Автобуска несреќа во Бугарија

  • Креатор на темата Креатор на темата Lurtz
  • Време на започнување Време на започнување
Не проверена информација, дека приватна компанија купила автобус од костозглобна во Охрид, 20 години не запален. Само го нашминкале ентериерот и го пуштиле во промет. Се зборува дека се работи за тој автобус..
Автобусот службен на таа болница е некаде 1982-3 година (S314).
Моментално е во гаражата на Галеб , го дотеруваа , мислам дека е донација за Еко Фап здружение од Охрид, а претходно постари противпожарни 2 камиони Фап 13 им се дадени на користење како волонтерско противпожарно друштво.
Автобусот на сликата (изгорениот) е макс. 12-15 год. стар.Ама со одржувањето и патиштата овде за 1 година е како 3,4 години на запад.
Автоматски споено мислење:

Има една фирма за превоз од Охрид, да не ја наведувам по име, но исто газди се гореспоменатите. Истата таа фирма доби тендер пред некоја година и сега е главен меѓуградски превозник во Охрид и околината, но вози и на подалечни дестинации.
Да наброиме мал дел од прекршоците кои ги прави со години наназад и досега не е санкционирана за ништо.
1.Скопје-Охрид го вози со комбе шо не треба да се користи ни за превоз на животни, една дупка удира -> цело комбе ја мава главата на кровот
2.Релацијата ја вози за 2,5 часа
3.Возачите се ... тркање со останати учесници во сообраќајот, никакво почитување на правилата, констатно пренесување на некој пакети и чекање сумљиви типчиња на сред автопат за да се изврши размената
4.80% од времето комбето ај шо е целосно исполнето, туку има и луѓе што стојат. И тоа не е на некоја наивна релација од типот Охрид-Струга ( мада и ова НЕ СМЕЕ ), туку вака вози до Скопје. И јас сум била една од нив пошо морав да се вратам во Охрид, а имаа продадено повеќе карти од капацитетот на комбето. Реагирав секаде, се јавив во нивната централа, кога побарав објаснување само ми спуштија телефон. Шоферот па ич не се испозамара, ми вика ако сакаш да те слезам. Ептен ми беше зорт, морав да се вратам и си стоев како попче низ кривините на Стража.

Жално за загинатите, лесна им земја, но не само што не учиме од грешките, туку и цела нација сме заглавени некако во тој bystander approach, чути си, трај си, искоментирај низ муабет колку не чинат работите, некој друг нека го бери гајлето.

Класично.;)
 
Последно уредено:
Ме интересира што може да предизвика ваква експлозија напред кај автобусот кога се знае дека моторот е позади, ако не се лажам. Освен она инфо дека напред чувал нафта шоферот, што друго би можело да ја предизвика оваа екслозија. Претпоставката е дека со гребењето на банкината имало искри што предизвикале пожар, евентуално гумата да експлодира ама до овој степен? Многу чуден сплет на околности се десил тука за да имаме ваква трагедија. Обично кај автобусите видовме како доаѓа до голема смртност кога прават сообраќајки, со Дурмо Турс, кога се превртуваат, овој не се превртил иако првично имаше и вакво инфо па така се објаснуваше зашто толкав број на луѓе останале внатре и умреле.

45 луѓе, или 46, сеедно, е премногу за ваков тип на несреќа кога автобусот не е ни превртен, не верувам дека многу време имале тие што умреле, повеќето сигурно спиеле и се разбудиле кога се случил ударот, дел не се ни разбудиле. Единствено објаснување за ова бар мене ми е дека имало голема експлозија што може и да се види по тоа како изгледа предниот дел на автобусот, тие позади, каде што е и моторот, биле најбезбедни и успеале да избегаат иако и тие имаат повреди од изгореници. Другите инстантно мислам дека умреле, барем повеќето, од експлозијата, дел биле повредени од тоа и не биле во можност да станат да се движат во задниот дел каде било скршено стаклото.

Страшно.
можеби шверц на петарди сега пред нова година...........
 
но исто газди се гореспоменатите
Кои се тие гореспомнати?
Или - каде се гореспомнати, за да видам?
Автоматски споено мислење:

Зоран Иванов како релативизира моментално на Канал5, алал да му е.

Секаде, стално имало несреќи, еве сега у Србија имало скоро нешто и тн....
 
Последно уредено:
... колку се експресни овие на власт и одговорните институции за пристигнување на лице место после трагедиите, дали се работи за пожари, сообраќајни несреќи, ама никаде ги нема пред да се случат тие трагедии, да направат контрола, да санираат, да казнат тие што не почитуваат мерки, а отпосле трчање кој прв ќе стигне на место на несреќата не е ниту важно, ниту што прават, ниту што пренесуваат, трагедијата веќе се случила!

... еве ги сите наши ТВ новинари се на лице место? и ? што со тоа? да ги видам новинарите претходно да укажат за негативности каде може да се случи несреќа и трагедија, а не отпосле „видите ова е патот каде се случила трагедијата“! и што со тоа? после трагедија ништо не вреди, да ве видам да санирате, казните, забраните, прегледате пред трагедија да се случи, а не све пуштено кој како сака да прави!

... па и обвинителкава Русковска, зарем таа не е обвинител за организиран криминал и корупција, што врска има па таа да биде на лице место на ова автобуска несреќа? а може треба, куј знае ? :toe:

besa-trans-960x720@2x.jpg

...од нејзината ТВ јавна изјава од лице место во Бугарија ми застана увото на тоа што кажа „дека разговарала со преставникот на „Беса турс“ агенцијата околу лиценцата, техничките прегледи на автобусите, ама таа „ многу не верувала во усното укажување, тој можел свешто да каже, па повеќе верувала во документи“ па ќе сме почекале да ги видела документите, па ќе дала заклучок, види ја ти неа, а за друг предмет како можела да одлучува, осудува според САМО УСНО укажување без документи од тој што давал изјава (пример Нинџа)? ццц ццццц двоен аршин од една обвинителка :icon_mrgr:

ice_screenshot_20211123-164031.jpeg Screenshot_6-8-696x394.jpg

па ниту заштитна маска не носи, ете на ТВ со луѓе околу неа, сите без заштитни маски, нема ли пандемија или само обичниот народ да плаќа казни за „непочитување“ на заштитни мерки во смисол на носење заштитни маски, драги мои, Вас кој да ве казни?
а пак, друг бисер, на Јолевски на ваква трагедија јавно изјавувал „имал задоволство да соработува со бугарските институции“ аман бе „задоволство“ примени на нешто убаво, а не на вакви трагедии, лижавче бе :facepalm:

makedonski-avtobus-izgore-vo-bugarija-5-.jpg nesrekja-bugarija-avtobuska.jpg

... штом имало експлозија и така брзо, без можност да се спасат патниците, да изгори автобусот како да бил кремиран, тука нема врска ниту патот, ниту банкина (како што не е директен кривецот кабелот во модуларната болница која изгорила), тука највероватно некоја експлозивна супстанца која експлодирала и направила пустош во автобусот,

zhena-dve-detsa-ratse-izgoriala-pred-895.jpg images.jpg

дали тоа се плински боци, дали е тоа бензин резервоар резерва, нафта било што, трагедија е направена од експлозија, да не можат луѓето да се спасат и да изгорат толку брзо САМО од експлозија која поради клима уред што највероватно пуштена била поради топлина дополнително збувнал целиот автобус за кратко време да не можат луѓето да се спасат, исто како што изгорила модуларната болница за само три минути,

Македонски-автобус-бугарија-4.jpg

еве логичко размислување што може да се случи, а се спасиле само тие позади во автобусот кои го искршиле стаклото и рипнале од автобусот исто како што се спасиле тие кои биле до прозорот на модуларната болница од каде скокале пациентите,

20211123144701.jpg

слична трагедија, човечки фактор кој највероватно не почитувал правила ни за транспорт ни за технички преглед (автобуска несреќа Ласкарци), жално за погинатите да изгорат така, тешка трагедија, сочуство за починатите!
 
Кои се тие гореспомнати?
Или - каде се гореспомнати, за да видам?
Автоматски споено мислење:

Зоран Иванов како релативизира моментално на Канал5, алал да му е.

Секаде, стално имало несреќи, еве сега у Србија имало скоро нешто и тн....
Зоран Иванов е школски пример за апологет, со него да изгледам емисија три дена ќе ми се лоши.
Автоматски споено мислење:

Кои се тие гореспомнати?
Или - каде се гореспомнати, за да видам?
Автоматски споено мислење:

Зоран Иванов како релативизира моментално на Канал5, алал да му е.

Секаде, стално имало несреќи, еве сега у Србија имало скоро нешто и тн....
Зоран Иванов е школски пример за апологет, со него да изгледам емисија три дена ќе ми се лоши.
 
Срцето ми плаче. Крвта ми смрзна кога сутринава слушнах по ТВ. Да почиват во мир невинните жертви. Горкичките, милите. Соболезнованиjа на близките им. Огромна трагедиа.
 
Греота цели фамилии. За 100 евра трагедија. Да носиш нафта од Турција, а претходно за патување ти имаат платено 52 патници.

Местото иако изгледа прегледно ипак е доста збунувачко со таа трета лента наменета за одмор и возачот банкината касно ја има забележано.


Ме интересира што може да предизвика ваква експлозија напред кај автобусот кога се знае дека моторот е позади, ако не се лажам. Освен она инфо дека напред чувал нафта шоферот, што друго би можело да ја предизвика оваа екслозија. Претпоставката е дека со гребењето на банкината имало искри што предизвикале пожар, евентуално гумата да експлодира ама до овој степен?
Парното.
Нафатата не се пали и не предизвикува експлозија веднаш, туку кога ќе постигне температура или ако дојде во допир со грејно тело во случајот овде се пишува за парното.
После тоа внатре за секунда ќе изгори се посебно синтилонот.
 
Ај лбавете со нафтата! За да есплодира сад со нафта треба време и јак извор на топлина! Дури и да горело нешто до неа, прво ќе се запалела па после извесно време ќе експлодира, ако има доволно висока температура и воздух до неа. Ова се случило многу побрзо од тој процес.
 
Компанијава Беса, имала 4 кривични пријави за непочитување на ковид-протоколите во 2021. Делата се третирале за кривични затоа што во екот на пандемијата се барало строго почитување на протоколите против Ковид-19, но во автобусите секогаш била затекнувана прекубројност на патници над она што било дозволено, односно пропишано во моментот.

Во време на мерки на пандемија, во автобус имаш 50 и кусур патници, дистанца и сл, непознат поим.

Тоа се тие двојни стандарди. Доколку компанијата имала 4 кривични пријави, како било дозволено да продолжи да превезува патници. Зошто на излез од државава не се контролира колку патници имаш во автобусот. Дали се запазуваат мерките за заштита?
Се додека не се почитуваат правилата од страна на сите, се дотогаш ќе ни горат живи луѓе и по болници, и по автобуси и ќе гледаме вакви трагедии.
имаше доста промени околу бројот на патници, а и правилата не беа исти за секоја држава... знам дека на 1,07 владата пак дозволи 100% патници, па по некое време пак намалија, барем за патувањата во Грција... за МНЕ, АЛБ, па и Турција веројатно други проценти беа, а баш ме интересира за Блгарија колку беше прописот...
 
Кој имал работа со нафташ, знае колку е тешко да ја запалиш нафтата. Нафтата не е бензин, па само со искра да се запали.

Не е дека не е можно, ама ми личи на нешто многу запаливо или експлозивно.
 
Ако овој автобус немал лиценца за меѓународен транспорт, факт што го потврди и Министерството за транспорт, се наметнува следното прашање: Како овој автобус поминал граница?
 
Дизелот се запалува многу тешко, посебна компресија е потребна, висок притисок и распрскување на флуидот на ситни честици.

Мислам дека на денешниов ден е многу несоодветно и невкусно да се хејта. На сите ни е преку глава дојдено, разбирам, ама се работи за огромна цифра жртви и нивни "утепани" роднини и пријатели.
Очигледно е дека повторно се работи за импровизирање живот, замишљање држава, глумење поредок и сл.
Обично првиот ден кога се случуваат лошите настани, хејтаме, пцуеме, колнеме....и после ден, два, ни подметнуваат дека некој кабел е крив, во случајов веројатно тоа ќе биде кантата со нафта.
Сталин своевремено рекол: проблемите имаат име и презиме....
Да не потпалувам дополнително, лесна им земја на жртвите и да не дозволиме да ни се повторуваат овие ужаси.
 
Еден од преживеаните кој бил на задниот дел од автобусот, сведочи дека во моментот на несреќата не спиел, додека останатите спиеле, по негово кажување веројатно заспал и шоферот. При самиот удар пукнала гумата и одма во сударот избувнал пожар, на предниот дел од автобусот имало пожар а во остатокот чад, почнала поника, детски плач, не можеле да скршат стакло ни со нога, он користел чекан за таа намена, скокнал од автобус, скокнале и другите преживеани, межу кои и неговата вереница која ја скршила ногата. Оганот многу брзо го зафатил целиот автобус.
Надвор на автопат видел оган во права линија од местото на сударот до местото на застанување, веројатно од гориво.

Сочуство, нека почиваат во Рај.
 
Ако овој автобус немал лиценца за меѓународен транспорт, факт што го потврди и Министерството за транспорт, се наметнува следното прашање: Како овој автобус поминал граница?
ако имал Лиценца ќе одел преку Грција. што к*р би барал преку блгарските планини...а мислам дека и Блгарија има ист ковид протокол за влез како Грција ???
 
Еден од преживеаните кој бил на задниот дел од автобусот, сведочи дека во моментот на несреќата не спиел, додека останатите спиеле, по негово кажување веројатно заспал и шоферот. При самиот удар пукнала гумата и одма во сударот избувнал пожар, на предниот дел од автобусот имало пожар а во остатокот чад, почнала поника, детски плач, не можеле да скршат стакло ни со нога, он користел чекан за таа намена, скокнал од автобус, скокнале и другите преживеани, межу кои и неговата вереница која ја скршила ногата. Оганот многу брзо го зафатил целиот автобус.
Надвор на автопат видел оган во права линија од местото на сударот до местото на застанување, веројатно од гориво.

Сочуство, нека почиваат во Рај.
А зашто шоферот не отворил врати, откажала електрониката или...?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom