Современиот Сатанизам, реалност или мит?

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.479
Многу пати сум нагласил, ќе повторам пак, тоа што вас вистината ве навредува е ваш проблем, не е мој. Не може да биде навреда факт, само затоа што некому не му се допаѓа. Ти најде за аргументи да зборуваш?! Зошто не ми одговори како може самодекларирањето кај сатнистите да биде доказ дека станува збор за сатанизам, ама не е доказ кога станува збор за христијанство? Ако самодекларирањето е доказ, зошто мора да биде една православна црква признаена од други православни цркви? Нели ако се декларираш како сатанист, православен, муслиман или што и да е, тоа е доказот? Двојни стандарди колку сакаш, ама јас сум бил тој што ги исцрпил можностите за аргументација?! Не да сте манипулатори, треба поим нов за манипулација да се измисли за вас!
Автоматски споено мислење:

Јас сум Телемит, иницијант во ОТО, принципите и начелата на Сатанистичката црква на Лавеј се во голема мера инспирирани од Алистер Кроули и Телемата. Пред да станам Телемит, се декларирав како сатанист, но Телемата нуди далеку по спиритуален и метафизички потенцијал. Сатанизмот на Лавеј е во основа антитеизам, пркос кон монотеистичките религии, нивното лицемерие, демонозирање на природните нагони и особини кај луѓето, величење на декадентни особини како што се покорноста, бедноста, пасивноста, слепата верба наместо преиспитувањето. До тука сум ок со него, но во делот на дуовноста - спиритуалноста, Сатанизмот во суштина е атеизам и тоа беше пресудно да станам иницијант.
Лично не ме мрзи да повторам, а тоа е дека ниту аргументите ниту фактите се на твоја страна. Вистината?
Како што напиша Берик, основниот услов за да некој биде Христијанин е да го прифати Исуса Христа како свој спасител. Тие што го направиле тоа, се Христијани.

Од друга страна немаме ништо налик на универзална дефиниција за тоа кој е сатанист, при што ни останува самодекларацијата на возрасни и полнолетни лица како сатанисти. Да земеме РМ и Балкан општо, нема никаде официјализирани сатански организации. Тоа значи дека останува, ќе повторам, самодекларирањето.

И покрај обидите за навреди, го ценам тоа што искрено одговори на прашањето, навистина штета што не сте сатанист повеќе бидејќи дебата со поклоник на Сатаната ќе беше ново искуство (знаев еден лик кој отиде во Харе Кришна ама тоа е друго).
Од друга стана е чудно зошто сте барале духовност во сатанизмот воопшто.
Ја разбирам потребата на луѓето да трагаат по духовност па према тоа и вашето пристапување кон телемитскиот ред.

Другиот муабет, пак да повторам, може да се прави на соодветна тема за Христијанство.
Ако мислиш на репресивниот сексуален морал, истиот има спасено буквално милијарди жени од смрт.
Имало и тоа како добра причина да постои. Но како што реков, друга тема е тоа не знам зошто цело време одите оф-топик кога има мноштво соодветни теми?

Во меѓувреме, пред некој месец британски сатанист ги заклал своите две полусестри откако добил наредба за тоа од демони кои му соопштиле дека ѓаволот бара ритуал во кој ќе бидат жртвувани сестрите во негово име.

Интересно е што меѓу најчестите ритуали кај сатанистите е т.н. Црна Миса која е некаква пародија демек на Католичката Христијанска Миса.

Бизарен настан и во Австралија. Мајка платила 2500 долари однапред (од вкупно 5К) на некаква си she wolf (?!) жена која се бавела со окултното со цел да изврши егзорцизам врз сопствената ќерка.
За несреќа, истерувањето на демони кулминирало со стравично убиство каде ќерката ја обезглавила мајка си.

Последно уредено:
Член од
21 јуни 2021
Мислења
1.397
Поени од реакции
3.823
До тука сум ок со него, но во делот на дуовноста - спиритуалноста, Сатанизмот во суштина е атеизам и тоа беше пресудно да станам иницијант.
Колку што те имам сфатено по мислењата на форумов ти си пантеист така?
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Што мислите за слугите сатанини во денешно време?
Каква улога игра нечестивиот, во современиот свет?
Исто како и низ историјата, само во различна можеби форма..., се инаетат, го спинуваат Христијанството со незнаење, немаат свое јас, некреативни, се маскираат со нови имиња, философии, пантеистички, безлични, неразумно опозитираат на доброто, креативното заради безидејност, мрзливост..., бидејќи нивниот водач Сатаната во принцип се преобразил во некреативен опозит, копир на Постоечкото, Доброто..., едноставно нема корен автентичност во злото, се' што прави он и неговите следбеници во суштина се такви, горделиви, неавтентични, гневни, се лутат детски, неразумно на се што е Божјо...
На ова се базира и неговата улога, сакајќи да ја "протне" сопствената идеја Сатаната само го постигнува спротивното, т.е ја афирмира Божјата Љубов и Слободата.
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.479
Неодамнешен настан во Аргентина кој допира до дилемата за природата на злото.

‘Devil-worshippers’ carve out man’s heart and hack off head ‘while he’s still alive’ for ‘Satanic ritual’ in Argentina (thesun.co.uk)

Prosecutor Eduardo Lago told La Capital: “Never in my 15 years as a prosecutor have I had to investigate such an abhorrent crime committed with so much hate and cruelty.
“This is evil in its purest state, it is not insanity, it is a conscious decision for evil.”
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Лично не ме мрзи да повторам, а тоа е дека ниту аргументите ниту фактите се на твоја страна. Вистината?
Како што напиша Берик, основниот услов за да некој биде Христијанин е да го прифати Исуса Христа како свој спасител. Тие што го направиле тоа, се Христијани.

Од друга страна немаме ништо налик на универзална дефиниција за тоа кој е сатанист, при што ни останува самодекларацијата на возрасни и полнолетни лица како сатанисти. Да земеме РМ и Балкан општо, нема никаде официјализирани сатански организации. Тоа значи дека останува, ќе повторам, самодекларирањето.
Ако христијанството имало универзална дефиниција или начин за востановување кој е христијанин, наспроти сатанизмот кој немал, зошто има илјадници деноминации што не се признаваат меѓу себе? Сите тврдат дека го прифатиле Исус. Ти и аргументи, магаре и музика.... Зошто ги игнорираш работите што не ти одговараат? Зошто мора да биде една православна црква признаена од другите? Сите тврдат дека го прифатиле Исус.
Двојни стандарди колку сакаш, заедно со упорното повторување на случаи од психопати што се декларирале како сатанисти.
Интересно е зошто никогаш не си проверил на пример колку декларирани христијани извршиле убиство, силување, биле причина за семејно насилство и слично. Биди сигурен дека жртвите се илјадници пати побројни, но нив ги нема како ударна вест, бидејќи не се бомбастични и ексклузивни за да привлечат внимание.
Автоматски споено мислење:

Колку што те имам сфатено по мислењата на форумов ти си пантеист така?
Точно.
 
Последно уредено:

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.834
Поени од реакции
20.281
Јас имав братучед дел таа секта Црна Ружа, се обеси на врата, ова е во рани 90ти, со саат до него и писмо, 17 годишен.

Тука за сстанисти имам слушнато, гарантираат abortion rights, ако си членка, под тоа дека е религиска определба, повеќе не знам, знаејќи ја разликоста на општеството тука, сигурно си имаат и храм со ритуали, е сега колку дарк се, треба да прочепкам па ќе пишам.
 
Член од
18 септември 2021
Мислења
33
Поени од реакции
39
Затоа што гледам дека се глорификува сатанизмот и дека не може секоја будала да се нарече сатанист ќе ве замолам за мене а и за остантите неупатени на форумов да одговорите што е сатанизам у кратки црти, противник на библиското учење? Кој може да се нарече сатанист? Дали сатанистот се поклонува преку ритуали на сатаната?
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Неодамнешен настан во Аргентина кој допира до дилемата за природата на злото.
Во Христијанството нема дилема за природата на злото, бидејќи злото е без онтологија и нема природа. Тоа е акт на слободната волја на битието(што се гледа и во примеров како „свесна одлука“), кое има Божја зададена потенција да се спротистави на својот Создател, доклку сака, и тоа Сатанаил со неговите следбеници историски го сведочи...
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.479
Во Христијанството нема дилема за природата на злото, бидејќи злото е без онтологија и нема природа. Тоа е акт на слободната волја на битието(што се гледа и во примеров како „свесна одлука“), кое има Божја зададена потенција да се спротистави на својот Создател, доклку сака, и тоа Сатанаил со неговите следбеници историски го сведочи...
Бидувајќи теолошки неписмен не би можел да се впуштам во дискусија за злото гледано од религиска гледна точка, но како лаик со прилично големо животно искуство во разни општества би прашал каков би бил световниот одговор на прашањето околу злото.
Обично се смета дека злото (како и доброто) биле само концепти, конструкции на човековиот ум и дека не постоеле како засебни ентитети подложни на природните закони.
Од она што сум читал, слушал, гледал и сведочел, и тоа како постои зло како засебен ентитет. Но бидувајќи верник не знам како тоа да го објаснам на луѓе во реалноста.
Како во случајот во Аргентина (или Драчево) каде имаме лице кое не патело од никакви психички пореметувања но сепак, со предумисла и планирање извршува стравотен злочин во име на сатаната.
Автоматски споено мислење:

Ако христијанството имало универзална дефиниција или начин за востановување кој е христијанин, наспроти сатанизмот кој немал, зошто има илјадници деноминации што не се признаваат меѓу себе? Сите тврдат дека го прифатиле Исус. Ти и аргументи, магаре и музика.... Зошто ги игнорираш работите што не ти одговараат? Зошто мора да биде една православна црква признаена од другите? Сите тврдат дека го прифатиле Исус.
Двојни стандарди колку сакаш, заедно со упорното повторување на случаи од психопати што се декларирале како сатанисти.
Интересно е зошто никогаш не си проверил на пример колку декларирани христијани извршиле убиство, силување, биле причина за семејно насилство и слично. Биди сигурен дека жртвите се илјадници пати побројни, но нив ги нема како ударна вест, бидејќи не се бомбастични и ексклузивни за да привлечат внимание.
Автоматски споено мислење:

Точно.
Не би рекол дека сите тврдат дека го прифатиле Исуса како свој личен Спасител, дури би рекол дека таквите се само мањина.
Јас те прашав да докажеш дека навистина има Христијани кои извршиле злочини во име на Христа или Бога во последниве 10 години, линк или наслов, било што. Но доказ не прочитавме. Па ако знаеш за такво нешто, слободно постирај.
Илјадници пати побројни? Ништо јас не игнорирам, сум барал и не сум нашол ништо, можеби ти ќе бидеш поуспешен во тоа.
Можеби во Русија имаме 21000 жртви од страна на Христијани во споредба со 21 на Самсонова (нели илјада пати повеќе како што спомена) па од тие 21К би било добро да постираш неколку, да се увериме.
Но, ти знаеш дека не е така инаку досега ќе ставеше линкови.
Да видиме и да споредиме!

Проблемите кај Христијанската религија односно институционализираната форма на Христијанството захтеваат друга тема, навистина не можеме тука да расправаме за тоа. Во право си дека постојат многу предизвици но за тоа треба или нова тема скроз или некоја веќе постоечка во тој правец.
Сериозно на тема за современ сатанизам да расправаме за разликите помеѓу католицизмот и протестантизмот? Well, No.

За разликата помеѓу дело направено од страна на припадник, и дело направено од страна на припадник поради својата припадност веќе е објаснето на еден пост од Берик од другата тема. Едноставно е.

Мухамеданец кој убил роџак поради долгови е само убица. Мухамеданец кој убил шиитски припадник или Христијан или чак и Атеист поради тоа што ги смета за кафири е убица поради припадноста кон исламот. Првиот е meh, вториот е опасност.
Автоматски споено мислење:

Јас имав братучед дел таа секта Црна Ружа, се обеси на врата, ова е во рани 90ти, со саат до него и писмо, 17 годишен.

Тука за сстанисти имам слушнато, гарантираат abortion rights, ако си членка, под тоа дека е религиска определба, повеќе не знам, знаејќи ја разликоста на општеството тука, сигурно си имаат и храм со ритуали, е сега колку дарк се, треба да прочепкам па ќе пишам.
Жалам што вашиот братучед завршил трагично од своја рака. Таквите постапки оставаат опашки кои се влечат низ семејствата поврзани со личноста која тоа го сторила = засекогаш.

Сериозно постоела таква секта? Колку што знаев нејзиното постоење беше само урбан мит па често некакви самоубиства се порзуваа со делувањето на сектата.
Ако немаш против, напиши нешто повеќе за таа секта, ако имаш некакво инфо или она што си слушнала поврзано со неа. Некаде прочитав дека наводно постоела до ден денес, не знам колку е тоа точно.
Автоматски споено мислење:

Во меѓувреме да продолжиме со летописот на злочини извршени во име на Сатаната.

Да не го барам линкот од другата тема, неодамнешното гнасно сквернавење на црква и ритуалното убиство на бремена жена придружено од масакрот над шест деца доволно зборува за природата на современиот сатанизам.
Осумте жртви (шест деца, една жена и неродено дете) се веројатно само дел од црниот биланс.

Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не би рекол дека сите тврдат дека го прифатиле Исуса како свој личен Спасител, дури би рекол дека таквите се само мањина.
Јас те прашав да докажеш дека навистина има Христијани кои извршиле злочини во име на Христа или Бога во последниве 10 години, линк или наслов, било што. Но доказ не прочитавме. Па ако знаеш за такво нешто, слободно постирај.
Илјадници пати побројни? Ништо јас не игнорирам, сум барал и не сум нашол ништо, можеби ти ќе бидеш поуспешен во тоа.
Можеби во Русија имаме 21000 жртви од страна на Христијани во споредба со 21 на Самсонова (нели илјада пати повеќе како што спомена) па од тие 21К би било добро да постираш неколку, да се увериме.
Но, ти знаеш дека не е така инаку досега ќе ставеше линкови.
Да видиме и да споредиме!

Проблемите кај Христијанската религија односно институционализираната форма на Христијанството захтеваат друга тема, навистина не можеме тука да расправаме за тоа. Во право си дека постојат многу предизвици но за тоа треба или нова тема скроз или некоја веќе постоечка во тој правец.
Сериозно на тема за современ сатанизам да расправаме за разликите помеѓу католицизмот и протестантизмот? Well, No.

За разликата помеѓу дело направено од страна на припадник, и дело направено од страна на припадник поради својата припадност веќе е објаснето на еден пост од Берик од другата тема. Едноставно е.

Мухамеданец кој убил роџак поради долгови е само убица. Мухамеданец кој убил шиитски припадник или Христијан или чак и Атеист поради тоа што ги смета за кафири е убица поради припадноста кон исламот. Првиот е meh, вториот е опасност.
Немало докази?! Озбилен си? Стотици илјади случаи на педофилија и злоставување деца, признаени од христијански свештеници на пример за тебе не се доказ? Семејни насилства, силувања и слично кои се индиректна последица од тоа како жената е прикажана во христијанството исто така не се доказ за тебе! Штом нема портал или медиум помпазно и ексклузивно да објави некоја грозоморност, значи нема доказ :tapp:
Провидни сте, тоа ќе ви кажам само. Ова ви се грчеви, очајни во обид преку предизвикување страв, да ја вратите популарноста на вашата ррлигија, ама џабе ви е! Современиот сатанизам не е масакрирање и жртвување луѓе, современиот сатанизам е разобличување на религиското лицемерие. Психопатите што одвреме навреме ќе се појават со некоја грозоморност, се само другата страна од ,,паричката" наречена христијанство, бидејќи таа иконографија и концепт за злото и сатаната се христијански, современиот сатанизам нема натприродни суштества кои се олицетворение на злото, туку за нив сатаната е симбол на земното, за не негирање на природните нагони и особини кај луѓето. Обидот да се прикаже како нешто друго е само подла манипулација и дволичност, со цел заведување и заплашување на лекоумните.
 
Повремените и крајно негативни случаи на педофилија кај католички свештеници не се дела извршени во име на Верата туку нуспродукт на целибатот во рамките на свештенството на Римокатоличката црква. Како такви се предмет на осуда и срам за современото Христијанство, тука нема и не смее да има дилеми.
Некој извршил семејно насилство поради тоа што е Христијанин? Дали си сериозен со ова?
Како е тоа жената прикажана во христијанството, појасни го тоа?

Дај да видиме докази, имајќи предвид денешниот анти-религиски цајтгајт не би било особено тешко да се најде линк за настан каде Христијани убиле во име на Христа, како што имаме многу случаи на сатанисти, мухамеданци, хиндуисти, сики и будисти кои убиваат ден денес во име на својата припадност.

Современиот сатанизам, со исклучоците кои ги наведовме е јасен и гласен преку делата на неговите припадници! Задоволување на ѓаволот преку жртвување на бремена жена пример. Современите сатанисти неретко се агенти на Злото. Иако се обидуваш таквите случаи да ги прикажеш како дела на психопати надвор од нивната сатанска припадност, тоа не е случај, колку и да делува сето тоа како одлика на психопатија. Случајот погоре постиран прилично добро го опишува сето тоа.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.028
Поени од реакции
83.464
Сатанизмот навистина по глава на починител го надминува радикалниот Ислам во злосторства, што е грозоморно достигнување, само по себе.

Злото постои како ентитет надвор од главите на луѓето (и внатре, секако), колку и некој да не верува.

Ипсисимус и Хептаграм ќе продолжат да се праат наудрени, слично на муслиманите во соодветните теми.
 
Член од
18 септември 2021
Мислења
33
Поени од реакции
39
Црна ружа не е мит, кај мене у маало исто така се самоуби еден дечко кога јас бев дете у 90-ти, 96/7ма мислам, многу добро се сеќавам како одекна таа вест дека оставил некое писмо се испостави дека бил во црна ружа и они му заповедале да се убие.

Еден период имаше многу документарци на оваа тема, сеќавам на еден во кој сведочеше еден бивши член на сатанистичка секта во Србија и раскажуваше како изгледа еден ритуал и како едвај се извлекол од таа секта, на почетокот биле многу љубезни додека тој бил асоцијален тинејџер па во нив нашол припадност и разбирање а преку некој форум ги запознал, правеле ритуали во изнајмен стан, имало црн маг кој бил во средина а во круг биле 15тина души со маски, изговарале сатанистички молитви, црниот маг жртвувал кокошки и ја пиеле крвта, правеле оргии а црниот маг одредувал кој со кого ќе има секс, по некое време му заповедале да го убие братучед му со некоја прича дека тоа е добро за него но не успеале да го убедат па почнале да му се закануваат дека ќе го убијат него ако не го изврши убиството и он бил принуден да се исели на некое време и тоа го спасило инаку он не знаел како изгледаат затоа што секогаш кога одел во станот сите биле со маски кажуваше дека на влезот во станот постара жена ги пречекува и им дели маски, реално многу језиво а сигурен сум дека ова се уште постои и кај нас и во регионот.
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.479
Сатанизмот навистина по глава на починител го надминува радикалниот Ислам во злосторства, што е грозоморно достигнување, само по себе.

Злото постои како ентитет надвор од главите на луѓето (и внатре, секако), колку и некој да не верува.

Ипсисимус и Хептаграм ќе продолжат да се праат наудрени, слично на муслиманите во соодветните теми.
Нејасно е зошто инсистираат на негативни појави кај христијанството, најчесто во некое си дамнешно време со цел да се релативизираат злочините на денешниве и тоа како активни сатанисти. Не сум сретнал досега ИРЛ вакви особи, а и во виртуела ова не го очекував. Разбирам све, ајде екс-сатанисти и сето тоа, но барем еден едини збор за осуда на злочините, нешто од нешто.

Дали постојат физички инкарнации на Злото, кое е твоето мислење? Со тек на годиниве некако сум се повеќе убеден дека постојат такви поединци но не можам да разберам како тоа зло постанало нивна суштина.

Црна ружа не е мит, кај мене у маало исто така се самоуби еден дечко кога јас бев дете у 90-ти, 96/7ма мислам, многу добро се сеќавам како одекна таа вест дека оставил некое писмо се испостави дека бил во црна ружа и они му заповедале да се убие.

Еден период имаше многу документарци на оваа тема, сеќавам на еден во кој сведочеше еден бивши член на сатанистичка секта во Србија и раскажуваше како изгледа еден ритуал и како едвај се извлекол од таа секта, на почетокот биле многу љубезни додека тој бил асоцијален тинејџер па во нив нашол припадност и разбирање а преку некој форум ги запознал, правеле ритуали во изнајмен стан, имало црн маг кој бил во средина а во круг биле 15тина души со маски, изговарале сатанистички молитви, црниот маг жртвувал кокошки и ја пиеле крвта, правеле оргии а црниот маг одредувал кој со кого ќе има секс, по некое време му заповедале да го убие братучед му со некоја прича дека тоа е добро за него но не успеале да го убедат па почнале да му се закануваат дека ќе го убијат него ако не го изврши убиството и он бил принуден да се исели на некое време и тоа го спасило инаку он не знаел како изгледаат затоа што секогаш кога одел во станот сите биле со маски кажуваше дека на влезот во станот постара жена ги пречекува и им дели маски, реално многу језиво а сигурен сум дека ова се уште постои и кај нас и во регионот.
Сега гуглав нешто на англиски, има некаков анархиски симбол, референци на популарната култура и некакви фирми за накит но ништо во врска со секта. На "југословенски" веднаш на прва страна има за таа сектата па сега читам околу тоа, не очекував дека ќе има толку материјал.
Но сектите си имаат своја динамика, од харизматични лидери до припадници спремни да сторат све во име на припадноста, не можам да најдам имиња поврзани со сектата, обично се информации од втора-трета рака што ме наведува на скептичност (иако не може да се исклучи вистинско постоење на таква организација).
Друго, малку банално прашање е како одржуваат членство ако ги тераат членовите да се самоубијат???
 
Kajgana Shop

На врв Bottom