испадни Коларов да треба да игра х утакмици со ред.

А Бастони би ротирал на централен.
 
Па и за Бастони нема замена реално, кога не игра он доста често игра Димарко на лев штопер што не е баш најдобра опција пошо е класичен лев бек башка е миџет. Му верувам на Марота така да нека го земат па ќе видиме што и како ќе биде.
 
Па и за Бастони нема замена реално, кога не игра он доста често игра Димарко на лев штопер што не е баш најдобра опција пошо е класичен лев бек башка е миџет. Му верувам на Марота така да нека го земат па ќе видиме што и како ќе биде.

Да, да, Димарко е замената за Бастони сезонава реално.
Лани Дармијан имаше ок партии таму, ама сега плус-минус тој е прв избор за десен бек и остануваме на Димарко и Коларов.

Иначе забележав дека и на Паломино од Аталанта му истекува договорот догодина, исто левак, не би ме чудело да го спакува Марота наредно лето баш за замена на Бастони.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom