Историската улога на жената во религиите

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
:facepalm:
Не е можна секако... ако правиме муабет за 200 метри со пречки.
Гледаш, мува не те лази за рамноправност на жените, а ваму као бараш жени владици?!
Едноставно темата не те тангира, ниту си ја промислувал, колку у муабет да се најдеш.
Глеј си професијата остај ова на попојте, оџите...
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440

Пошто од нечитање секуларна литература очигледно ти ослабело чувството за сарказам, еве сега ќе бидам мртов сериозен: рамноправноста во 90% од категориите е апсолутно можна и реална, единствено не може да има рамноправност во 200 метри со пречки, фрлање копје, репродукција и уште пар други работи.

Ајде сега повели ти кажи каде и зошто не може да има рамноправност.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.431
Поени од реакции
11.279
:facepalm:
Не е можна секако... ако правиме муабет за 200 метри со пречки.
200 метри со пречки не би биле проблем една жена да ги истрча.
Можеби брзински мажот би бил во предност, ама затоа се натпреваруваат мажи против мажи, жени против жени. Биолошки нефер е да се прават вакви споредби.
Во сите други сфери од општеството каде што на прво место не е ставена силата, не гледам причина зошто не би биле еднакви.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
За исламот не зборувам тука бидејќи нема муслимани на форумов за да може да се дискутира и да дадат оправдување како овој или оној авторитет рекол дека така морало да биде...
Штом имаш „милиција“ која ќе одлучува за работи кои се внатрешна работа, премногу лична и од света книга се обидуваш да градиш и политички систем - нешто мириса на тоталитаризам и угнетување, со круна на се - смртна казна бидејќи „боговите така сакаат“!

Штом мажи одлучуваат на собори за жените - не знам колкава е веројатноста жената да добие било какво парче од тортата. Бидејќи како што читам жената „не е подобна“ за некои функции кога се работи за боговите!

Изида гледа и се чуди што зборуваат лудиве мажи во однос на жената! Ниту еден маж не би тргнал да бара отсечена града на една жена како симбол ете на едно мајчинство, но ете таа светот го помина надолж и попреку за да го најде фалусот на Озирис (W'sir, Васир или Везир кај муслиманите ;) )
Автоматски споено мислење:

200 метри со пречки не би биле проблем една жена да ги истрча.
Било која жена што тренира трчање без проблем ќе ги победи мажите што тука пишуваме на темиве :)
И тоа таа со пречки, a ние мажите „преодредени“ за големи работи и победи над жената, сите со 30 метра предност и без пречки - ќе врескаме кога ќе не одмине како ветер :D
 
Последно уредено:
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Било која жена што тренира трчање без проблем ќе ги победи мажите што тука пишуваме на темиве :)
На што ја темелиш оваа претпоставка? :icon_mrgr:
За исламот не зборувам тука бидејќи нема муслимани на форумов за да може да се дискутира и да дадат оправдување како овој или оној авторитет рекол дека така морало да биде...
Штом имаш „милиција“ која ќе одлучува за работи кои се внатрешна работа, премногу лична и од света книга се обидуваш да градиш и политички систем - нешто мириса на тоталитаризам и угнетување, со круна на се - смртна казна бидејќи „боговите така сакаат“!

Штом мажи одлучуваат на собори за жените - не знам колкава е веројатноста жената да добие било какво парче од тортата. Бидејќи како што читам жената „не е подобна“ за некои функции кога се работи за боговите!
Тогаш темава слободно може да се преименува во Улогата на жената во Христијанството (и тоа строго, најстрого за православието) и да зборуваме за црковните концили, канонизацијата на светиците и разликите меѓу Стариот и Новиот завет околу ова прашање.

Инаку апсолутен егалитаризам не може да се воспостави. Треба да има еднакви можности (засновани на начелото на рамноправност и еднаквост), па потоа секој со својата можност и среќа.

Денес општествен двигадел е политичкиот плурализам. :)
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
рамноправноста во 90% од категориите е апсолутно можна и реална, единствено не може да има рамноправност во 200 метри со пречки, фрлање копје, репродукција и уште пар други работи.

Ајде сега повели ти кажи каде и зошто не може да има рамноправност.
Во твојот секуларен концепт немаш решение?
Во Христијанството веќе ти објаснив како е решено.
Сега ако сакаш да тераш сарказам, не гледам зашто и кон кого?
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.431
Поени од реакции
11.279
А зошто жените не би можеле да бидат свештеници, каква е природата на работата на свештеникот да бара исклучиво машки хромозоми?
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
200 метри со пречки не би биле проблем една жена да ги истрча.
Можеби брзински мажот би бил во предност, ама затоа се натпреваруваат мажи против мажи, жени против жени. Биолошки нефер е да се прават вакви споредби.
Во сите други сфери од општеството каде што на прво место не е ставена силата, не гледам причина зошто не би биле еднакви.
А, што обратно од ова кажав јас?
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Епа ако бевме Америка, форумов ќе имаше повеќе мормони, амиши и слични такви, па ќе можеа и таквите да си го одбранат светогледот. Вака ни останува најнезабавната опција - православието.
Да, амишите се познати по тоа што имаат компјутери.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.138
Поени од реакции
10.150
А зошто жените не би можеле да бидат свештеници, каква е природата на работата на свештеникот да бара исклучиво машки хромозоми?
Прашањево му доаѓа како -Зошто и мажите не раѓаат деца?
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Улогата на жената во Христијанството (и тоа строго, најстрого за православието) и да зборуваме за црковните концили, канонизацијата на светиците и разликите меѓу Стариот и Новиот завет околу ова прашање.
Историската улога на жената во религијата, мислам дека го доловува претходно што кажував, но еве да поедноставам.
Во почетокот на историјата на човештвото, жената директно влезе во дијалог со злото кое преку неа успеа да ја реализира својата цел, да го одвои човекот од Бог.
Но, исто така преку жената (пресвета Богородица)се воспостави дијалог со Бог, афирмативно по својата слободна волја да прифати Бог да стане човек и да го оствари позивот и смислата на човековото постоење.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.431
Поени од реакции
11.279
Прашањево му доаѓа како -Зошто и мажите не раѓаат деца?
Мажите не раѓаат деца затоа што немаат утерус. Зошто жените не можат да бидат свештеници? Кои се квалификациите за свештеник (покрај бивањето маж)?
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.138
Поени од реакции
10.150
Мажите не раѓаат деца затоа што немаат утерус. Зошто жените не можат да бидат свештеници? Кои се квалификациите за свештеник (покрај бивањето маж)?
Ако во прашањето не ти текнува кој е одговорот, тогаш бадијала ќе пишувам.
Во светов треба да има рамнотежа а не натпревар, мажот и жената да бидат едно цело ама секој со своите дадени божји особини.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.431
Поени од реакции
11.279
Ако во прашањето не ти текнува кој е одговорот, тогаш бадијала ќе пишувам.
Во светов треба да има рамнотежа а не натпревар, мажот и жената да бидат едно цело ама секој со своите дадени божји особини.
Одговори ми де. Баш ме интересира.

Дали е рамнотежа ако едната половина од верниците е одговорна за раѓање успешни мажи, а другата половина е заслужна за успехот?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom