Од сите цитати што ги наведе никаде Исус не се поистоветува со невеста.
Погрешна ти е корелацијата, дека мажот и жената како едно тело( што е точно) значи дека Исус, е, или се претстававува како невеста(неточно).
liberij, зошто само еден (невестата) наведуваш во прашањето?
Тоа ти го кажувам цело време, нели приметуваш?
Ти посочив и што се крие позади поимот невеста,а ти упорно ги делиш.
Од целата наша комуникација ти се фати за еден збор кој го напишав.
Исус
вели, тој е младоженец и невеста.
Во ред, ти велиш дека не кажал дека е невеста, но тоа не значи дека невестата (мудроста) не е во/со него.
Така и Јован посведочи, кој ја има невестата (мудроста) тој е младоженецот,а тие се едно.
Исто како да сум напишал , Исус
вели ,ако си го видел синот(младоженецот) си го видел и бог(невестата/мудроста),бидејќи тие се едно.
Ќе негираш дека невестата и младоженецот не се едно?
Го разбираш ли ова воопшто, што значи едно тело, на кој начин се остварува тајната на бракот?
Со духот или со телото, ќе не просветлиш?Што го води твојот ум?
Матеј 5.
17.
Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или Пророците; не сум дошол да ги поништам, туку да ги исполнам. (ИСУС ТИ СЕ ОБРАЌА)
18. Зашто, вистина, ви велам: дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни сè.
19. И така, оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се нарече во царството небесно; а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно.
Ме местиш мене и апостол Павле?
Очигледно е дека си контрадикторен и се противиш со Исус, апостол Павле...., и со мене се разбира.
Да, и тоа е на првото доаѓање.Читај понатака вели
додека не се исполни сè.
А откако ќе дојде по втор пат с'е ново создава, вклучувајќи и закон,а може и нема да има закон!
Или не разбра дека со дела од законот/библијата нема да се спаси ниту една плот, туку само со вера во Исуса.
А ти веруваш во Исус или повеќе се држиш за законот/библијата?
Читај понатака што вика....
И така, оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се нарече во царството небесно;
а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно.
liberij,исполни го законот ,а откако го исполниш како што вели Павле нема да бидеш под законот/библијата,за да не поучиш и голем ќе се наречеш во царството небесно.
Ако не можеш да го исполниш, доволно е само да веруваш во Исус, друго ништо!