Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Реално за wheel-to-wheel racing ја немам видено пофер шофер од Кими. Секогаш остава место и на прсти му се бројат инцидентите со други возачи, кои се од небрежност без намера иницира инцидент, во споредба со други возачи.Стварно само Кими е поштен шампион, барем во помодерно време
Порано кога Формула 1 бил стварно гладиаторски спорт каде што гинеле секоја година во просек по неколку тркачи имало меѓусебна почит поради тоа што знаеле дека животот им е во опасност. Мислам од почеток до 70-тите - половина на 80-тите.
Овде само Мерцедес тепа... Се ти е правец со големи брзини.
Отприлика вака би изгледала Џеда, СА.


Осумдесетти и тој период некако Ок беа трките, имаше глупости, ама не многу. Циркусот почна кога ги воведоа турбомоторите, маме им ебаа на овие ненормалните(возачите мислам, нема нормален човек кој во лушпа со иљаду коња ќе дига 300+ на саат). Кога ФИА свати со кој си има работа почнаа ограничувањата. Покасно Ферари тоа го искористи да ги диктира тие ограничувања во нивна полза, затоа ретко сум навивал за нив. Има еден период од Лауда, преку Прост па Дејмон Хил кога трките беа уживање. Особено Белгија(по дожд). Кога дојде Шуми се’ се пртвори во гола прерачунатост и користење на позицијата која ја имаше тимот. Од тогаш не сум гледал Ф1 со внимание.Реално за wheel-to-wheel racing ја немам видено пофер шофер од Кими. Секогаш остава место и на прсти му се бројат инцидентите со други возачи, кои се од небрежност без намера иницира инцидент, во споредба со други возачи.
Убаво викаш, до 80-тите гинеле ко пилци. После се ми се чини дека добиваат некаква сигурност со новите побезбедни болиди и има поагресивно возење.
Она што го викаме divebomb денес е класичен Сена потег - завземи внатрешна линија, кочи касно и прати му порака на тој до тебе "или ќе оставиш да те избуткам, или ќе си удриме, бирај".
Штравчето ми се разлабавило.Ајде аирлија нови шпекулации.