Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Мене не ми е јасно каква сигурност дава PCR тестот? - НИКАКВА

Еве денес ќе се тестирам, тестот ќе покаже негативен. Фино лепо ќе си го однесам на одговорното лице во институцијата и толку. Истиот ден подоцна ќе се заразам и следниот ден ќе одам на работа.

Или сценарио број 2.

Зошто Трајче како вакциниран со две дози, се смета за „побезбеден“ од мене невакцинирана, кога исто и Трајче може да се зарази и да го шири вирусот.
Зошто невакцинираните се ставаат во подредена положба кога и вакцинираните може да се заразат и да ја шират заразата.

+ Подолнително треба да се потпише согласност дека доброволно се прима вакцината. Значи треба свесно да се стави личен потпис на нешто што не е точно. Во таков случај НЕ се прима доброволно, туку затоа што некој е уценет со своето работно место. Што од една страна е притисок, а од друга страна има нешто што се вика мобинг.
 
Интересно. За ова се потпишува согласнот, за сезонскиот не се потпишува.

Зависи заради што се воведува задолжителна во здравство (99% задолжителна во државните), а незадолжителна во приватен сектор. Ако е заради оптовареност на здравствениот капацитет, истиот го оптоваруваат и другите дејности и многу повеќе. Ако е заради заштита на пациентите, нема да функционира затоа што и вакцинирани се заразуваат. Дури се поопасни од невакцинираните затоа што добар дел од нив го прележуваат (така велат властите) во поблага форма.

ПЦР е голема глупост не само затоа што може за тие 72 часа да се зарази него и затоа што треба да се плаќа 800 денари два пати неделно. Сто евра месечно само за еден вработен во фамилија. Филипче работи и пари зема од Авицена и Систина или за државата и од народот.

Меркиве се ти давам да јадеш ама ќе ти ја зашијам устата. Те тепам, не ти давам да плачеш.
 
Знам дека не е обавезно за приватни фирми и дека има само препорака од министерот
засега. Како на почетокот, прво за старите и ризични, потоа ај за помладите за на крај да експериментираат со бебиња.

Ми текнува на една слична ситуација од љубовниот живот на младите кога се кандисуваат.
 
Луѓево во администрација се воедно и гласачката машинерија на двете партии. Малце беше плакати што требаше да лепат, сега ќе треба и да се вакцинираат со сила :icon_lol:
 
Мене не ми е јасно каква сигурност дава PCR тестот? - НИКАКВА

Еве денес ќе се тестирам, тестот ќе покаже негативен. Фино лепо ќе си го однесам на одговорното лице во институцијата и толку. Истиот ден подоцна ќе се заразам и следниот ден ќе одам на работа.
Исто како што беа мерките за влез во државата (а ваљда и уште важат?). Невакцинирани што нема да приложат негативен тест при влезот треба да седат 7 дена во карантин. Како додатна опција беше да се тестираш после влез тука и ти се намалуваше карантинот на 5 дена. :D

Тестот направен во државата кај што си бил пред да се вратиш тука важи 72 часа. Сум се тестирал во среда сабајле, во петок се враќам назад. Среда и четврток вечер сум главел во дискотека со милион луѓе напикани како конзерви, бог знае дали и колку добро биле измиени чашите од кои сум пиел, сум се лапал со 3 девојки (хехе :cool:) од кои едната имала корона и се враќам во петок, го приложувам тестот од средата и слободен сум да ширам зараза. (или истово, само место тест стави сертификат за вакцинација на крај)

Од друга страна, стигам во петок, веднаш правам тест - негативен сум, ама треба да седам 5 дена во домашна изолација. Каде е логиката тука? Имало инкубација демек. Океј, еве во Грција сум, се тестирам во Солун, пола саат ми е до Гевгелија. Влегувам со тестот и пак сум слободен. Нема инкубација вака?

Глупости, не знам што барате логика, јас оддамна се откажав. Баш на 3ти септември се вратив од одмор и си седев 7 дена дома. Не дека и ова некој го проверува, те бараат на телефон само им викаш дека си дома и тоа е тоа. :D А баш се разболев после 2 дена и си направив тест за секој случај, ама од инат не им го носев во полиција да ми намалат 2 дена од "самоизолацијата".
 
Рибата смрди од главата :D

Позитивни работи се случуваат во САД, така да издржете ќе биди. Се повеќе луѓе се на наша страна, затоа што на многу вакцинирани со две дози му дојде преку пенис и не планират да се бустаат. За нив пандемијата е завршена.

Не ни можат ништо и кога сме цврсто малцинство од 30%, а не пак сега кога сме мнозинство од 55%.

И најбитно, Фајзер на 28 јули објави податок за 6 месечно следење на луѓето од Фаза 3. Вкупниот број на починати вакцинирани е 21, додека вкупниот број на починати во плацебо е 17.

Дури и со маргина на грешка, вакцинава убива ист број, колку што спасува од Корона.
 
Sto ste nervozni smirete se malce :D
Ич не сме нервозни, само се чудиме на глупавиве мерки, кои немаат блага врска со здравиот разум.

Според тебе нормално е некој што работи во лабараторија каде што испитуваат крв на пример (ликот нема допирна точка со пациенти, туку само ги обработува примероците), да МОРА да се вакцинира, а оној што работи во банка каде што денес ќе има контакт со 100 луѓе да не мора да се вакцинира? Не е тоа дискриминација? Не се граничи со лудило некој кој веќе има антитела и кој стекнал природен имунитет да биде обврзан да се вакцинира, само затоа што на некого му текнало да воведува правила од 45 дена, кои никаде во светов ги нема?

Според тебе е нормално да потпишеш согласност дека се согласуваш доброволно да примиш вакцина, а си буквално уценет со работно место?

Извини, ама според мене, не е нормално. За мене не е нормална поделбата на вакцинирани и невакцинирани, затоа што и едните и другите може да заболат и да го пренесуваат вирусот, и едните и другите можат да развијат и лесна и тешка клиничка слика, и едните и другите можат да бидат хоспитализирани, и на крај и едните и другите можат да умрат. Така да, одврти, заврти задникот ти е позади.
 
Mnogu raboti ne se normalni samata situacija ne e. Da ne navlezam mnogu vo poedinecni slucaevi tuku sto e problemot ne sme nikoj vo Avstrija ke vidime dali ke pomogne ili ne. Vo Israel vidovme mnogu raboti, kolku e efikasnosta, pa dali pomaga buster ili ne. Zdraviot razum vika imas primer nosi zaklucok. Ama golem del od lugjeto i drzavite ne rabotat so zdrav razum.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom