Историската улога на жената во религиите

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.121
Зато чамиш у мраку :D
Wow :)

И ова можеше порачиче да ми го пишеш, ама христијанската гордост дека „ти си во светлина, се друго е сатанизам“ напумпана од свештениците што си ги слушаш како да се богови и не размислуваш и не гледаш наоколу - мораше тука да ми кажеш ете како јас „у мраку“ :)
Постојано ми ги потврдувате тезите дека христијанството е обична школа од исплашени мажи кои се плашат од животот и жената, па единствено нешто што се прави е сатанизирање и преставување на секое друго учење за лошо, зло и „во мрак“ :)
Вашиот мрак не може да биде светлина со тоа што вие ќе сатанизирате сешто... тоа е глупост која не знам зошто сеуште ја практикувате денес... што, пали во Мариовските села? Дај озбилно малку и со осет кон луѓето...

Како не разбирате дека не може да е секој христијанин? Тоа требаше да го сфатите во VII век најдоцна, ама вие најдовте „нов непријател“ за да опстоите... да се оправдате...

Ти си темнина... со овие ставови за жените и постојано вадење цитати од света книга за да се докаже „каде е жената“ и како Дева Марија е бомбона нејзе госпот ја оправи - не води никаде. Тоа е сказна за мали девојчиња.

Лажната скромност е глупост и води кон пеколот. Гледаш тебе како ти исчезнува скромноста, само малку муабет со Телемит и веднаш маската паѓа... не ги лажете жените дека вашите пранги даваат вечност! Даваат вечно ропство и заблуда, друго - потешко...
Дајте и на жената да влегува кај олтарот да слушнете каков глас ќе излезе - дајте и да биде свештеничка! Не знам зошто сте... не знам :(
Не може нели? Знаеме зошто, нели? Сигурно има „божјо откровение“ или толкување зошто е така...

Тука зборуваме за Жени од кои ти се плашиш и се обидуваш сите да ги заплашиш со богови и мавташ со библијата како „жената е таман таму кај што треба да биде“!
Реков, ако во ова си убедил некоја жена дека и требаш ти помеѓу богот и нејзе и дека таа е неспособна да биде свештеничка - аферим ќе ти кажам и метании ќе ти чинам :)
Само покажи ми ја жената... да го видам и тој ков од човек!
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
само малку муабет со Телемит и Телемитот веднаш...
Плаче агонично ко дете фатено со порнич у моб...

Ај да би те вратил од хаосот на хемијата во слобода на разумот и излекување на оболената љубов, еве повели:

1. Хорот: Сврти се, сврти се Суламко, сврти се, сврти се, да те погледаме! Возљубениот: Зошто сакате да ја гледате Суламка, како на оро манаимско?
2. Хорот: О, колку се убави нозете твои во сандали, ќерко знаменита! Облите колкови твои се како веришки, дело од рацете на вешт уметник,
3. папокот ти е како чаша тркалезна, никогаш без арома; утробата твоја – купа пченица, опкружена со кринови;
4. двете твои гради – како две јаренца, како близначиња на срна;
5. Вратот твој – како столб од слонова коска; очите твои – Есевонски езерца кај Ватравимските порти; носот твој – Ливанска кула, свртена кон Дамаск;
6. главата твоја на тебе – како Кармил; а косата на главата твоја – како пурпур; цар се вплел во плетенките.
7. Возљубениот: О, колку си убава, о, колку заносна, возљубена моја, со твојата убавина!
8. Таа твоја снага прилега на палма, а твоите гради – на гроздови.
9. Си помислив: да се качев на палма, би се фатил за ветките нејзини; и твоите гради би биле место гроздови, и мирисот од твоите ноздри – како мирис на јаболко;
10. устата твоја е како најдобро вино. Возљубената: Тоа тече право кон возљубениот мој, и тече нечујно преку устните кои спијат.
11. Јас припаѓам на возљубениот мој, и тој копнее по мене.
12. Дојди, мил мој, да излеземе во полето, да преноќеваме по селата;
13. утре рано ќе појдеме во лозјата, да видиме дали потерала лозата, дали се отвориле пупките, процутеле ли калинките; таму ќе те опсипам со милувања.
14. Мандрагорите веќе шират пријатен мирис, и до вратата наша има секакви најубави плодови, нови и стари; кои ги зачував за тебе, мил мој!

Добра Ноќ! :)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.121
И кога се нема што да се каже за жената како христијани одиме кон евреите, кои ни криви ни должни мора да ве трпат...

Не постои оболена љубов освен во умовите на старо-еонските свештеници кои сеуште се обидуваат да го силуваат човештвото со нивните магии...

Реков ли јас дека тебе не те прашувам за евреите, го решивте со сатанизирање и тој дел. Ти си најмалку потребен да ги објаснуваш и да бараш оправдување кај евреите... не го расипувајте нивното со вашето проклество денес, ако можете... пробајте, пробај барем ти, биди еден од новите :)

Добра ноќ :)

"Somewhere in the world today there is a woman for whom the sword is forged.
Somewhere there is one who has heard the trumpets of the new age, and who will respond.
She will respond, this new woman, to the high clamor of those star trumpets; she will come as a perilous flame and a devious song, a voice in the judgment halls, a banner before armies.
She will come girt with the sword of freedom, and before her kings and priests will tremble and cities and empires will fall, and she will be called BABALON, the scarlet woman.
For she will be lustful and proud; she will be subtle and deadly, she will be forthright and invincible as a naked blade. "
- The Woman Girt with a Sword, Jack Parsons
:love:
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Ова што го дава Бог на мажот и жената е крајната цел каде што биолошкиот, полов ентитет нема да важи.
34. Им одговори Исус и рече: „Синовите од овој век се женат и мажат;
35. но оние, што ќе се удостојат да го добијат оној свет и воскресението од мртвите, ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат,
36. и да умрат веќе не можат, оти се еднакви со ангелите и, бидејќи се синови на воскресението, тие се синови Божји. (Лука 20.)
Очекувано е малку не реални мислења да прочитам од некој кој буквално ги разбира духовните книги, но ова како да е кажано во занес кое ја поминало границата на лудило.

Маж и жена во текстот е во духовна смисла.
Сега имаш машки ум, бидејќи си од овој век и потребно е да се ожениш за да бидете со жената едно.(едно тело и заеднички цели во животот- ум)

Додека , оние од оној свет имаат машки и женски ум.....ум-памет.
Секој човек е божја креација и ти имаш дел од него во себе, а тој не е ниту машко ниту женско, кога ќе бидеш едно со него, таков ум-памет ќе имаш и нема да имаш потреба да се жениш, како би пополнил празнина која ја чуствуваат оние само со еден пол на умот.

А тоа нема никаква врска со биолошки полов ентитет.

Да ти биде појасно, земи жена до тебе и користете го истиот ник тука на форумов, пишувајте по темите , еден ник со два ума(машки и женски),.
Ако имате толку длабока духовност да функционирате како едно, без проблем ќе ги растете како децата во духовна смисла другите членови.
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Маж и жена во текстот е во духовна смисла.
Сега имаш машки ум, бидејќи си од овој век и потребно е да се ожениш за да бидете со жената едно.(едно тело и заеднички цели во животот- ум)
Ова е схоластичка антропологија во линеарност со паганската философија, која Декартовски е генерирана со погрешен пристап и разбирање на теологијата на бл. Августин, која со синтезата на Кападокијските отци уште во четвртиот век е дефинирана, и интересно е што апсолутно е комплементарна со теологијата на Кападокијците...
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Ова е схоластичка антропологија во линеарност со паганската философија, која Декартовски е генерирана со погрешен пристап и разбирање на теологијата на бл. Августин, која со синтезата на Кападокијските отци уште во четвртиот век е дефинирана, и интересно е што апсолутно е комплементарна со теологијата на Кападокијците...
Можеби пропушти да кажеш дека тенденционалната спектографија овозможува резонанта на диотермичката хидролокација која фиксира кумулативна дифракција на латералната коресподента.


Ја помина линијата, а?:vozbud:
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.125
Поени од реакции
30.209
Како не разбирате дека не може да е секој христијанин? Тоа требаше да го сфатите во VII век најдоцна, ама вие најдовте „нов непријател“ за да опстоите... да се оправдате...
Разбираме.
Матеј 22:14
Зашто, иако мнозина се поканети, малцина се избрани“ заклучи Исус.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.121
Разбираме.
Матеј 22:14
Зашто, иако мнозина се поканети, малцина се избрани“ заклучи Исус.
Не, не разбираш. Бидејќи ти мислиш ако си верник избрана си. Не оди така... многу избрани ќе има така според учењата на некои религии, а тоа никогаш не е случај. Поточно зависи што подразбира некој „избран“. Јас знам дека во лошо уреден храм, тешко да се насели било кој бог :)

За ова токму христијани низ годините ме обвинуваа демек, тајни Редови, сме глумеле избрани, ти реков ми рече... а ете всушност што била работата: тие биле избрани...
Ок ајде бидете избрани, 12x12000 :)
Малку избрани, но многу се надеваат во трката...

И ова е оправдување што си христијанка? Другото ти е во ред од религијата во однос на жената? Или не се многу заморуваш со христијанство и ислам? Историски гледано каде е жената?
Жената најмалку добива(ла) од старите религии. Освен ако старите религии не им се само традиција и адети. Тоа е добро. Предобро ако е така.
 
Последно уредено:
Член од
4 август 2018
Мислења
1.532
Поени од реакции
3.290
Не, не разбираш. Бидејќи ти мислиш ако си верник избрана си. Не оди така... многу избрани ќе има така според учењата на некои религии, а тоа никогаш не е случај. Поточно зависи што подразбира некој „избран“. Јас знам дека во лошо уреден храм, тешко да се насели било кој бог :)

За ова токму христијани низ годините ме обвинуваа демек, тајни Редови, сме глумеле избрани, ти реков ми рече... а ете всушност што била работата: тие биле избрани...
Ок ајде бидете избрани, 12x12000 :)
Малку избрани, но многу се надеваат во трката...

И ова е оправдување што си христијанка? Другото ти е во ред од религијата во однос на жената? Или не се многу заморуваш со христијанство и ислам? Историски гледано каде е жената?
Жената најмалку добива(ла) од старите религии. Освен ако старите религии не им се само традиција и адети. Тоа е добро. Предобро ако е така.
Хепта што ти значи тоа-Не оди тоа така?Гледам стално го користиш како да ги имаш сите вистини и тајни во раката,и ние другите се осеќаме инфериорно во однос на тебе,да не кажам ступидно...:coffee:
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.121
Хепта што ти значи тоа-Не оди тоа така?Гледам стално го користиш како да ги имаш сите вистини и тајни во раката,и ние другите се осеќаме инфериорно во однос на тебе,да не кажам ступидно...:coffee:
Дека имаат пропусти или намерно „заборавање“ на работи во однос на било која религија за која зборуваат. Посебно ако се дел од таа религија и се обидуваат да ја престават како нешто совршено.
Со тоа што за се друго ќе зборуваат дека е зло. Не докажуваат дека е зло заради било што, туку дека е зло и сатанизам, бидејќи - ете така, зошто да не?

Не оди така со минимално познавање на својата религија или било која друга или познавање само за да се дискредитира другоста, со едноставно површно зборување со 2-3 реченици. Како што било пракса порано.
Не оди така, треба учење и разбирање. Не оди така „евреите да се избрани“, „христијаните да се избрани“, „жената да е зад мажот“, „жената не може да е свештеничка“, „жената е виновна за некаков си пад на човештвото“ итн итн
НЕ ОДИ ТАКА! :) Лошо е...

Ете тоа ми значи, може со текот на времето ќе дадам подобра дефиниција, ова сега брзински :)

P.S. Никогаш не ми текнало дас е чувствувам инфериорно во однос на било кој, но секој суди според самиот себе :)
Извини ако се појавила таква идеја кај тебе или чувство, не знаев и јас не сум виновен ти како разбираш и како се чувствуваш, среди си внатрешниот свет... промени мислење, погрешно ти е во однос на мене.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.109
Поени од реакции
10.138
Жената најмалку добива(ла) од старите религии.
Незнам кои се нови религии, не е битно, но потполно си во право....а и сеуште е така.

пс
Човек со речник врака треба да ве чита за да ве разбере...(колку сме ние останатите дудуци во врска со вакви теми):facepalm::sramezliv:
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.125
Поени од реакции
30.209
Не, не разбираш. Бидејќи ти мислиш ако си верник избрана си. Не оди така... многу избрани ќе има така според учењата на некои религии, а тоа никогаш не е случај. Поточно зависи што подразбира некој „избран“. Јас знам дека во лошо уреден храм, тешко да се насели било кој бог :)
Toa Gospod ke odluci.
Автоматски споено мислење:

Жената најмалку добива(ла) од старите религии. Освен ако старите религии не им се само традиција и адети. Тоа е добро. Предобро ако е така.
Ako pod stari religii mislis na onie paganskite, kade vo edna mnogu poznata vrhovniot Bog siluval zeni kolku sakal, togas da, vo starite religii najmalku dobivala.
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.818
Поени од реакции
6.404
Ајде реално, Христијанството е религја во која жената е третирана со најмногу достоинство. Нашата религија е таква што остава простор за маневрирање, како ниедна друга.
Во Франција од најстари времиња владеат феминистички движења, поддржани не само од жените, туку особено од мажите. Оваа земја во фокусот на својата религија не го клава толку Исус, колку Марија. Сите катедрали се Богородични (Нотр-дам, наша-дама).
Интересен податок е дека, кога ја граделе Париската Нотрдам во Среден Век, починал мајсторот кој ги работел витражите од стакло за прозорците. Имал само една ќерка која ги доставувала прозорците на делови, до градилиштето. Кога татко и починал, само таја го имала мајсторлукот да продолжи со изработка на витражите. Еден поп бил гневно шокиран. Рекол дека тоа не и личи на една жена. Нешто толку важно, мора да биди направено од маж. Направил сцена пред ѕидарите (масони) и пред неа и си заминал.

Другиот ден го нашле исфрлен од кулата на Катедралата. Мажите го турнале од кулата. Мртвото тело на земја во раката држело парче хартија на кое пишувало дека размислил, рекапитулирал, и сватил каков грев направил со тоа што и го рекол на жената, и ја навредил. ''Од чуство на вина и неможноста да си прости и да живее со таа вина, се исфрлил од катедралата''.


Црквата како институција и некои нејзини огорчени застапници, имаат пробано да вршат опресси на многу ликови во историјата на Европа и Америка. Но религијата само по себе, воопшто не ни е лоша. Факт.
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Проповедаш ереси без да знаеш, те фрустрира теолошката наука, лажно се претставуваш како Христијанин, ти не си човек од Црквата...
Никогаш не сум се преставувал како дел од било која црква, група или организација.
Бидејќи, самата религиозна припадност го ограничува духовниот развој, таквите постојано ќе бидат деца во духовен развој под прегратките на филозофијата или верувањето кое го следат.
Како таа да е нивна "мајка" . Сети се на Исусовите зборови кога вели "оние кој го слушаат мојот збор се мојата мајка и браќа"

Сега прави разлика од деца и браќа, зошто само децата може да се расправаат и да кажат "моја е мама(црквата), а не твоја"

Но ако пораснеш, ќе разбереш дека сите религии, верувања и филозофии ти припаѓаат тебе, а не ти на нив.Бидејќи од тебе произлегле.

Стреми се да имаш своја "жена" која ќе ти ја гаси жетта и никој нема да знае која или што е таа, сокриена , а сепак достапна за сите како што е водата.

Исус вели , јас сум младоженец и невеста, а не вика јас сум мамин син.
Сепак луѓето толку цврсто се држат за своите цркви, религии и филозофии што се спремни со гнев и омраза да ги одбранат.

Само децата војни игри играат, а миротворци се малкумина.:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom