Билјард клубови

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.211
Поени од реакции
34.456
Da, moze da opstojuva vo gradovi kaj sho zabavata e poveke od burger od 300 denari i kafe od 150.
Не знам зошто те дирна мојата реална анализа, познавајќи го добро животот и во Велес и Скопје. Па покажуваш некакви локал-патриотски емотивни изливи. Оди отвори билјард клуб во Скопје како во Велес, пошто нели, лесно е и исплатливо, ние само за бургери знаеме. Па и анализата за кафето и бургерот во Скопје... Цената на овие работи се формира земајќи ги предвид повеќе фактори, меѓу кои оперативните трошоци се најбитни.

Можда ви е малку чудничко, ама ако некогаш фатите барем еден свој бизнис, добро би било да се вратите на темава и да се преиспитате. И 150 денари е малку за кафе во просечен кафич во Скопје.

Само ви кажувам зошто ги нема. Ама пошто се разбирате и од забава и од бизнис, хев а бујрум, ве чека цел свет на можности - отворете билјард клуб во Скопје и станете милијардери. Еден куп велешани чекаат на ред да ви остават пари за топ забава :)
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.248
Поени од реакции
30.507

Bas oti se razbirame, igracnicite se vo neposredna blizina na ucilista, parkovi kaj sho pred se, se dostapni za zabava za deca i vozrasni, i ne e samo bilijard, tuku e najcesto 2 masi bilijard, 2 fudbalcinja, 2 pikada, 4 plejki i kompjuteri za lan igra.
I znaes sho? Ne se doaga na red.
Isto kako na Romantik :coffee:
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.338
Реално, кој игра билјард од поновиве генерации? Да плаќаш толкави трошоци за кирија, вработени, оперативни трошоци за што? Да ти се прошуњаат 5-6 копиљаци на маса и да ја задржат саат време за 100 денари, едвај пиејќи 2 пива? Не ме јеби, секој со здрава бизнис логика би си ставил клуч уште пред 10 години. Вакво нешто може да опстојува само во градови како Велес, кај што е кирија 50 евра месечно или кај што некој може да си отвори клубче во подрумот кај што до вчера чувал коковчиња и зајци.
Хазард во зимен период маса не можеш да фатиш без резервација. Шест маси, по 200ден саат иако мислам дека е повеќе, претежно по 4ца играат и зимаат за пиење околу 80-100ден. Ти доаѓа по 600ден од маса за саат или 3600ден на саат. Плус играат пикадо меѓувремено има Сони и пинг понг. Трошок имаш еден вработен, струја, кирија и одржување на масите.
Па не би рекол дека не се исплаќа. Ти треба само добар маркетинг.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.211
Поени од реакции
34.456
Хазард во зимен период маса не можеш да фатиш без резервација. Шест маси, по 200ден саат иако мислам дека е повеќе, претежно по 4ца играат и зимаат за пиење околу 80-100ден. Ти доаѓа по 600ден од маса за саат или 3600ден на саат. Плус играат пикадо меѓувремено има Сони и пинг понг. Трошок имаш еден вработен, струја, кирија и одржување на масите.
Па не би рекол дека не се исплаќа. Ти треба само добар маркетинг.
Вау еј, цели 3.600 денари на саат правеле, во тие 3-4 саати кога има луѓе :))
И тоа 3.600 денари е смешно, ама да бидеме реални, повеќе е околу 1.500 на саат, пошто речиси никој не пие ништо (сум бил миљон пати, знам). Пута 10 часа дневно (ако воопшто има толкав период од денот со сите полни маси), би му дошло просек од 15.000 денари дневно. Ако мислиш дека можеш да работиш клуб од типот на Хазар со цел ЕДЕН вработен, стварно немаш допир со реалноста. Најмалку тројца вработени има, во најмалку 2-3 смени. Трошоци биле САМО вработените, струја, кирија и одржување на масите. Оди бе пијте си таму кафето за 60 денари, не се докажувајте на полиња кои не ви се познати :)))
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Bas oti se razbirame, igracnicite se vo neposredna blizina na ucilista, parkovi kaj sho pred se, se dostapni za zabava za deca i vozrasni, i ne e samo bilijard, tuku e najcesto 2 masi bilijard, 2 fudbalcinja, 2 pikada, 4 plejki i kompjuteri za lan igra.
I znaes sho? Ne se doaga na red.
Isto kako na Romantik :coffee:
Епа направи математика колку м2 простор ти треба за вакво нешто, помножи го со минимум 4 евра по 1м2 (за да биде блиску до школи/факултети, но постар објект), стави минимум 2 бруто плати месечно (по 1 во секоја смена, иако е добро да има 2ца во смена, ама ете ќе дежура и газдата), стави трошоци за струја/комуналии/парно, троа рекет и види дали тоа што би се заработило е повеќе од тоа што ќе го потрошиш.

На прв поглед за ова што ти го опиша: 25-36 000 (400-600) евра кирија, 2 бруто плати 50-60к денари, сметки струја/парно/вода/такса 15-20к, сметководители, банки и останати ситни трошоци не ги ни сметам, плус инвестицијата да ги купиш и амортизација на тие масите/пикадата...
Минимум 2000 евра имаш оперативен трошок, пресметај колку е капиталната инвестиција за да се купат масите и останатите играчки, колку би траеле/би губеле на вредност со амортизацијата и удри математика дали може да извадиш повеќе од тоа.

П.С на тоа што ќе ти остане одземи му 11% персонален, веројатно ќе имаш и данок на добивка бидејќи ќе се вртат големи суми како обрт, т.е уште 10%, што значи ако месечно ти останат чисти 1000 евра, само 790 земаш ти, а останатите 210 државата.
Сигурно има и други давачки кои ќе ги откриваш откако ќе го почнеш бизнисот, ама тоа отом-потом :D
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.211
Поени од реакции
34.456
Стварно не знам што толку чекате да отворите билјард клуб во Скопје, брдо пари лежи во бизнисов поради големата побарувачка и малите трошоци :pos:
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.248
Поени од реакции
30.507
Brdo para ne lezi vo nieden lokalen biznis, megutoa, ako mozat buticite koi prodavaat edno do 2 parcinja roba, ako sme darezlivi 1000 dnevno u prosek i koi rabotat so 2 vraboteni, mozat i igrachnicite da opstojat.
Insomnia e uspeshen biznis takov, na 2 lokacii, samo sho im fali bilijard, fudbalce i slicno.
Koj ima zelba neka se obide, no neka ima na um, deka sekoj biznis e rizik.
 
Каква споредба, дуќанчиња од 50m2 со роба која се купува на кило (и се продава со 300% повисока маржа) и еден до двајца вработени (најчесто газдите) со билјард клуб... Па 100 пати поголема веројатност има да успее бутик со евтина гардероба (поради побарувачката и профилот на просечен македонски потрошувач) отколку билјард клуб.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Стварно не знам што толку чекате да отворите билјард клуб во Скопје, брдо пари лежи во бизнисов поради големата побарувачка и малите трошоци :pos:
Очигледно не си по снукерот... :)
На Скопје му фали еден асален клуб кој треба да биде малце посериозен. Познавам луѓе што се големи љубители од сите генрации. За да личи на клуб, треба да има и мини турнири и неколку различни типови на маси.. Изводливо е и да биде профитабилен (не како локал во Дебар Маало) ама и тој што отвара ваков клуб пред се е љубител на снукер. Од една страна работи тоа што сака а од друга страна има и некоја пристојна плата.
Тоа кај МВР што го нарекуваат клуб, играш 4 саати, пиеш, правиш сметка 3000 и ти наплаќа за кредичката?!?! Нормално дека ќе го откачат сите. Билјард кај нас е на многу ниско ниво во секој случај и за жал се поистоветува со рандом простор со флипери и слично.
Инаку еден совет за тие што сакаат билјард: има многу солидни маси за нормални цени и најмногу се исплати да се соберат дечки и да си земат за во некоја поголема гаража. Јас имам маса, не ме интересираат веќе клубови ама е срамота во Скопје да нема асално место.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.913
Поени од реакции
42.613
нема интерес во народов за билјард. Се сеќавам хазард нон стоп имаа купони со кои привлекуваа муштерии да изиграат за ефтини пари. Инвестирање пари во ваков бизнис е фрлање пари у вода.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.338
Вау еј, цели 3.600 денари на саат правеле, во тие 3-4 саати кога има луѓе :))
И тоа 3.600 денари е смешно, ама да бидеме реални, повеќе е околу 1.500 на саат, пошто речиси никој не пие ништо (сум бил миљон пати, знам). Пута 10 часа дневно (ако воопшто има толкав период од денот со сите полни маси), би му дошло просек од 15.000 денари дневно. Ако мислиш дека можеш да работиш клуб од типот на Хазар со цел ЕДЕН вработен, стварно немаш допир со реалноста. Најмалку тројца вработени има, во најмалку 2-3 смени. Трошоци биле САМО вработените, струја, кирија и одржување на масите. Оди бе пијте си таму кафето за 60 денари, не се докажувајте на полиња кои не ви се познати :)))
Многу сељачки муабет пијте си кафиња и остајте газдите да си играат бизнис.

Хазард никогаш немал повеќе од двајца на смена. Со тоа што еден почнува од 12-13 часот и се поклопува со другиот втора смена. Повеќе од двајца вработени и еден за замена кој може да биде газдата не ти треба.
И ова е мал бизнис и 500 евра да останат од месец е премија, а остануваат. Што сакате од бизнис со двајца вработени, 50 000ден промет, милиони на сметка? Вие си мислите дека само големи фирми треба да има и толку.
Па постојат фирми што и по 50 евра прават на ден, не знам што е страшното тука. Поголем дел од дуќаните за облека и угостителските од 100 евра не прават на ден.
 
Член од
30 декември 2014
Мислења
204
Поени од реакции
321
Си треба еден билјард клуб, пред се за забава.
Да изиграш некоја партија билјард, фудбалче, пикадо. Да испиеш некое пиво со друштво додека играш. Да може да отиде машко-женско друштво.
У смисла ај место у кафиќ, да одиме на билјард.
Не да играме професионално, туки аматерски, за забава, лабаво со друштво.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.211
Поени од реакции
34.456
Многу сељачки муабет пијте си кафиња и остајте газдите да си играат бизнис.

Хазард никогаш немал повеќе од двајца на смена. Со тоа што еден почнува од 12-13 часот и се поклопува со другиот втора смена. Повеќе од двајца вработени и еден за замена кој може да биде газдата не ти треба.
И ова е мал бизнис и 500 евра да останат од месец е премија, а остануваат. Што сакате од бизнис со двајца вработени, 50 000ден промет, милиони на сметка? Вие си мислите дека само големи фирми треба да има и толку.
Па постојат фирми што и по 50 евра прават на ден, не знам што е страшното тука. Поголем дел од дуќаните за облека и угостителските од 100 евра не прават на ден.
Пиј си кафето, јади си кикириките. Ни мал ни голем бизнис не ти е јака страна, дај нешто за фудбал да праиме муабет на друга тема.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Многу сељачки муабет пијте си кафиња и остајте газдите да си играат бизнис.

Хазард никогаш немал повеќе од двајца на смена. Со тоа што еден почнува од 12-13 часот и се поклопува со другиот втора смена. Повеќе од двајца вработени и еден за замена кој може да биде газдата не ти треба.
И ова е мал бизнис и 500 евра да останат од месец е премија, а остануваат. Што сакате од бизнис со двајца вработени, 50 000ден промет, милиони на сметка? Вие си мислите дека само големи фирми треба да има и толку.
Па постојат фирми што и по 50 евра прават на ден, не знам што е страшното тука. Поголем дел од дуќаните за облека и угостителските од 100 евра не прават на ден.
Па поарно оди и работи за друг. Ако заглавиш 10-15к инвестиција, имаш оперативни трошоци од по 2000 евра месечно, се расправаш со вработени, го трошиш своето време, треба да си луд да очекуваш 500 евра.

А ако сметаш 500 евра нето плата за газдата + 500 евра профит, тогаш можеби ќе има логика. Ама тоа значи дека треба после сите даноци треба да ти останат: 45 000 денари за да си пуштиш 500 евра плата (бруто е околу 45), и уште 40 000 на кои ќе платиш само персоналец и добивка за да останат тие 500 евра, што значи за тебе 500 евра нето плата + 500 добивка, 1000че некоја поприфатлива опција (пак недоволна за нервозите што ќе ги јадеш).
 
Член од
9 август 2014
Мислења
511
Поени од реакции
1.704
Се бизнис експерти сте се собрале на темава...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom