„Ние знаевме дека тие лажат, тие знаеја дека лажат, знаеја и дека ние знаеме дека лажат а ние знаевме дека тие знаат дека ние знаеме дека лажат. Па сепак, продолжија да лажат“.
Професорот Николај Петровски неодамна ја разви првата австралиска вакцина после 40 години. Во нормални околности, тој би се славел како симбол на австралиската аспирација да биде „нација на иновации.“ Наместо тоа, паузиран е на факултетот а му се заканува затвор ако стапне во неговиот кабинет.
Зошто? Затоа што одбива да биде имунизиран со една од одобрените вакцини во државата.
Иронија на најјако. Петровски е имунизиран со неговата вакцина пред повеќе од една година. Неодамна завршената трета фаза од клиничките тестирања покажаа дека таа е побезбедна од останатите вакцини одобрени од регулаторот ТГА. Таа инстанца неделава ги одобри и кинеската Синофарм и индиската Коваксин, но не ни сака да ја разгледа вакцината на Петровски додека не ја плати казната од 350.000 долари.
Петровски е сериозно име во светот на медицината. Професор е на медицинскиот институт Флиндерс, директор на одделот за ендокринологија, претседател на меѓународна Имуно асоцијација и е основач на Ваксин, австралиска биотехнолошка компанија која има бројни меѓународни награди и успешно има развиено вакцини против Сарс и Мерс, а меѓу инвеститорите е и Американскиот национален институт за здравје.
Тој се вакцинираше толку рано со својата вакцина за да демонстрира колку е уверен во нејзината безбедност. За контраст: Алберт Бурла, ЦЕО-то на Фајзер кои експериментално почнаа да вакцинираат луѓе на 23 април 2020 година, се немаше лично вакцинирано сè до 21 март, следната, 2021 година.