Затоа што пишав што барам, непрекинато напојување.
Котелот додека работи, ако снема струја, упс-от ќе го рани и понатаму, нема да прекине целиот систем.
Агрегатот одиш рачно го палиш, за тоа време котелот веќе се изгаснал.
Откако ќе го вклучиш агрегатот тек тогаш ќе имаш струја, па ќе чекаш да издува гасови и да врти пумпата (final cleaning) па дури тогаш ќе можеш повторно да го палиш котелот.
Исто е и со инвертерите, рачно мораш да префрлиш на инвертер.
Овие бугарскиве читам по коментари дека се специјално за таа намена, целосно да храни и одржува цел систем на котел на пелети.
Има и клипче каде продолжува да работи котелот кога ќе го исклучиш УПС-от од струја.
Начин на работа на синусоидален ups BU600 с пелетна камина.
www.youtube.com
Немаат клип кој покажува како палат котел поврзан само на упс, кога не е поврзан со струја.
Чекам одговор, можеби и ова ќе е доволно.
https://bgups.com/newups/invertor-ups-bu600/ околу 300евра + 100еу е 100ah акумулатор = 400еу.
Се надевам некој од Македонија има вакво нешто да сподели какво е, дали е задоволен.
За тој NJOY Aira 600VA од фирмата велат дека е 450вати моќно, се што е над тоа, се гаси упс-от.
Ова е најверојатно доволно и сигурно за пумпата.
Штом само грејачот влече 300вати во старт тие 2мин(можно е 2-3 пати повеќе да повлече), мора појако да се зема за секој случај.