Бре, бре.
Што се не прочитав.
Пак истата песна ја пеете, џабе кога не го фаќате ритамот....
Еве како стојат работите:
2005 година.
Сериа А, најдобрата лига на светот. Најплатени фудбалери, најинтересна лига, највеќе дербиа, најголема посетеност, најголема гледаност. Јувентус правеше што правеше, Милан истотака. Интер ги береше трошките што ги оставаа Милан и Џуве. Но, имаше друга страна на приказната, постоеше Црвенкапа(Милан) и постоеше Волкот(Јувентус). Црвенкапа и Волкот си разменуваа крошни јаболка(скудета). Но тогаш дојде до кавга...
Црвенкапа праша: Зошто имаш толку големи очи?(глад за титули)
Волкот рече: за да можам подобро да гледам(пари, пари, пари)
Црвенкапа праша: А зошто имаш толку големи џебови?
Волкот и рече: За да можам да финансирам судии!
Црвенкапа испровоцирана му рече: А зошто имаш толку голема уста?(Зошто финансираш судии, нели се договоривме да си делиме кошниците јаболка).
И Волкот реплицира: За да можам да те јадам и тебе и јаболката!
И тогаш Црвенкапа се изнервира, ја викна баба му(Интер).
Бабата дојде го вклучи читот, го зеде калашот намери, и му сфирна еден хетхот на волкот.
Кантер-теротист вин.
:S
Да се вратиме во реалноста.
Беше што беше, помина. Јуве си ја отслужи казната, ваљда си ја научија лекцијата. Ова е вторпат да се дешава нешто вакво во италијанскиот фудбал. Еднаш Италија успеа да се опорави, но дали ќе може пак?
Од што да се опорави?
Епа со репрезентација актуелен светски првак, треба да ја брани тутулата. Да го брани тоа што го претставува. Не да се мачи со екипи од рангот на Литванија и да се плаши за пласман на Европско првенство. Светски шампион не дозволува да си одат играчи од своето првенство и светски шампион нема првенство слично на Македонското. Нема монопол во кој една екипа гази а другите се борат да не испаднат. Играчите си заминуваат, заминува квалитетот, заминуваат навивачите, заминуваат спонзорите, заминуваат парите, заминува фудбалот во Италија.
Кој е крив?
Кој ја иницијализираше црната дупка?
Кој го продаде знамето?
Размислете сами.