Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Член од
19 ноември 2021
Мислења
9
Поени од реакции
5
Не знам кој го префрли мојот коментар тука, малце нема контекст, за друго место беше, но ок.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.583
Поени од реакции
11.595
Не знам кој го префрли мојот коментар тука, малце нема контекст, за друго место беше, но ок.
Ако рапсраваш за христијанството од перспектива на исламот (во стилот како христијанството не чини не е ок, исламот е на место и супер), местото е тука... за да може да ти реплицираат членови и да се води дискусија за религиите и нивните учења, полезни или не...

И ако може без google translate - подобро дај свое мислење за нештото, или скратено објаснување за текстот отколку вака... ужас!
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Можеби пропушти да кажеш дека...
Проповедаш ереси без да знаеш, те фрустрира теолошката наука, лажно се претставуваш како Христијанин, ти не си човек од Црквата...
Автоматски споено мислење:

Не оди така со минимално познавање на својата религија или било која друга или познавање само за да се дискредитира другоста, со едноставно површно зборување со 2-3 реченици. Како што било пракса порано.
Не оди така, треба учење и разбирање. Не оди така „евреите да се избрани“, „христијаните да се избрани“, „жената да е зад мажот“, „жената не може да е свештеничка“, „жената е виновна за некаков си пад на човештвото“ итн итн
НЕ ОДИ ТАКА! :) Лошо е...
Ко себе си да се опишуваш...
Навистина "Не оди така" , да се измачуваш цело време со критика кон Христијанството, на нешто што не припаѓаш и не разбираш....

Зошто немате свое ,,Јас", бидете мажи, жени дајте алтернатива, толку ли сте шупливи, празни, да не е Христијанството нема на што да паразитирате...
"Не оди тоа така", кажете ,,како оди" што се срамите сами од себе?
Излезете на Светлина ќе биде добро за сите. (y) :)
 
Последно уредено:

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Никогаш не сум се преставувал како дел од било која црква, група или организација.

Бидејќи, самата религиозна припадност го ограничува духовниот развој, таквите постојано ќе бидат деца во духовен развој под прегратките на филозофијата или верувањето кое го следат.
Како таа да е нивна "мајка" . Сети се на Исусовите зборови кога вели "оние кој го слушаат мојот збор се мојата мајка и браќа"

Сега прави разлика од деца и браќа, зошто само децата може да се расправаат и да кажат "моја е мама(црквата), а не твоја"

Но ако пораснеш, ќе разбереш дека сите религии, верувања и филозофии ти припаѓаат тебе, а не ти на нив.Бидејќи од тебе произлегле.

Стреми се да имаш своја "жена" која ќе ти ја гаси жетта и никој нема да знае која или што е таа, сокриена , а сепак достапна за сите како што е водата.

Исус вели , јас сум младоженец и невеста, а не вика јас сум мамин син.
Сепак луѓето толку цврсто се држат за своите цркви, религии и филозофии што се спремни со гнев и омраза да ги одбранат.

Само децата војни игри играат, а миротворци се малкумина.:)
Убаво е што вложуваш труд да читаш Библија, но уште во првата книга јасно ти нагласува дека човекот не е добро да е сам...

Самоглавоста и индивидуализмот не е Божја промисла и начин на постоење, со ова размислување буквално проповедаш Христијанство без Христос, едноставно и просто ти кажувам, особено егзегетскиот дел ти е катастрофа, без разлика што во однос на Телемитиве имаш искрена желба да ја читаш и толкуваш Библијата, она што треба сите да го знаеме е дека Христијанството не почнува од нас, Божјото Христово откровение може само да се разбере преку Светиот Дух, Кој Христос Го испрати да ја раководи Црквата.

Неа ја создаде на Тајната вечера, и на Педесетница со слегувањето на Светиот Дух ја раководи низ вековите до Своето Второ доаѓање, при што на Тајната вечера ќе биде повторно видливо присутен овојпат со целото човештво.

Тоа значи нема индивидуализам, напротив Соборна Црква, Народот Божји и Бог. :love:
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.476
Поени од реакции
1.050
Тоа значи нема индивидуализам, напротив Соборна Црква, Народот Божји и Бог. :love:
Исус не се согласува со тебе.

Матеј 8
Лисиците имаат легла и птиците небески – гнезда; а Синот Човечки нема каде глава да потслони.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Исус не се согласува со тебе.

Матеј 8
Лисиците имаат легла и птиците небески – гнезда; а Синот Човечки нема каде глава да потслони.
Со тебе ќе да е. Читај внимателно
2. Во домот на Мојот Отец има многу места за живеење. А да немаше, Јас ќе ви кажев. Одам да ви приготвам место.
3. И кога ќе отидам и ви приготвам место, пак ќе дојдам, и ќе ве земам вас при Себе за да бидете и вие каде што сум Јас.
4. А каде одам Јас знаете, и патот го знаете.

Исус никогаш не бил Сам.

8. Филип Му рече: „Господи, покажи ни Го Отецот, и доста ни е!”
9. Му одговори Исус: „Толку време сум со вас, и не си ли Ме познал, Филипе? Кој Ме видел Мене, Го видел Отецот, и како ти велиш: »Покажи ни Го Отецот?«
10. Не верувате ли дека Јас сум во Отецот, и дека Отецот е во Мене? Зборовите што ви ги кажувам, од Себе не ги зборувам; а Отецот, Кој е секогаш во Мене, Он ги врши делата.
11. Верувајте Ми дека Јас сум во Отецот и Отецот е во Мене. Ако ли, пак, не – тогаш верувајте во Мене заради делата.

16. Јас ќе Го помолам Отецот, и Он ќе ви даде друг Утешител, за да биде со вас довека, (Јован 14.)
 
Не зборуваме за тоа!Нели веќе е кажано...
Исус вели , јас сум младоженец и невеста
Не е духовно сам!
Зборуваме за нешто друго.Бидејќи велиш дека..нема индивидуализам, односно дека човек треба да припаѓа на одредена црква, догма , верување или фиозофија.
Ете Исус ти противречи на тоа велејќи дека синот човечки нема глава каде да потслони,додека други имаат свое легло/глездо.

Ако Исус немал каде глава да потслони , а исто така посочува дека тој е патот и вистината, како тоа луѓето тежнеат да се групираат со истомисленици или верници кога Исус не одел таков пат?
Затоа дава споредба со животниски термини, лисици и птици,овци и кози тие се групираат според видот,додека синот човечки не! Но не вели патот е со стадото,туку во индивидуалноста, она кое ти му го негираш.Сакајќи да покажеш голема вера ,непромислено стана негов противник.

Но знаеш и сам дека сметка ќе се бара од вашите водачи, кој на погрешни пасишта го носат стадото, ем жедни ем гладни се!

п.с. Домот божји е нешто сосема друго кое не се однесува за тоа кое зборуваме.
п.с.с. ова што дебатираме е офф топик, модераторката може да префрли во друга тема.
 
Последно уредено:

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Исус вели , јас сум младоженец и невеста
Каде вели дека е невеста?

Ете Исус ти противречи на тоа велејќи дека синот човечки нема глава каде да потслони,додека други имаат свое легло/глездо.
Ако Исус немал каде глава да потслони , а исто така посочува дека тој е патот и вистината, како тоа луѓето тежнеат да се групираат со истомисленици или верници кога Исус не одел таков пат?
Затоа дава споредба со животниски термини, лисици и птици,овци и кози тие се групираат според видот,додека синот човечки не! Но не вели патот е со стадото,туку во индивидуалноста, она кое ти му го негираш.Сакајќи да покажеш голема вера ,непромислено стана негов противник.
Немам намера тебе и било кому да покажувам каква вера имам, дури и кога така делува, изгледа, тоа е глупост, верата моја е меѓу мене и Бог, а она што ме научил Бог преку Црквата не го чувам себично туку го споделувам што е природен израз на Божјата Љубов.

Примерот што го наведе збори во контекст заедницата, погрешно го толкуваш, тебе ти противречи, читај внимателно и контекстуално. :)

18. Кога виде околу Себе многу народ, им заповеда на учениците да минат на другата страна.
19. Тогаш се приближи до Исуса еден книжник и Му рече: „Учителе, ќе врвам по Тебе каде и да одиш.”
20. А Исус му рече: „Лисиците имаат легла и птиците небески – гнезда; а Синот Човечки нема каде глава да потслони.“(Матеј 8.)

Во 18 стих се кажува дека цело време е со народ и своите ученици...

Цитатот што го наведе треба да го согледаш контекстуално како дијалог помеѓу познавачот на словото на законот- книжникот со Исус. Тој навидум сака да го следи, но Исус му објаснува дека е бездомник, ако го следи треба да се лиши од материјалните и хиерархиски удопства на професионалната позиција, дека просто неможе преку Исус да продолжи да заработува што всушност и му била целта.
Исус како Господ ја проценил неговта намера и дидактички, педагошки му укажува дека со Него нема да заработи пари, бидејќи е бездомник( ова незначи сам, напротив), туку треба да ја врши спасителната мисија Божја како цел.
Исус всушност го убедува да се преобрати да го разбере животот каква смисла и цел има. Но книжникот го напушта.
Во овој контекст лисиците и птиците имаа персонификација на демоните...

Овде нема место за да се толкува како индивидуалистички концепт, напротив, се е во контекст на заедницата на „Бог и човекот“ и „човек со човек“ тоа е Патот, кој ти го објаснив претходно со цитатот од Јовановото евангелие.

Но знаеш и сам дека сметка ќе се бара од вашите водачи, кој на погрешни пасишта го носат стадото, ем жедни ем гладни се!
Од сите нас ќе “бара сметка“ секој според одговорноста... тоа не е јурудичка закана, Бог не е калкулант, тоа има егзистенцијален карактер како афирмативно сме одговориле на Љубовта Божја.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.583
Поени од реакции
11.595
Црковното уредување е Божјо уредување кое, е, и ќе биде во Вечноста, не треба да гледаш преку релативна, демократска, хуманистичка, феминистичка, шовинистичка, фашитичка..., или било која човчека идеја, бидејќи репер и единствено релевантана е Божјата идеја, план за постоењето на човекот. :) :love:
Не. Црковното уредување е земско уредување по углед на државите со кои се закачи да биде рака под рака за да има власт над земското (моќта корумпира и изобичува) - не со некакво божјо уредување... не знам како вака сами си додавате авторитет денес...

И кое црковно уредување е така ептен по божјото уредување во Вечноста? Православното или католичкото? Или нема разлика?
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
И кое црковно уредување е така ептен по божјото уредување во Вечноста? Православното или католичкото? Или нема разлика?
Христијанското нормално, генерираните историски разлики не ја нарушуваат есхатололошката димензија на Царството Божјо. Тоа е и ќе биде. :love:
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.583
Поени од реакции
11.595
Христијанското нормално, генерираните историски разлики не ја нарушуваат есхатололошката димензија на Царството Божјо. Тоа е и ќе биде. :love:
Не е нормално, биди јунак и заземи страна, кое христијанство, кое уредување?

И те како ја нарушија секоја димензија и самото човештво и ништо од сето тоа на крај, сеуште поделби дури и помеѓу самите цркви заради... земска политика и ужас... божјиот план во вечноста не е поделба и клеветење на другиот бидејќи во твојот ум некој зборува „лошо за твоето верување“. :)
Секое учење има почеток и крај. Зарем уште ќе се убедуваме дека сето ова не оди со човештвото денес? Затоа гледате хаос и упорно сакате назад.
Не може назад, лудо е да се оди назад... ќе завршиме во Египет и ќе правиме пирамиди за фараоните ако одиме наназад...

„Ќе“ нема смисла повеќе... кажавме „ќе“ е идно време од лажам и нема поента сеуште дека ќе биде, ќе дочекаме, ќе дојде...
Заврши тоа. Освен да го кажуваме како дел од верувањето дека тоа е нечија надеж... а не реалност.
Така може... бидејќи има разлика од верување и реалност, нели...

Во ред е романтизам, но со тој романтизам не може да се наметнува реалност за другите.

Во ред е да се молиш, да бараш некој да ти прости гревови, да се изјансуваш за грешен по наследство итн итн... но тоа не може да го бараш од друг, дека богот даден во таа и таа книга вели така и така и тоа е и туѓа реалност, не само твоја... ниту пак некој друг може да ти забрани ти самиот да одлучуваш што си и кој си и како да призиваш и нормално - како кон божественото!

Тоа е новото време :)
 
Последно уредено:

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.476
Поени од реакции
1.050
Каде вели дека е невеста?
Наместо слепо верување, добро е понекогаш да се користи ум, за да дојдеш сам до некој заклучоци!

16. Јас, Исус, го испратив Својот ангел да ви го посведочи ова по црквите. Јас сум корен и род Давидов, сјајната ѕвезда Деница.
17. И Духот и невестата велат: „Дојди!” И кој чуе, нека каже: „Дојди!” И кој е жеден, нека дојде, и кој сака, нека земе од водата на животот дарум.

Јован 3
29. Оној што има невеста, младоженец е; а пријателот на младоженецот, кој стои и слуша, многу се радува на гласот од младоженецот. Оваа, пак, моја радост се исполни.

Знаеш дека младоженецот и невестата се едно тело,така?
Немам намера тебе и било кому да покажувам каква вера имам, дури и кога така делува, изгледа, тоа е глупост, верата моја е меѓу мене и Бог, а она што ме научил Бог преку Црквата не го чувам себично туку го споделувам што е природен израз на Божјата Љубов.
Ти поставив едноставно прашање , а ти веднаш се осети дека верата ти е загрозена , па сега се правдаш за истата.Не се плаши, подобро ќе беше да се откажеш од дебата, знаеш дека блажени се бедните по дух отколку да продолжиш да мудруваш.

Примерот што го наведе збори во контекст заедницата, погрешно го толкуваш, тебе ти противречи, читај внимателно и контекстуално. :)

18. Кога виде околу Себе многу народ, им заповеда на учениците да минат на другата страна.
19. Тогаш се приближи до Исуса еден книжник и Му рече: „Учителе, ќе врвам по Тебе каде и да одиш.”
20. А Исус му рече: „Лисиците имаат легла и птиците небески – гнезда; а Синот Човечки нема каде глава да потслони.“(Матеј 8.)

Во 18 стих се кажува дека цело време е со народ и своите ученици...

Цитатот што го наведе треба да го согледаш контекстуално како дијалог помеѓу познавачот на словото на законот- книжникот со Исус. Тој навидум сака да го следи, но Исус му објаснува дека е бездомник, ако го следи треба да се лиши од материјалните и хиерархиски удопства на професионалната позиција, дека просто неможе преку Исус да продолжи да заработува што всушност и му била целта.
Исус како Господ ја проценил неговта намера и дидактички, педагошки му укажува дека со Него нема да заработи пари, бидејќи е бездомник( ова незначи сам, напротив), туку треба да ја врши спасителната мисија Божја како цел.
Исус всушност го убедува да се преобрати да го разбере животот каква смисла и цел има. Но книжникот го напушта.
Во овој контекст лисиците и птиците имаа персонификација на демоните...

Овде нема место за да се толкува како индивидуалистички концепт, напротив, се е во контекст на заедницата на „Бог и човекот“ и „човек со човек“ тоа е Патот, кој ти го објаснив претходно со цитатот од Јовановото евангелие.
Дали болдираното се следи од вашата црква и од верник,како патоказ кој ти си го протолкувал од неговите зборови?
 
Последно уредено:

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Наместо слепо верување, добро е понекогаш да се користи ум, за да дојдеш сам до некој заклучоци!

16. Јас, Исус, го испратив Својот ангел да ви го посведочи ова по црквите. Јас сум корен и род Давидов, сјајната ѕвезда Деница.
17. И Духот и невестата велат: „Дојди!” И кој чуе, нека каже: „Дојди!” И кој е жеден, нека дојде, и кој сака, нека земе од водата на животот дарум.

Јован 3
29. Оној што има невеста, младоженец е; а пријателот на младоженецот, кој стои и слуша, многу се радува на гласот од младоженецот. Оваа, пак, моја радост се исполни.

Знаеш дека младоженецот и невестата се едно тело,така?
Ајде употреби го својот ум и покажи каде Исус се идентификува со Невеста?

Ова што си го заклучил е глупост, намерно не ти објаснувам за да разбереш дека сам човек , индивидуалец е = ништо.

Ти поставив едноставно прашање , а ти веднаш се осети дека верата ти е загрозена , па сега се правдаш за истата.Не се плаши, подобро ќе беше да се откажеш од дебата, знаеш дека блажени се бедните по дух отколку да продолжиш да мудруваш.
Погледни кој ти лајкувал само, и ќе ти текне дали зборуваш здраворазумни или тресеш зелени...

Дали болдираното се следи од вашата црква и од верник,како патоказ кој ти си го протолкувал од неговите зборови?
Ова е учење на Црквата, Библијата ја пишува Црквата и ја толкува како Автор.
Тоа се учи на Богословскиот факултет и училиште. Затоа ти дадов мала насока како херменевтички, егзегетски се пристапува кон толкување на Библискиот текст...

За да разбереш колку си залутал потребно е да се провериш токму со Преданието и учењето на Црквата. Одењето по сопствен, субјективен критериум е промашување, ти нагласив, дека се што постои не почнува од мене, тебе ..., никој од нас, за да се фолираме дека Го познаваме Господ и Богословието.
Во ова се препознаваат ,,бедните по дух", тоа не е субјективно, квази, лажно, световно мудрување од духот на овој свет Сатаната, напротив, тоа е смирението и љубовта кон Создателот, Бог.

П. С. За разлика од твоиве лајкувачи, има кај тебе извесна искреност, но непотребен, неразумен револт кон Црквата и Преданието. Зошто?
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.476
Поени од реакции
1.050
Ајде употреби го својот ум и покажи каде Исус се идентификува со Невеста?

Ова што си го заклучил е глупост, намерно не ти објаснувам за да разбереш дека сам човек , индивидуалец е = ништо.
liberij постојано зборувам едноставено и разбирливо, иако секој не ќе може да свати од прва, но барем има правец на размислување.

Зошто се буниш со невестата?
Ако ги имаше прочитано сите текстови од библијата ќе разбереше што стои позади поимот невеста.
Најди го овој наслов во библијата...
Во слава на Божјиот Помазаник и Неговата невеста.
Ако и понатака не разбра, прочитај го ова...
8. Сите добрини се во мудроста.
1. Таа (мудроста) брзо се пренесува од едниот крај на светот до другиот, сè уредува за полза.
2. Ја засакав и од младоста ја побарав, посакав да ми биде невеста, се вљубив во убавината нејзина.

Ако и сега не ти е јасно што е невеста,прочитај ја Песна над песните.

8. Слези со мене од Ливан, невесто, слези и дојди од Ливан, од врвот на Аман, од врвот на Сенир и Аермон, од лавовските пештери, од леопардовите гори!
9. Ти го освои срцето мое, сестричке невесто, го плени срцето мое со еден поглед на очите свои и само со веришката на вратот свој.
10. О, колку е слатка љубовта твоја сестричке невесто! Послатка е љубовта твоја од вино, и пријатниот мирис од твоите масла е попријатен од сите ароми.
11. Од устата твоја капе восочен мед, невесто, мед и млеко под јазикот твој, и мирисот на облеката твоја е како мирис ливански!
12. Затворена градина е мојата сестричка невеста, извор затворен, кладенец запечатен;
13. твојот насад е градина од дрвја со вкусни плодови, кипар и нард,
14. нард и шафран, трска и цимет со секакви пријатно – мирисни дрвја, смирна и алој со најубави ароми,
15. ти си градински извор, кладенец од жива вода, што истечува од Ливан.
16. Возљубената: Подигни се, ветре, од север, повеј и ти, ветре, од југ и повеј над градината моја, за да прострујат аромите нејзини! Нека дојде мојот возљубен во градината своја и нека касне од слатките плодови свои.

Сега полесно ќе го разбереш Јован крстител кога вели..
29. Оној што има невеста, младоженец е; а пријателот на младоженецот, кој стои и слуша, многу се радува на гласот од младоженецот. Оваа, пак, моја радост се исполни.

Да заклучиме заедно, позади поимот невеста во духовна смисла е мудроста.Застани и слушај , не брзај.

Погледни кој ти лајкувал само, и ќе ти текне дали зборуваш здраворазумни или тресеш зелени...
Нека не ти го разгоруваат гневот другите, остај ги.
Тоа што лајкуваат не значи дека се со мене,а ниту јас сум со нив!

Ова е учење на Црквата, Библијата ја пишува Црквата и ја толкува како Автор.
Тоа се учи на Богословскиот факултет и училиште. Затоа ти дадов мала насока како херменевтички, егзегетски се пристапува кон толкување на Библискиот текст...
Библијата ја пишува Црквата и ја толкува како Автор.....:confused:
Добро.....

Библијата или писмото е закон.
Знаеш декa преку делата од законот/библијата нема да се оправда ниту една плот, туку само преку верата во Исуса Христа.
Веруваш во силата на законот/библијата или во Исуса Христа,зошто кажано е "ако правдата доаѓа преку Законот, тогаш Христос залудоно умрел. "?

Како ве учат на училиште, од каде доаѓа правдата?

Прочитај го Павле до Галатјаните пред да одговориш.
П. С. За разлика од твоиве лајкувачи, има кај тебе извесна искреност, но непотребен, неразумен револт кон Црквата и Преданието. Зошто?
Ќе разбереш доколку излезеш од законот!
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Зошто се буниш со невестата?
Бидејќи ми се претставуваш како невеста, во твојот брак на пример?!

Знаеш декa преку делата од законот/библијата нема да се оправда ниту една плот, туку само преку верата во Исуса Христа.
Ќе разбереш доколку излезеш од законот!

Библијата својата полнота ја добива со Евангелието на Исус Христос, книгите на Стариот + Новиот Завет = Библија.

Што мислиш кој е законодавец во СЗ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom