Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Бидејќи ми се претставуваш како невеста, во твојот брак на пример?!
Дали ти си верник или глумиш верник?
Кој во тебе (верникот или неверникот) те насочи да помислиш дека се преставувам како невеста!?
Знаеш дека е кажано , блажени се оние, кои не виделе, а поверувале.
Библијата својата полнота ја добива со Евангелието на Исус Христос, книгите на Стариот + Новиот Завет = Библија.

Што мислиш кој е законодавец во СЗ?
Исус е глава на секој маж, а законот/библијата сведочи за него! Со ова с'е е кажано ! Не мислиш така?
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Кој во тебе (верникот или неверникот) те насочи да помислиш дека се преставувам како невеста!?
Ова е твое поврзување на работите.
Исус вели , јас сум младоженец и невеста
Знаеш дека младоженецот и невестата се едно тело,така?
Пак те прашувам.
Во твојот брак ти си и невеста?


Ќе разбереш доколку излезеш од законот!
Исус е глава на секој маж, а законот/библијата сведочи за него! Со ова с'е е кажано ! Не мислиш така?
Ц!
Мислиш ли дека си контрадикторен?
 
Последно уредено:

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Ова е твое поврзување на работите.

Пак те прашувам.
Во твојот брак ти си и невеста?
Зошто со умот разделуваш?
Нели на едно место веќе кажавме дека секое царство поделено на две пропаѓа!
Така е и во бракот,младоженецот и невестата се едно тело,а не две.
Зошто ако ги поделиш и кажеш тој е младоженец и не е едно со невестата , и невестата не е едно со младоженецот, тој брак е осуден на пропаст.
Токму затоа уште на почетокот во битие е кажано..
24. Затоа ќе го остави човекот таткото свој и мајката своја и ќе се прилепи кон жената своја; и обата ќе бидат едно тело.

Ти посочив и други цитати каде се зборува дека едно се младоженецот и невестата,но исто така има и цитати кој кажуваат дека и оние кој го имаат Исус како глава,сите заедно се едно тело.Еден е и бог!
Со прашањето повторно му противречиш на Исус кој вели.
Кој не е со Мене, против Мене е; и кој не собира со Мене, тој растура.

liberij собирај со умот,младоженецот и невестата....и сите спротивности соединувај ги ,бидејќи еден е бог!
Ц!
Мислиш ли дека си контрадикторен?
Не го прочита Павле до Галатјаните?

17. Оти, телото сака противни работи на духот, а духот – противни на телото; тие се еден против друг, за да не го правите она, што сакате.
18. Ако ве води Духот, вие не сте под Законот.
19. Делата на телото се познати. Тие се: прељубодејство, блудство, нечистотија, бесрамност,
20. служење на идоли, магии, непријателство, кавги, ревнувања, гнев, расправии, несогласности, ереси,

21. зависти, убиства, пијанство, срамни гостувања и други слични работи; однапред ви велам, како што ви реков и порано, дека оние што го прават тоа, нема да го наследат царството Божјо.
22. А плодот на Духот е: љубовта, радоста, мирот, долготрпеливоста, добротата, милосрдноста, верата,
23. кротоста, воздржливоста.
Против такви нема закон.

Не мислам дека сум контрдикторен.
Сега и со Павле се контрираш.
Откако узнавме дека човекот се оправдува не преку делата од Законот, туку само преку верата во Исуса Христа

И со Исусовите зборови се контрираш.
Прегледајте го Писмото, зашто вие мислите дека преку него ќе имате живот вечен; и тоа
сведочи за Мене.


Излези од законот/библијата и само верувај во Исус!Можеш?
 
Последно уредено:

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Исус вели , јас сум младоженец и невеста
Од сите цитати што ги наведе никаде Исус не се поистоветува со невеста.

Погрешна ти е корелацијата, дека мажот и жената како едно тело( што е точно) значи дека Исус, е, или се претстававува како невеста(неточно).

24. Затоа ќе го остави човекот таткото свој и мајката своја и ќе се прилепи кон жената своја; и обата ќе бидат едно тело.
Го разбираш ли ова воопшто, што значи едно тело, на кој начин се остварува тајната на бракот?

Не го прочита Павле до Галатјаните?
И со Исусовите зборови се контрираш.
Матеј 5.
17. Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или Пророците; не сум дошол да ги поништам, туку да ги исполнам. (ИСУС ТИ СЕ ОБРАЌА) ;)
18. Зашто, вистина, ви велам: дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни сè.
19. И така, оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се нарече во царството небесно; а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно.

Ме местиш мене и апостол Павле?

Очигледно е дека си контрадикторен и се противиш со Исус, апостол Павле...., и со мене се разбира. :)
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Од сите цитати што ги наведе никаде Исус не се поистоветува со невеста.

Погрешна ти е корелацијата, дека мажот и жената како едно тело( што е точно) значи дека Исус, е, или се претстававува како невеста(неточно).
liberij, зошто само еден (невестата) наведуваш во прашањето?
Тоа ти го кажувам цело време, нели приметуваш?
Ти посочив и што се крие позади поимот невеста,а ти упорно ги делиш.
Од целата наша комуникација ти се фати за еден збор кој го напишав.
Исус вели, тој е младоженец и невеста.


Во ред, ти велиш дека не кажал дека е невеста, но тоа не значи дека невестата (мудроста) не е во/со него.
Така и Јован посведочи, кој ја има невестата (мудроста) тој е младоженецот,а тие се едно.
Исто како да сум напишал , Исус вели ,ако си го видел синот(младоженецот) си го видел и бог(невестата/мудроста),бидејќи тие се едно.

Ќе негираш дека невестата и младоженецот не се едно?
Го разбираш ли ова воопшто, што значи едно тело, на кој начин се остварува тајната на бракот?
Со духот или со телото, ќе не просветлиш?Што го води твојот ум?

Матеј 5.
17. Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или Пророците; не сум дошол да ги поништам, туку да ги исполнам. (ИСУС ТИ СЕ ОБРАЌА) ;)
18. Зашто, вистина, ви велам: дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни сè.
19. И така, оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се нарече во царството небесно; а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно.

Ме местиш мене и апостол Павле?

Очигледно е дека си контрадикторен и се противиш со Исус, апостол Павле...., и со мене се разбира. :)
Да, и тоа е на првото доаѓање.Читај понатака вели додека не се исполни сè.
А откако ќе дојде по втор пат с'е ново создава, вклучувајќи и закон,а може и нема да има закон!

Или не разбра дека со дела од законот/библијата нема да се спаси ниту една плот, туку само со вера во Исуса.
А ти веруваш во Исус или повеќе се држиш за законот/библијата?

Читај понатака што вика....
И така, оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се нарече во царството небесно; а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно.

liberij,исполни го законот ,а откако го исполниш како што вели Павле нема да бидеш под законот/библијата,за да не поучиш и голем ќе се наречеш во царството небесно.

Ако не можеш да го исполниш, доволно е само да веруваш во Исус, друго ништо!
 
Член од
4 август 2018
Мислења
1.530
Поени од реакции
3.302
Вие двајца без намера да ве увредам ми делувате ко да сте дел од некоја собраниска комисија која расправа некој факинг небитен подзаконски акт кој го наметнала еу затоа што така требало...Извинете вака што упаднав и испаднав троа вулгарен...
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Вие двајца без намера да ве увредам ми делувате ко да сте дел од некоја собраниска комисија која расправа некој факинг небитен подзаконски акт кој го наметнала еу затоа што така требало...Извинете вака што упаднав и испаднав троа вулгарен...
:LOL:(y)
Во право си, и тоа во ек на пандемиски форум, од корона перспектива, ќе не биде или не..., иако се претставуваме за христијани имаме различни убедувања, може и овде да се праи муабет, но посоодветно е на Христијнски прашања.
 
Член од
4 август 2018
Мислења
1.530
Поени од реакции
3.302
:LOL:(y)
Во право си, и тоа во ек на пандемиски форум, од корона перспектива, ќе не биде или не..., иако се претставуваме за христијани имаме различни убедувања, може и овде да се праи муабет, но посоодветно е на Христијнски прашања.
Во ред е се,ве почитувам и двајцата искрено без задни намери,мојот коментар беше реакција пошто видов дека барате игла во сеното...
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.160
Поени од реакции
10.155
Во ред е се,ве почитувам и двајцата искрено без задни намери,мојот коментар беше реакција пошто видов дека барате игла во сеното...
Они иглата ја најдоа одамна, но тоа е игла со две дупки..и сега прашањето е во која дупка да се вдене конецот ;)
Феноменални се двајцата, со мерак човек да ги чита нивните размислувања:love:
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
:LOL:(y)
Во право си, и тоа во ек на пандемиски форум, од корона перспектива, ќе не биде или не..., иако се претставуваме за христијани имаме различни убедувања, може и овде да се праи муабет, но посоодветно е на Христијнски прашања.
Не знаев дека сум бил и христијанин.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.157
Alien Life Form? Или означува нешто друго?

Кога некој толкува христијанска света книга наоколу, или по некоја негова логика се преставува како пророк на истата таа книга, не мора да се
преставува како христијанин. Христијанин е и нема друго ако веруваш дека новиот завет е реалност и практичност и тоа го применуваш во животот.
Ако само толкуваш и поврзуваш со други учења, тогаш тоа е академско преставување на едно учење - и тоа е добро :)
Тогаш може и критика да падне, нели...

Тоа што не сака некој да е дел од организизација, црква, хиерархија - не го прави човекот да е надвор од светата книга (а од нејзе доаѓа правата за луѓето и не може да се стави никој надвор од нејзе ако е верник).
Сите се христијани ако веруваат во новиот завет и се што содржи книгата како пророчки информации и философија на живеење...
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.157
Отвори тема за alf ,па да дебатираме!
Темата не е за тебе. Темата е како тоа некој не сака да се декларира како христијанин, и постојано зборува како не е христијанин (реално сака да ни каже дека не е дел од ниту една христијанска црква, некоја нова форма на секташко толкување на христијанството), а толкува упорно христијанска света книга и се расправа со луѓе кои се исто така христијани, но дел од некоја од многуте цркви како твоето толкување е најправилно и највистинито?

Што има вистина во твоето толкување, како ја мериш реалноста во однос на светите книги? :) Која потреба ја имате да толкувате свети книги за другите? Што значело ова или она? Со која цел?
Читам невести, Исус, цркви... сето тоа го зборувате како да е реалност а не верување...

Како тоа ти не си христијанин и што толку страв ако веруваш во новиот завет да не си христијанин? Таборот те плаши, самото христијанство?
Е тоа е, што да ти правам... Библијата ти е помила од сите други свети книги, ќе јадеш тоа што можеш да голтнеш.
Или бидејќи ти така велиш за себе си, дека не си христијанин, исто како Исус што не бил христијанин? :D
Ова ќе заминеме на темата за сатанисти, дека доволно било секој сам да си се декларира и да вели дека како ќе му дојде дека е правилно, иако дејствувањето и мислите му се сосема нешто друго :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom