Ај вака, обратно ќе почнам.
Прво таа нуклеарка во Бугарија нема никад да ја има! Крај, гејм овер, финито!
Што им останало поклон од СССР нека си го служат додека тера. За друго нека не се надеваат! Нит ЕУ им дозволува, нит сами имаат пари да си ја платат! Штом толку скакаа еу-нато, цената е 7-8
миљарди $. Ѓавол и пол што ни може да го платат, ни па самото некад ќе се исплати. Завршена приказна што неписмени новинари ја буткаат незнам зошто со години?! Толку за тоа.
Второ доаѓаме до нас. Еве и да ја заборавиме (некоја)Лиле швалерка на заменик-министерот незнам кој, што треба утре да стиска копчиња заедно со Блерим синот на министерот од ДУИ
Го тргаме тој момент скроз настрана...
Еден реактор кошта 6 000 000 000 $ (со бројки за полесно да сфатиш), наспрема цел годишен буџет од 4.4 миљарди што го имаме!
Плати,пензии,лекарства,учебници,парно се се се заедно!!!
Освен ако не им тргне бизнисот со заевовачата, па станеме европска Колумбија... не гледам друг начин како би го платиле(?)!
Трето. Еве и да ни падне Боинг 747 полн со лова до крова. (Замислуваме)
Ние немаме ни место ни вода за таква чудесија! Еден VVER-1000 има потреба од 19000l/min! Каква Црна Река какви бакрачи?!